02.VI.1902 год. во селото Пателе, Леринско, Егејска Македонија, по долга и тешка борба со турската војска, откога му остана уште последниот куршум, македонскиот војвода и револуционер Диме Абдарманов, се самоуби не сакајќи жив да се предаде на Турците. Тој беше член на ТМОРО уште од 1896 год. и уште како комита стекна слава на заштитник за својот поробен македонски народ. Селото во кое загина - с.Пателе е негово родно село, тука се роди, тука и го заврши својот живот.
02.VI.1916 год. во Скопје е роден Јордан Николов-Орце, народен херој на Македонија. Еден е од организаторите и раководителите на работничкото и револуционерното движење во Македонија.. Тој е член на ПК КПЈ за Македонија.Загина рано во разгорокот на македонското востание против бугарската окупација, ноќта меѓу 3 и 4 јануари 1942 год. на пат за Македонија, минувајќи ја планината Кукавица кај с.Туба, во близина на Владичин Хан (денес во Р.Србија). На ова место Орце Николов влета во поставена заседа од бугарските фашистички окупатори и по кратка престрелка паѓа покосен.
03.VI.1098 год. дури по 5-месечна блокада и опсада во I Крстоносна војна, крстоносците го зазедоа древниот град основан од македонскиот крал Антиох, именован според него – Антиохиј (денешна Антакија на југот од Турција). По овој град и по овој македонски крал именувана е и цела држава Антиохија но и православна црква – Антиохијската кој и денес го носи ова име..
04.VI.1903 год. близу манастирот “Св. Стефан“, кај месноста Гумениште, Охридско, подмолно и мистериозно е убиен македонскиот војвода Наум Чакаров-Лондра. Тој е член на Охридското револуционерно началство, Горски началник на Охридската околија и учител. Роден е во Струмица во 1869 год.
05.VI.1944 год. кај с. Кушкулија, Струмичко во борбите со бугарските окупаторски војски, загина Панче Пешев, македонски композитор и хороводител, но и прекален борец на својот македонски народ. Роден е од револуционерниот Велес кој му ја задои и љубовта кон музиката и традициите. Покрај другите Панче Пешев е автор на најубавата и најпопуларна македонска борбена песна од НОВ, која станува и Марш на Третата македонска бригада “Ко челик сме ние“.
06.VI.1951 год. повеќе видни повратници од странство Македонци по род, носени од годините на копнежот и носталгијата по родната земја а среќни за нејзината конечна слобода и самостојност, го иницираа формирањето и регистрирањето на “Матица на иселеници од Македонија“. Во формирањето како Здружение на граѓани учество зедоа и повеќе видни културни и општествени дејци и работници во и надвор од Македонија.
07.VI.1943 год. во борба со Бугарските окупатори кај с. Никодин – Прилепско, откако тешко беше ранет, за да не падне во канџите на Бугарите, се самоуби Блажо Тодоровски – Чичето, народен херој и бепомирлив борец за слобода.
07.VI.1945 год. со Решение на Министерството за народна просвета на Д.Ф. Македонија, озаконет е Правописот на македонскиот јазик како единствен јазик за македонскиот народ, по вековните туѓи ропства и јазици и нивните пропагандно-црковни училишта .
07.VI.1991 год. одредицата “Социјалистичка“ се отстранува и останува само називот – Република Македонија, со одлука на Собранието на С.Р.Македонија, кое од таа седница понатака како и сите институции ги носат називите на Р. Македонија (Собрание – на Р. Македонија, Влада на Р. Македонија и.т.н).
08.VI.1944 год. во с. Локов Струшко, формирана е Првата македонска НОУ бригада.
10.VI.1943 год. кај месноста “Клинска леса“ во атарот на с. Галиште (Кавадаречко Мариово) и на пат кон с.Клиново, по кратка борба од поставена бугарска заседа, загина Димката Ангелов-Габерот, народен херој на Македонија.
Роден на 17.X.1916 год. во с. Ваташа, израснува во голем син на македонскиот народ и симбол на борбата за слобода од бугарската окупација и ропство. Но габерот е и револуционер, учител и политички комесар на Третата оперативна зона на НОВ и ПО на Македонија, со бунтовна и пркосна нарав која не трпеше туѓинци и нивни проекти за македонскиот народ.
Во заседата, покрај Габерот загинуваат и борците Пано Мударов, Ило Виларов и Крсте Камчев како и водичот од с.Галиште, Стојан. Габерот во мигот на смртта е ранет па е на носила и со добиток преместуван од с. Галиште каде долго е криен и лечен од селаните. Револуционерното Галиште и по цена на бугарски терор и измачувања, палежи на имот и стока, не го предаде Габерот (дури по напуштањето на ова село и одењето накај друго, се случува заседата, па остануваат сомнежите за внатрепартиско предавство или свесно жртвување од повисоките раководители). Како и да е македонскиот народ го опеа својот херој од пркосната Ваташа, во последните мигови и зборови од неговиот живот.
12.VI.1943 год. во нерамна борба против Бугарскиот окупатор кај селото Лавци – Битолско, се самоуби Тодор Даскалов, македонски учител, просветител и организатор на македонската борба против окупацијата од Бугарите. Тој е еден од првите учесници во НОВ, со личен пример покажа дека кога е слободата на Македонија во прашање нема мислење ниту чекање. Македонскиот народ од Битолско ја созаде една од најубавите песни во која ја опева храброста на својот “даскал” (учител) и борец, која потоа насекаде низ Македонија се рашири и се пееше и со до денес живее меѓу Македонците.
12.VI.1944 год. во борба со бугарскиот окупатор загина Коце Стојановски - Металец, истакнат македонски револуционер и борец. Битката со бугарските окупаторски сили се одвиваше во реонот на с. Стрмашево, Неготинско. Два батаљона на Втората македонска бригада го нападнаа бугарскиот полициски одред “Бенковски и го разбија нанесувајќи му тешки загуби од 30 мртви и голем број ранети. Сепак токму во оваа победничка битка загина и Коце-Металец, родум од Скопје каде и започна неговиот животен пат на 14 мај 1914 година.
12.VI.1945 год. Грчка воена единица го опколи селото Кономлади, Костурско – Егејска Македонија и почна фанатични операции на чистење и протерување на се што е Македонско.
12.VI.1946 год. во Скопје се одвива првата фудбалска шампионска игра за првата титула на слободна Македонија. Натпреварот за оваа титула е помеѓу Македонија и Победа и завршува со 1 : 2 во корист на Победа. Средбата се пренесува и преку радиопренос кој го врши Коле Чашуле како коментатор.
18.VI.2001 год. Р. Македонија и Н.Р. Кина ги обновија дипломатските односи по кризата што настана со воспотавувањето односи со Тајван.
19. VI.1997 год. умре Георги Арсовски, македонски писател и литературен критичар. Својот плоден писателски живот го завршува со последното дело “Монолози” (1977 год.). Инаку тој е роден во Велес на 15 јануари 1927 год.
19. VI.2001 год. во Скопје умре Рајко Јовчевски, македонски писател за деца, преведувач и новинар а пишува и раскази и романи. Роден е во с. Луково, Струшко на 23 февруари 1937 год.
20.VI.1912 год. Врховистите преку свој платеник и предавник на амкедонскиот народ, на подмолен и кукавички начин во Кавадарци го убија Добри Даскалов, македонски револуционер и војвода еден од најмаркантните револуционерни личности на македонското национално ослободително дело. И по легализирањето на вооружената борба сега во вид на политичка преку Народната федеративна партија со Сандански и другите антиврховистички елементи, Даскалов е бескомпромисен борец за македонската кауза. Добри Даскалов е роден во кавадарци на 13 ноември 1882 год.
20.VI.1936 год. Македонските градежни работници влегуваат во генерален штрајк против владеачката српска клика на кралството Југославија. Токму затоа овој датум е прогласен за ден на Македонските градежни работници.
20.VI. 1996 год. во Брисел Р. Македонија и ЕУ со размена на писма го прифатија текстот на спогодбата за соработка межу Еу и Македонија.
21.VI.1908 год. умре Милан Арсов, најмладиот од Солунските атентатори од 1903 год. кои го потресоа целото Отоманско царство и Европа кои по тоа многу добро го разбраа македонскиот глас.
21.VI.1953 год. во Македонскиот народен театар е праизведен првиот македонски балет “Македонска повест“ од македонскиот композитор Глигор Смокварски.
22.VI.1913 год. во Санкт Петрбург на руски јазик излезе првиот број на списанието “Македонски глас“ орган на приврзаниците на независна Македонија. Во уводната статија стои и девизата Македонија на Македонците, како постојано предупредување за соседните Балкански грабливки да го остават она што не е нивно. И не случајно започнува со излегување весникот токму во среде Балкански војни, гледајќи ги аспирациите и неизмерната алчност на Бугарите, Србите и Грците кон македонската земја. Весникот беше уредуван под уредувачката палка на Димитрија Чуповски и групата околу него.
22.VI.2001 год. Македонските безбедносни сили ја започнаа решавачката офанзива за чистење на теренот од Албанските терористички формации стационирани во селото Арачиново со кои беа и бројни странски инструктори. При чистењето се случи интересен странски притисок кој овозможи прекин на дејствијата за да се извлечат странците и терористите од селото. Токму заради ова револтирани од таквите наредби а гледајќи како пред нивни очи се извлекуваат оние кои до вчера ја загрозуваа државата, голем број на воено-полициски сили истата вечеер тргнаа кон Скопје. Гневни заради “предавставото“ од своите надредени, пред Парламентот предизвикаа нереди кои траеа цела ноќ. При тоа настрадаа и возила на МВР (дури и на Министерот за Внатрешни работи, кој не можеше ништо да превземе).
25.VI.1905 год. 3 000 Турска војска и заптии ја опкулија четата на Атанас Бабата (Атанас Димитров) кај селата Куклица и Пендаќ. Иако со само 13 комити четата ја прифати борбата која се разви во жесток судир. Кога приврши муницијата комитите ја запалија архивата на четата, искршија се што можеше да им користи на Турците од вредности часовници, двогледи, ножеви, сабји, пушки и револвери и извикувајќи “Да живее Македонија“ се самоубија сите до еден следејќи го својот војвода. Иако тие загинаа, Македонија денес живее цел век по нивната саможртва, слободна и независна, токму како во нивниот сон.
28.VI.1895 год. започна да излегува весникот “Револуција”, под раководство на Васил Главинов од Велес, како прв македонски социјалистички весник околу кој подоцна се собираше и дел од македонската емиграција во Бугарија.
28.VI.1921 год. на улиците на Софија, заведен од страна на Врховистите и несвесен за чинот, атентатор Македонец, го убива Ѓорче Петров еден од најстарите и најважни Македонци идеолози на ТМОРО и подоцна ВМРО. За подлоста на Бугарите говори и фактот дека атентаторот и не бил свесен кого убива, зашто му било кажано дека тој е непријател на Македонија и македонскиот народ и само со ликвидирањето на човекот-цел, ќе ги спасел. Дури се обидел да се самоубие кога го слушнал вистинското име на убиениот, но и онака нарачателите го ликвидираат зашто повеќе не им бил потребен.
28.VI.1993 год. во Лондон Р.Македонија го потпиша Уставот на УНЕСКО, чин со кој и формално стана членка на оваа асоцијација на ООН.
29.VI.1945 год. во мистериозни околности на сообраќајна несреќа во близина на Радовиш, загина Чеде Филиповски - Даме, народен херој на Македонија, бестрашен командант на македонските национал-ослободителни едеиници и функционер на новата народна власт. Тој е само дел од раководителите Македонци, храбри патриоти и чесни водачи на македонскиот народ кои во овој период гинеа во сообраќајки на во тоа време инаку “густиот и брз сообраќај”.
29.VI.1990 год. моштите на Димитрија Чуповски, најбескомпромисниот син патриот на македонскиот народ, политичар, просветител, новинар, пропагандист, историчар, етнограф, картограф и борец против туѓите фалсификати низ светот за Македонците, се пренесени во родната Македонија. Тој умре во Санк Петрбург во 1940 год. таму беше и погребан, па во осамостојувањето на Македонија, моштите се пренесоа и погребаа во црквата Св.Спас – Скопје, веднаш до оние на Гоце Делчев. Роден е како посмртче во с.Папрадиште – Велешко во 1878 год. Тој покрај сите негови дејности најсилен печат остави врз македонската пропаганда низ светот и престолнините зашто беше основач на многу македонски организации и дружини - легални и полулегални уште од студенските денови па се до пред смртта. Покрај нив тој покрена низа на Меморадндуми и Документи со кои и фактички се постигна Признавање на Македонскиот народ и јазик пред се во Русија уште во крајот на XIX век а потоа и пошироко. Но не застана само на нив, Чуповски покрена и издвање на списанија, весници и брошури со вистината за македонскиот народ и обидите за грабеж на неговата историја и територија.