Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?

Вкупно гласови : 8862
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Религија > Христијанство > Цркви и манастири во Македонија
Св. Богородица - Заум
Сподели на Facebook

На источниот брег од Охридското Езеро, во непосредна близина на рибарското село Трпејца, се наоѓа манастирската црква Света Богородица - Заум.

ССпоред натписот кој се наоѓа над влезот од внатрешната страна, црквата е подигната во 1361г. како задужбина на кесар Гргур, брат на Вук Бранковиќ, а за време на деволскиот епископ Григорие. Црквата Света Богородица е градена во форма на впишан крст со купола која се потпира на четири столба, кои во горниот дел завршуваат со различни капители.

Ѕидана е од камен, бигор и тула, а живописноста на фасадата е постигната со примената на орнаменти во најразлични комбинации (шаховски полиња-дијагонално поставени меандри, крстови и запци), сите изведени во тула. Тристраната апсида е расчленета со слепи арки. Живописот е поприлично оштетен, особено во сводовите и куполата. Во првата зона сочувани се светители во цел раст: свети Климент Охридски, свети Наум Охридски, Исус Христос, свети Богородица и др.

Она што претставува раритет и привлекува најголемо внимание кај сите посетители е претставата на света Ана - Млекопитателница како ја дои малата Богородица. Во втората зона се сцени од циклусот на света Богородица, а во другите зони се наративно прикажани сцените за Христос. Додека фигурите во пвата зона се предадени во натприродна големина, во другите композиции зографот се држи до извесни пропорции на големините, искажува смисла за природно искажување и се ползува со жива и светла колористичка гама- особено со виолетови, портокалови и светло сини тонови.

Манастирската црква Света Богородица - Заум претставува убаво остварување во архитектурата со педантно изведена декорација, елегантни пропорции и нагласена височина. Во живописот се среќаваме со уметник што има префинет вкус за чисти и топли тонови, за една жива колористичка палета.

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 8319 пати
Просечна оцена од посетителите
 5 од 5
Оцена:

Запиши
Коментар:

 

вторник, 23 април 2024
Моментно посетители: 16

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Кулите како градби во Македонија
--------------------------------
 Македонците први за воен род – коњица
--------------------------------
 Св. Прохор Пчињски
--------------------------------
 Годината на стаорите кои одонесоа милиони во смрт
--------------------------------
 Што е фалангата?
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: