Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?






Вкупно гласови : 9328
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
За Македонија > Општи информации > Македонски времеплов
Мај
Сподели на Facebook

Настани кои се случиле низ времето поврзани со Македонија и Македонците.

01.V.1886 год. е датумот поради кој денес се слави Меѓународниот ден на трудот. На овој датум водачите на работниците ширум индустријата на Чикаго истакнаа барања симболизирани во три 8 (осумки)  8 часа работа, 8 часа одмор и 8 часа културно издигање на што властите одговорија со митралези и крвав пир во кој изгинаа голем број на работници.
Првиот конгрес на Втората Интернационала во знак на сеќавање за ова, во 1889 год. донесе одлука 1 мај да се прогласи за меѓународен ден на трудот. Веќе од наредната 1890 год. одржани се првите манифестации на прослава во многу земји од светот. Во Македонија првата прослава е органзирана на 1 мај 1909 год., иако сеуште под Отомското ропство и со мал број на работништво. Како и да е денес она за што беа убиени работниците во Чикаго е модел за работа ширум светот 8-те часа работа. Нажалост има и прекршување на овој модел особено кај нас но и од самите вработени кои трчаат од работа на работа во општата потреба за понормална егзистенција.

08.V.1903 год. турската војска од Костур, Егејска Македонија, испраќа засилен одред војници со броен башибозук за уништување на селото Смрдеш зашто сметаше дека токму тоа е најкомисткото село во Костурско. Цела ноќ и следниот ден војниците и бројниот башибозук направија големи штети и зулуми во Смрдеш. Од 300 куќи во селото изгореа 240 , 84 луѓе беа заклани или убиени ѕверски, а 50 повредени и унаказени. Селото е целосно ограбено и опустшено.

08.V.1914 год. во селото Будимирци, Беровско е роден Глигор Смокварски, македонски композитор, кларинетист и музиколог. Смокварски е првиот кларинетист на Македонската филхармонија а е и автор на првиот национален балет “Македонска повест“. Умира во Скопје, на 15 март 1974 год.

08.V.1925 год. во Виена, во театарот “Бург”, од платеничката на Бугарија, Менча Карничова убиен е Тодор Паница, истакнат борец во македонското националноослободително движење и следбеник на Јане Сандански. Паница е најдоследниот санданист и егзекутор на бројни бугарски слуги испраќани да го попречуваат самостојното македонско национално ослободување. Правдољубивоста го тера на вистинската страна па иако роден во Бугарија (гр.Орахово 1878 год.) тој Македонија и македонскиот народ ги засакува и застанува на нивната страна а против бугарските вековни интриги. Се жени за Македоника, останува доследен санданист многу по смртта на Сандански и целосно се посветува на Македонија и македонскиот народ, па е голема опасност за Ванчо Михајлов и неговите бугарски ментори. Михајлов е толку среќен и со олеснување ја прима веста за ликвидацијата на Паница, што и се жени за “јунакињата” (од грб) – Менча Карничова, подоцна.

14.V.1994 год. умре Благоја Ивановски, симфониски композитор. Негови најпознати симфониски дела се “Поема за Гоце“, “Вардар“, “Самоилова епопеја “, “Фреска“. Роден е во Скопје на 28 февруари 1921 година

15.V.1943 год. на иницијатива на Ј.В.Сталин, во Москва распуштена е Комунистичката Интернационала или Коминтерната. Со ова и формално е признаено правото на самостојно решавање на секоја комунистичка партија, па оттаму и на Македонската. Ова е особено важно заради бугарските фалсификати во однос Сталин “творец на македонскиот народ “, кога и самиот повеќе не одлучува по 1943 год. дали КПМ ќе се приклони кон БКП или КПЈ, едноставно ако “са си Б`лгари”, ќе си се врателе кон БКП, но тоа не го направиле.

15.V.1992 год. во Перт, Австралија отворен е првиот Македонски информативен центар надвор од границите на Р. Македонија.

15.V.1995 год. кај с. Богомила, Велешко предадена во употреба е првата Електроцентрала на реката Бабуна.

16.V.1998 год. во Сремска Каменица умре Академикот Божидар Видоевски, еден од најголемите македонски лингвисти, кој зад себе остави многу дела за лингвистиката и ја задолжи македонистиката со свој допринес како ретко кој Македонец.

17.V.1395 год. Крали Марко познатиот македонски епски јунак и заштитник на народот од турските зулуми загинува во битката на Ровина. Таму тој сепак е како турски вазал и спрема малкуте историски извори во текот на битката тој и останатите властодршци од Македонија вазали на Турците, преминуваат од страната на христијанскиот војвода Мирче. Епската поезија Крали Марко го идеализира како пример за храброст, витештво и чесност а како заштитник на поробените неговото име се проширува во народните творби на сите балкански народи но и пошироко.

17.V.1903 год. во Ќусендил во весникот “Изгрев “, првпат е објавен некрологот на Гоце Делчев по неговата смрт во с. Баница од 04 мај. Овој некролог го објавија неговите истомисленици и другари.

17.V.1941 год. донесен е Мусолиниевиот декрет со кој се востановува окупаторска административно - управна власт на територијата на Западна Македонија.

20.V.1836 год. во Битола е формиран првиот противпожарен одред н атериторијата од денешна Македонија а од страна на турските власти, како нужна заштита на овој тогаш голем град, центар на вилает. Токму затоа овој датум денес се слави како ден на пожарникарството на Македонија.

20.V.1875 год. во Охрид е роден Методија Патчев, македонски војвода и еден од најпознатите револуционери од пред Илинденското востание на македонскиот народ. Доследен на делото од ТМОРО тој секогаш е бескомпромисен и праведен во своите постапки и револуционерни активности. При опсада од бројната турска војска кај с.Кадино Село, Прилепско со своите соборци-комити, Патчев води тешка борба на 07 април 1902 год. Кога им привршуваат куршумите последните си ги оставаат за себе и се самоубиваат не предавајќи им се живи и пркосејќи им на турските војски.

20.V.1876 год. во с. Разловци, Источна Македонија, избувна Разловечкото востание на македонскиот народ против османлиското вековно ропство. И покрај неуспехот на крајот, оваа востание има големо значење за потребата од македонско национално будење и ослободување и е само еден од бројните востанија-докази за непомирливоста на македонскиот народ со ропската положба.

20.V.1947 год. грчка жандармериска и воена единица го нападна селото Пателе, Леринско-Егејска Македонија. При овој напад уапсени се 17 Македонци обвинети за соработка со НОФ и партизанските структури. Од уапсените 4 се осудени на смрт и ликвидирани а останатите интернирани на островот Ѓура каде не се знае понатамошната судбина.

20.V.1981 год. во Скопје умира г.г. Доситеј, прв Архиепископ Охридски и Македонски и со тоа прв Поглавар на Македонската православна црква.

23.V.1905 год. со посебно ираде, указ на султанот Абдул Хамид, Власите се признаени како посебен народ во турското царство во кое надворешните пропаганди, кулминираа. Ако за македонскиот народ се бореа српската, бугарската и грчката пропаганда, за Власите грчката и особено разжестената Романска, па беа во постојан судир. Портата со декретот прогласување на посебеност за Власите се стремеше да ги стави во позиција на беспредметен спор по ова. Воскревајќи го нивниот национален белег, планираше да ги одделе и од македонскиот народ со кој Власите во се беа заедно и едни од најжестоките борци како во предходното Илинденско востание (хероите како Питу четите под негова команда и др. Власи). Со тактиката раздели па владеј, едните (Власите) воскревајќи ги и признавајќи ги а другите (Македонците) не, Отоманците правеа дополнителен дележ меѓу Христијаните, кои во тоа време најмалку им требаше. Како и да е Лигата на Власите од Македонија овој ден го слави како национален ден.

23.V.1993 год. на Градскиот стадион во Скопје одигран е фудбалскиот натпревар од фудбалскиот куп на Македонија, помеѓу ФК Пелистер и ФК Вардар, што претставува прв финален куп на самостојна и веќе независна Р. Македонија. Натпреварот заврши со победа на ФК Вардар со 1 : 0 со голот од Жанко Савов во 83 мин.. Со ова ФК Вардар стана првиот победник на Фудбалскиот куп на Македонија.

26.V.1905 год.
во Велес е роден Стеван Гајдов, македонски композитор и музички педагог, еден од организаторите воопшто на музичкиот живот во Македонија по војната во 1945 год. Тој е и еден од најпознатите композитори-стилизатори и обработувачи на македонските народни песни а заслужен е и за ширењето на хорскиот аматеризам во Македонија. Како стилизатор познати се неговите обработки на мародните песни : “Леле Јано“, “Гора и јунак“, “Ти синче“, “Петлите пеат “ и др. но и неговите творби “Гудачки квартет во це-мол“, “Кончертино“ и др. Гајдов е и автор на 15-тина учебници за средно образование. Умира во Охрид на 17 јуни 1992 год.

26.V.1986 год. во Скопје умира Јордан Грабулоски, академски скулптор еден од најпознатите македонски уметници, познат и признат не само дома но и надвор во светот. Неговите дела се и со белег на социјална тематика, потоа тематика од НОВ како и од поствоената изградба на Македонија. Од неговите бројни дела по својата убавина, грандиозност и посветеност, значајно и посебно место завзема Споменикот посеветен на НОБ и Илинденското востание во Крушево, отворен на свеченоста од 02 август 1974 год. Грабуловски е роден на 19 март 1925 год.

27.V.1903 год. во Солун започнува судскиот процес против младите Македонци, познати како Солунските атентатори Турската власт оформи посебен специјален воен суд, кој им изрече пресуди на околу 300 лица. Од директните атентатори и извршители на експлозиите и убиствата по Солун, фатени беа само четворица :Павел Шатев, Марко Бошњаков, Георги Богданов и Милан Арсов и веднаш добија смртни пресуди. Судењето доби огромен публицитет низ Европа заради актите и врз Европски институции и претставништва во Солун а на кои Македонците беа гневни заради затварањето очи пред турскиот терор. Со ова турските власти не можеа така лесно да осудат така голем број други Македонци кои и немаа директна врска со Солунските атентати, па дури 266 лица судот мораше да ги ослободи. Останатите 30-тина беа осудени од 5 до 101 година затвор во зависност од нивната инволвираност во атентатите. Судот на четворицата осуденици на смрт, казната им ја замени на доживотна робија но и ги испрати по разни затвори во Азија и Африка. Таму Марко Бошњаков и Милан Арсов по некое време умираат а Павел Шатев и Георги Богданов ги зафаќа Хуриетот во 1908 год. па се амнестирани и ослободени.

28.V.1805 год. во Берово е роден Илија Марков-Малешевски, најпрочуениот македонски ајдутски војвода и водач од втората половина на XIX век. Учесник е во безброј битки против турските балкански завојувачи, во кои искажува невидена храброст заради што е нарекуван и “цар Малешевски “ но и добил оредени од руските цареви и српските кралеви. Доживе длабока старост па меѓу македонскиот народ е познат и како- дедо Иљо Малешевски. Умира на 29 април 1898 год. во Ќустендил.

29.V.1453 год. Турската војска го зазеде Константинопол (Цариград) престолнината на дотогаш најмоќната империја од овој дел на Европа но и на Тракија. По падот настана најдолгиот и најстрашен колеж, пљачки, силувања и палежи. Со недели траеа изнесувањата на благата, продажбите на стоки а луѓето во робје. Дел од историчарите токму овој датум го земаат како крај на средниот век.Токму тука подоцна ќе изникне нова ориентална престолнина со ново име Истамбул од 1930 год. Ангора или Анкара пак за главен град на Турција се прогласува од 1923 год.

