Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?

Вкупно гласови : 8866
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Религија > Христијанство > Цркви и манастири во Македонија
Св. Архангели, с. Кучевиште
Сподели на Facebook

На југозападните падини на планината Скопска Црна Гора, на околу 700 метри надморска височина, во близина на селото Кучевиште, во долината на Кучевишка река лежи манастирската црква посветена на светите Архангели Михаил и Гаврил.

За времето на нејзината изградба не постојат речиси никакви прецизни податоци. Начинот на градењето и архитектонските особености на оваа црква упатуваат на периодот од XIV и XV век. Во припратата бил пронајден натпис што посведочил за живописувањето на овој храм, означувајќи ја годината 1631, додека пак, во сочуваниот натпис поставен над влезната врата е забележана 1701 како година на нејзино живописување.

Во основа, црквата е во форма на триконхас, во чиј средишен дел на четири столба се потпира високата купола. На надворешната источна страна на црквата се наоѓа тристрана олтарна апсида. Горните делови на фасадата се декорирани со форми на керамички грниња. Фрескописот на црквата го карактеризира смелиот и динамичен цртеж, во кој се предадени фигури во значителни помали формати, како и елементи на пејсажи. Од композициите се истакнуваат Неверството на Тома, Исцелувањето на болниот од водена болест, и др. Најголема вредност на црквата и дава иконостасот со дрвените царски двери што се со постар датум од живописот.

Интересна е иконата во која се илустрирани дел од Давидовите псалми. Денес оваа икона, позната под името Хвалите Господа, денес е изложена во Галеријата на икони во Музејот на Македонија во Скопје. На црковниот имот му припаѓаат и две певници од XVIII век, инкрустрирани во коска. Овој божји храм го опкружуваат конаци подигнати во XIX и почетокот на XX век, подоцна обновени.

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 6850 пати
Просечна оцена од посетителите
 
Оцена:

Запиши
Коментар:

 

четврток, 25 април 2024
Моментно посетители: 55

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Заслугите на Анастасие I за градбите по Македонија
--------------------------------
 Македонско писмо кое најдолго патуваше
--------------------------------
 Св. мч. Александар
--------------------------------
 Најстрашниот и најразорен земјотрес во Македонија
--------------------------------
 “Соломоново клејмо” – заштита од зло
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: