Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?






Вкупно гласови : 3276
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани

Новости > Дневни новости > Дневни случувања во Македонија
Тауресиум ќе се презентира пред јавност
Сподели на Facebook
На археолошкиот локалитет кај скопското село Таор, родното место на големиот император Јустинијан Први, Тауресиум, кој владеел со источно римско царство од 527 до 565 година, за посетителите ќе бидат поставени табли со објаснување на неговата историја, како и на поединостите за пронајдите предмети.

Според археологот Кире Ристов, кој е и раководител на истражувањата, од април кога започнаа активностите на теренот до сега, пронајдени се повеќе објекти од јавен карактер, 6 индивидуални станбени објекти, како и многу фрагменти од керамички садови и метални наоди.
-Истражувањата ќе продолжат до крајот на идниот месец, со оглед дека до тогаш имаме обезбедени средства од ресорното министерство. Целта ни е во овој период да го доведеме во состојба на јавна презентација, иако локалитетот е веќе влезен во туристичките карти на Македонија. Во тек е и решавање на имотно-правните односи бидејќи локалитетот доби јавен карактер, објаснува Ристов.

Таблите кои треба да бидат поставени од Град Скопје, ќе ги откријат пред посетителите тајните на Јустинијана Прима, град-седиште на архиепископијата на императорот .
Инаку сите откриени предмети и градби зборуваат дека во периодот на доцната антика од 5 до 10 век, населението на овие простори имало активен општествен живот. На локалитетот, пронајдени се и населби од бронзено време, од 2200 до 1800 година пр.н.е.
Инаку досега е откриен дел од бедемот кој ја обиколувал населбата, а за позначаен наод се смета и откривањето на монограмот, печат на Јустинијан Први, врз венецот од ќуп "питос".

(Д.Т.)

29.05.2009

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 889 пати
Просечна оцена од посетителите
 5 од 5
Оцена:




 
Запиши
Коментар:

 

четврток, 09 септември 2010
Моментно посетители: 31

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Партизанската војна и антиката
--------------------------------
 Првиот алпинизам во Македонија
--------------------------------
 Описи за набивање на колец
--------------------------------
 Св. мч. Пасикрат, Валентион, Јулиј и др
--------------------------------
 Св. Васа Солунска
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: