Според дипломатски извори на кои се повикуваат грчките медиуми, на следната средба на посредникот, на преговарачите ќе им биде даден рок да се изјаснат за предлогот.
Втората фаза од инвестицијата на Џонсон Контролс во фабриката во Бунарџик нема да доцни, бидејќи менаџерскиот тим на компанијата остава простор од 18 месеци до три години за да може квалитетно да го едуцира потребниот стручен кадар.
Брендот на овој гигант, кој е присутен во 150 земји во светот, е проценет на 59 милијарди долари, и се наоѓа на второ место зад "Кока-кола", но пред "Мајкрософт"
Државата во наредните 20 години од наплата на надоместокот за концесија ќе собере до 40 милиони евра
Црвенковски не го поканил Милошоски на средбата со медијаторот Нимиц.
Сивиот камен со натписот Македонија, поставен во паркот на некогашниот нацистички логор Треблинка, од вчера сведочи за државата со најголем процент депортирани Евреи. 98 проценти од македонските Евреи во Втората светска војна завршија во фашистичките логори.
Нашите тенисери се единствени кои ќе играат во првото коло во групата, а ако го минеме втор противник ни е Белорусија
Кај двајца браќа од Марвинци се пронајдени монети, монистра, копче со претставен лав на него, 20 фрагменти од теракотна фигура, фрагменти од олово, железно копје... Вредните предмети потекнуваат од периодот меѓу 3. век пр.н.е. до 3 век од н.е.
Од земјите на поранешна Југославија, најмалку корумпирана е Словенија, која го зазема 26 место, Хрватска се наоѓа на 62 место, Босна и Херцеговина од ланското 84 место, сега паднала на 92, а Србија и Црна Гора се на 85 место
Според измените со кои се предлага укинување на цензусот за вториот круг на претседателските избори победник ќе биде оној кандидат кој ќе освои мнозинство гласови од вкупниот број на избирачи кои излегле на гласање без обврска притоа да се изјаснат повеќе од половината од запишаните избирачи.
Редок минерал наречен МАКЕДОНИТ, наречен по името на нашата земја Македонија.
Последниот научник во Александриската библиотека била Хипатија меѓу сите учени мажи, единствената блескава жена - математичар, астроном,физичар и водач на неоплатонското филозофско учење.
Во Македонија има многу овошја кои денес масовно се одгледуваат а се од Арапско потекло. Така тие доаѓаат главно преку Шпанија од каде Арапската култура и влијане допирале.
Песот (Canis familiaris) е најстарото домашно животно. Песот живее со човекот уште на преодот од старото и младото камено време, во мезолитот, а припитомен е уште од крајот на палеолитот.
Според преданијата произлезени од богатата Александриска библиотека, спуштањето на првото нукачко ѕвоно на светот во море е дело на Македонците.