29.V.1903 год. во тешка борба со турскиот аскер на планината Голак под врвот Чавките, Делчевско, загина дебарскиот војвода Максим Ненов со подвојводата Димитар Стефанов од с. Јабланица и 40 соборци од четата. Максим Ненов е роден во с. Тресонче.

29.V.1927 год. во Битола е роден Димитрие Османли, македонски филмски режисер, театарски и ТВ режисер. Османли беше првиот декан на Факултетот за драмски уметности во Скопје. Зад себе има многуброен документиран филмски материјал од емисии, филмови и сл. што режирано што напишано. Умре на 13 март 2006 год.

29.V.1996 год. Р.Македонија во Хелсинки и формално пристапи кон Завршниот документ на Конференцијата за Европска безбедност и соработка.

29.V.1996 год. Р.Македонија е примена за рамноправна членка на Европската конференција за транспорт – ЦЕМТ.

29.V.1997 год. во Скопје е родена првата четворка во Македонија. Родителите на четирите новородени деца ( 3 женски и 1 машко ) се мајката Валентина и таткото Благојче Јордеви од Штип.

30.V.1913 год. во Лондон е склучен мир меѓу Турција од една и Србија, Црна Гора и Бугарија од друга страна за завршување на I Балканска војна. Со ова Турција ги загуби сите свои балкански земји западно од линијата Енос-Мидија. Победниците ги поделија освоените територии и тоа : Бугарија, Тракија до линијата Енос-Мидија и Источна Македонија; Грција – лужна Македонија до Солун и дел од Епир ; Србија – централна и западна Македонија, Санџак, Косово и Метохија и Црна Гора – дел од Санџак и Метохија. Но веќе по некое време дојде до жесток спор меѓу Бугарија и Србија за Македонија од која уште сакаа да згарбат Бугарите.Ова беше и причина за нова – II Балканска војна во која “агресор” беше Бугарија но и која највеќе изгуби со истата.

31.V.1848 год. Русија како Голема сила со свои големи интереси, почна со засилена пропаганда ширум Европа на позаобиколен начин. Таа ги иницира, поттикнува и јакне различните движења со “Словенски” карактер, нова силна догма над која става своја рака.
Така, на овој датум започна со работа “Сесловенскиот конгрес” во Прага, Чешка (тогаш во состав на Австро-Унгарија), како круна на “сесловенското будење”.Токму на овој конгрес за првпат е испеана свечената песна “Хеј Словени“, која подоцна во периодот од 1945 па до 1990 год. ќе биде официјална химна на народите и народностите од СФРЈугославија а во чиј состав беше и Р. Македонија. Од пославните личности на овој конгрес се Самуел Томашиќ кој е и главен иницијатор за овој конгрес како и присутниот Бакуњин

31.V.1872 год. во с. Влахи, Пиринска Македонија е роден Јане Сандански – Пиринскиот цар, еден од најголемите македонски синови – револуционер, војвода, стратег, политичар, идеолог но и врвен герилец- немилосрден егзекутор на замешателите во македонското национално дело. Особено е жесток кон Бугарите и нивните слуги кои немилосрдно ги ништи .Не случајни се нивните бројни безуспешни атентати се до последниот од 1915 год. кога падна на падините од неговиот Пирин, давајќи го и посветувајќи го целиот живот на родната Македонија и македонскиот народ.

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 11934 пати
Просечна оцена од посетителите
 4,54 од 5
Оцена:




 
Запиши
Коментар:

 

недела, 10 ноември 2024
Моментно посетители: 67

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Поход на Печенезите во Македонија и нивниот крај
--------------------------------
 Втор вселенски собор
--------------------------------
 Македонците ги носат слоновите во Европа
--------------------------------
 Единствениот Македонец од Титаник – преживеал
--------------------------------
 Хелените најголеми противници на Македонците
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: