Тој со пресудата е испратен на робија во Подрум Кале, Мала Азија. Во 1903 год. го опфаќа амнестијата па е ослободен, нешто пред Смилевскиот конгрес
10.VIII.1903 год. – на Церско поле Демирхисарско, неколку дена пред падот на Крушевската република, падна во заседа македонскиот војвода Јордан Пиперката.
10.VIII.1913 год. – е потпишан Букурешкиот мировен договор со кој заврши и официјално Втората Балканска војна , која пак ја започна на 30 јуни 1913 год. Бугарија со алчноста и да приграби што поголем дел од Македонија.
10.VIII.1993 год. – почина Димитар Кондовски, Академик и врвна фигура на македонската сликарска уметност.
10.VIII.2001 год. – во близина на Скопското село Љубанци кај Љуботенски бачила, загинаа 8-мина припадници на АРМ на подмолоен и кукавички начин со нивното моторно возило кое нагазува на мина. Загинаа – Маријанчо Бошковски, Раде Јанковски, Бранко Јанев, Томислав Настески, Ивица Златевски, Томе Бадаревски, Гоце Чанкуловски и Томе Димовски.
14.VIII.1900 год. – во селото Герман, Леринско, роден е Богоја Фотев, првоборец и учесник на Првото заседание на АСНОМ. Умре 1993 год.
14.VIII.1909 год. – во Солун е извршен вториот неуспешен атентат врз македонскиот револуционер и најбрилијантниот герилец, Пиринскиот цар Јане Сандански. При овој обид настрадаа неговите телохранители а и тој беше ранет од ѕверските раце на Врховистичката врхушка која дури и извести првично го извести дворот во Софија дека конечно е готово со Сандански, но се разбира – малку се пресметале, зашто Јане преживеа и им возврати на врховистите.
14.VIII.1919 год. – во Скопје е роден Раде Јовчевски-Корчагин, народен херој на Македонија, непомирлив борец против бугарската окупација и организатор на македонската борба за слобода. Токму во еден судир со Бугарските агенти и полицијата на улиците на Скопје, загина на 20 февруари 1943 год.
17.VIII.986 год. – Василиј II Византискиот цар претрпе пораз во борбата со Самоил кај Ихтиманскиот премин ( Тројановата врата).
17.VIII.1902 год. – роден е Методија Андонов- Ченто , македонски револуционер и државник, Прв Претседател на Президиумот на АСНОМ и Претседател на Иницијативниот одбор за свикување на Првото заседание на АСНОМ.
20.VIII.1992 год. – пред зградата на Собранието на Р. Македонија, почна да се вее новото македонско знаме – 16-кракото златно сонце на црвена основа.
29.VIII.1996 год. – ден по големиот празник Успение на Св. Богородица ,во црквата Св.Богородица - Беровско, одненадеж почнаа да удират громови по толпата од 10 000 – 15 000 луѓе.
9 лица настрадаа а 40 со потешки и полесни повреди и со различен степен опекотини. Народот за првпат ја прекрши традиција и не славеше кога навистина требаше предходниот ден – петок 28.08., што и се зема како причина за лутбата Господова за непочитта кон мајка му – Св.Богородица. Особено затоа што тоа се направи со лукавство, се смени денот заради полни стомаци кои само ако не се слави во посниот петок можеа да бидат такви.
31.VIII.1944 год. – Албанските балистички орди го нападнаа селото Блаце, Тетовско. Со палежот на селото до темели изгореа 13 куќи, по пљачките и дивеењето, ѕверски беа убиени 12 Македонци-патриоти.