За точното време на градење, како и за имињата на луѓето кои ја подигнале црквата Св. Димитрија во Варош, науката не располага со точни податоци.
На педесетина метри источно од стариот охридски чинар се наоѓа оваа црква која била изградена уште во XIVвек како мала капела, но во XIX век е поправена и проширена. На источната страна -- однадвор, на еден блок камен, означена е годината 1832.
До денес не се откриени пишувани податоци за нејзиното подигање и живописување, но според изведбата на градењето и анализа на живописот оваа црква припаѓа на малите еднокорабни охридски цркви, со помали димензии, од времето на XIV век.
Црквата Св. Богородица Пречиста во прилепскиот Варош, според еден извор, била подигната во 1416 или 1438, значи во XV век, од страна на Павле и Радослав, синови на Теодор.
На источниот брег од Охридското Езеро, во непосредна близина на рибарското село Трпејца, се наоѓа манастирската црква Света Богородица - Заум.
На југозападните падини на планината Скопска Црна Гора, на околу 700 метри надморска височина, во близина на селото Кучевиште, во долината на Кучевишка река лежи манастирската црква посветена на светите Архангели Михаил и Гаврил.
На просторот каде, според одредени научни претпоставки, некогаш постоела населбата Козјак, на десетина километри североисточно од градот Штип, во месноста Горни Козјак и во близина на археолошкиот локалитет Баргала, подигната е средновековната црква Св. Ѓорѓи.
Недалеку од водочката црква, на една височинка над селото Вељуса кај Струмица се наоѓа старата црква со манастирски конаци, Света Богородица Елеуса.
Станува збор за црква со архитектонска концепција ротонда, многу ретка на нашава територија. Таа била откриена од страна на селаните кои ја откопале во 1919 година.
Единствен начин да се стаса до Полошкиот манастир е со чамец да се премине преку вештачкото Тиквешко езеро.
Македонец по потекло. Како роб бил купен од некој богат човек Теогност во Цариград за време на царот Лав Мудриот, син на царот Василиј Македонецот.
“Синдон” е името на кошулата која во средновековието низ Македонија обврзително ја носеле доилките, зашто како што верувале ги вардела од уроци и лоши магии. Тоа била посебно изработена кошула од многу тенко платно и се носела под останата облека.
Набивањето на колец е најстрашната казна која Османлиите ја применувале обично кон ајдуците, востаници или разбојници.
Мастифот е борбено куче со најнепробојна кожа, но денес малку се знае дека Англичаните малку претерале кога си го регистрираа како свое автохтоно куче.
Наумакија (од наус=брод и махи=битка) е вештачка битка на вода со вистинска или симултана употреба на оружја познати уште во XII век п.н.е во стариот Египет што се огледа од прикази на гробница во Ал Гиси.