Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?






Вкупно гласови : 8813
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Новости > Дневни новости > Дневни случувања во Македонија
Инаугуриран четвртиот македонски претседател
Сподели на Facebook
Ниту европска иднина ниту регионална соработка не можеме да оствариме доколку не инвестираме во капацитетите, институциите и потенцијалите на нашата држава, рече четвртиот македонски Претседател, кој говорот го заврши со зборовите "Да живее Република Македонија"

Мојата политичка агенда е јасна и недвосмислена: Македонија членка на НАТО и на ЕУ, силна, почитувана и рамноправна, а нејзините граѓани горди, богати и среќни. За таа цел, Македонија продолжува да чекори без запирање на патот на евроатлантските интеграции, водејќи одговорна надворешна и внатрешна политика, посветено спроведувајќи ги највисоките стандарди. Сакам јасно да порачам: Јас сум претседател, еден и еднаков за сите граѓани, рече во првиот говор новоизбраниот македонски Претседател Ѓорѓе Иванов, кој вчера и официјално ја презеде функцијата.

Во обраќањето пред пратениците во Собранието, новиот шеф на државата рече дека функцијата Претседател пред граѓаните ја презел пред се како должност која не познава религиозни, етнички и културни разлики. Иванов вети дека ќе го вложи целиот кредибилитет и капацитет за добросостојбата на државата и граѓаните. Ја потпиша свечената изјава и се обврза во следните пет години совесно и одговорно да раководи со државата.

-Можеби однадвор Република Македонија е мала, меѓутоа нејзиното значење е огромно затоа што претставува срце на Балканот. Таа е алка која ги обединува световите и треба да биде најважна европска точка која ќе произведе не само балканско, туку и европско помирување на Истокот и Западот, на христијанството и исламот, рече Иванов.

Во неговиот мандат посебно внимание ќе им посвети на односите со соседите, а особено на односите со Грција.
-Ќе сторам се односите меѓу двете земји да се развиваат во духот на добрососедството и заемната доверба. Несомнено е дека споделуваме заеднички европски вредности, го сонуваме истиот европски сон, го разбираме Балканот како колевка на европската култура, истакна новиот македонски претседател. Длабоко сум убеден дека дел од прашањата што ги обременуваат односите меѓу двете соседни држави, а особено културата и традициите, имаат капацитет да бидат мост на соработка и промотор на нов циклус на просперитет во регионот.

Наспроти сите напори на нашата надворешна политика, мораме да знаеме дека почитта во странство најлесно се печали дома. Ниту европска иднина ниту регионална соработка не можеме да оствариме доколку не инвестираме во капацитетите, институциите и потенцијалите на нашата држава, рече четвртиот македонски Претседател, кој говорот го заврши со зборовите "Да живее Република Македонија".

Инаку тој денеска пред зградата на Собранието беше пречекан од досегашниот Претседател Бранко Црвенковски и гардисти и свечена гарда на АРМ. Насобраните граѓани пред Собранието со аплауз го пречекаа новиот Претседател.

На инаугурацијата на Иванов присуствуваа и претседателите на Хрватска, Албанија, Србија и Црна Гора, Стипе Месиќ, Бамир Топи, Борис Тадиќ и Филип Вујановиќ. Свој претставник испрати и турскиот претседател Абдула Ѓул.

Присуствуваа и Премиерот Никола Груевски и целиот Владин кабинет, поранешниот Претседател Киро Глигоров, претставници на верските заедници, дипломатскиот кор, државните институции, судството.

Ѓорѓе Иванов е четрвтиот Претседател на Македонија. Пред него оваа функција ја извршуваа Киро Глигоров, Борис Трајковски и Бранко Црвенковски. Иванов своите работни обврски ќе ги извршува во новата Претседателска резиденција "Анекс" на Водно.

Претседателска гозба на Водно
ЗА РУЧЕК ТЕЛЕШКО И САРМИ, ДЕСЕРТ - РЕСЕНСКО ЈАБОЛКО!

Странските државници, кои вчера присуствуваа на инаугурацијата на новиот претседател Ѓорѓе Иванов, беа послужени со специфични македонски јадења. По свечената инаугуративна седница, што се одржа во Собранието, за гостите беше приреден мал коктел на кој што се служеа бадеми, лешници и аперитив. Главниот ручек беше послужен во новиот претседателски кабинет на Водно. Во менито доминираа македонски специјалитети. Странските државници беа послужени со галичко сирење, осоговски кашкавал, похована пиперка, макало, пршута, тиквички, мусака од модар патлиџан и сарми. Како главно јадење на свечениот ручек беше сервиран шарски телешки одрезок, а за десерт државниците добија печено ресенско јаболко, овошен кајмак и палачинки.

(Г.Ма)

12.05.2009

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 8002 пати
Просечна оцена од посетителите
 1,37 од 5
Оцена:




 
Запиши
Коментар:

 

вторник, 19 март 2024
Моментно посетители: 41

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Целиот учен свет на антиката – во Александрија
--------------------------------
 Елијан за Македонците
--------------------------------
 Што е фалангата?
--------------------------------
 Моштите на Св.Марина
--------------------------------
 Најстариот кадар од македонската Филмска уметност
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: