Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?






Вкупно гласови : 3265
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани

Новости > Дневни новости > Дневни случувања во Македонија
Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
Сподели на Facebook
Годинава единствениот македонски професионален фолклорен ансамбл слави 6 децении од своето постоење.
Преку 4,5 илјади концерти и се поголема побарувачка за нивни гостувања на сите континенти, се доволен доказ за високиот професионализам на ансамблот и атрактивноста на македонскиот фолклор што го презентираат

Огромен интерес за билет повеќе, овации и постојани барања за бис. Вака накратко може да се опишат реакциите на публиката која ги проследила целовечерните концерти на македонскиот ансамбл "Танец" на неодамнешната едномесечна турнеја во градовите низ Америка и Канада. Според уметничкиот директор на нашиот единствен професионален фолклорен ансамбл "Танец", Бошко Тренески, позитивните реакции и високите оценки на критиката во овие земји, се само уште еден доказ за огромниот професионализам на ансамблот и атрактивноста на македонскиот фолклор што го презентираат во светот.

-Годинава одбележуваме 6 децении постоење на "Танец", период во кој се одржани преку 4,5 илјади концерти на сите континенти. Во Америка и Канада одржавме концерти во градовите Торонто, Детроит, Кливленд, Колумбус, Чикаго и Њујорк. Интересно е што е ова прва турнеја во овие прекуокеански земји по 14 години, а концертите се одржани исклучиво во концертни сали. Посетителите, притоа, не беа само нашите иселеници, туку и Американците и Канаѓаните. Ова секако не зачудува бидејќи македонскиот фолклор е богат со карактеристични носии, обичаи, песни и ора кои ги нема во таква мера кај другите земји, така што буквално претставувавме подвижен музеј. Се ова како и високиот професионализам во работата доведоа до тоа Танец да биде многу баран и конкурентен на пазарот, а трошоците за настапите на ансамблот веќе ги сносат странските организатори, вели Тренески. Тој посочува дека годинава се веќе закажани турнеи во бившите југословенски држави, како и во Грција, Бугарија и Шпанија, гостување во Франција, а за наредната година се договара и гостување во Кина и повторна, но проширена турнеја во Америка и Канада. И секако јубилејни концерти низ цела Македонија. Годинава ќе се прават и нови кореографии од струмичкиот и егејскиот регион. Во подготовка е монографијата на Танец, како и аудио и видео материјал со сите игри и песни...

Репертоарот на Танец има околу 60 игри, кореографски целини, но и многу песни обработени оркестарски. Во Канада и Америка тие се претставија со Тешкото, Комитското, Драчевка, Беровското оро... Ја опфатија цела етничка Македонија, а како што вели Треневски направивија и една разгледница со вокалното трио и оркестарски обработки со големиот оркестар, со што со право претставуваат амбасадор на македонската фолклорна традиција во светот.

Реакцијата на публиката сепак вели Тренески, е и најголема награда за нив. По минатогодишното гостување во Австралија, на прашањето на новинарите како им се допадна настапот на Танец, публиката едноставно одговорила: "Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија".

Високиот професионализам го гарантира успехот
Во моментот ансамблот Танец го сочинуваат 70 вработени од кои 60 се уметници, играорци и оркестранти. Со средствата на Министерството за култура, објектот во кој се сместени е дограден и целосно опремен, а набавени се и нови инструменти и носии.
-Во Танец се придржуваме до нормите кои мора да се почитуваат, во однос на подготвеноста, здравствената состојба и работата... Кога е професионалноста во прашање тука нема сентименталност, бидејќи на сцената секаде се бара квалитет. Играорците и оркестрантите вежбаат и по 5 часа на ден, потенцира Тренески.

Инаку во Танец просечната возраст е 26 години, возраст на која, вели тој, уметникот може најмногу да пружи. Танец и за секоја адаптација на песна прави рецензија од еминентни стручњаци. Со ова Танец е и повеќе од достоен презентер на македонската култура во светот.

Даниела ТРАЈКОВСКА
Фото:Ѕ.Плавевски

12.05.2009

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 1413 пати
Просечна оцена од посетителите
 4,81 од 5
Оцена:




 
Запиши
Коментар:

 

понеделник, 06 септември 2010
Моментно посетители: 10

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Линкестите – македонско племе на рисови
--------------------------------
 Фалангата во борба со “Амазонки”
--------------------------------
 Поход на Печенезите во Македонија и нивниот крај
--------------------------------
 Браќа по камшик – “флагеланти
--------------------------------
 Св. ап. Матиј
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: