Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?






Вкупно гласови : 8828
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Новости > Дневни новости > Дневни случувања во Македонија
Македонија од 84 на 72 место
Сподели на Facebook

Од земјите на поранешна Југославија, најмалку корумпирана е Словенија, која го зазема 26 место, Хрватска се наоѓа на 62 место, Босна и Херцеговина од ланското 84 место, сега паднала на 92, а Србија и Црна Гора се на 85 место

Македонија е 12 места погоре за разлика од минатата година на ранг листата според корупцијата. Оваа година земјава се најде на 72 место со 3,6 индексни поени на ранг листата на 180 земји за Индексот за перцепција на корупцијата во 2008 година. Минатата година земјава беше на 84 место. Но и покрај тоа, според претседателката на невладината организација Транспарентност - нулта корупција, Слаѓана Тасева индексот на корупција е подобрен многу малку.

Македонија покажа одреден напредок кој можеби изгледа висок ако ги гледаме само бројот на местата за кои сме отишле погоре. Индексот е подобрен за само 0,3 поени и тоа во најголем дел се должи на промените во легислативата, она што значи формално усвојување на нови закони, менување на законите и усвојување нови процедури. Ако гледаме според државите во регионот Македонија е добро рангирана, вели Тасева.

Од земјите на поранешна Југославија, најмалку корумпирана е Словенија, која со индекс 6,7, го зазема 26 место. Хрватска се наоѓа на 62 место со индекс 4,4, додека Босна и Херцеговина од ланското 84 место, сега паднала на 92 со индекс 3,2. Србија е на 85 место.

Македонија годинава се наоѓа во групата држави меѓу кои Бугарија, Кина, Мексико, Перу, Суринам, Свазиленд, Тринидад и Тобаго. Албанија заедно со Србија и Црна Гора е на 85 место. Бугарија и Романија од ЕУ, кои имаат сериозни проблеми со корупцијата, имаат 3,6 и 3,8 индексни поени и се рангирани на 72. и 70 место.

Според Тасева од Центарот за истражување на Транспаренси Интернешнел дале објаснување според кое Македонија се уште има доста да работи за да биде во првата половина на Индексот за перцепција на корупцијата и да се најде погоре на ранг листата. Се бара земјава да има ефикасно завршени случаи, судски постапки, изречени пресуди и јасни, Премиерот Никола Груевски ваквата позиција ја оцени како успех на Владата. Според него, подобрувањето за 34 позиции за две години, кога Македонија беше на 105 место, е резултат на залагањата на Владата за нулта толеранција на корупцијата. Премиерот најавува прогрес и во наредните години, иако како што посочи пробивањето меѓу прворангираните оди многу тешко.

Европската комисија најави дека извештајот на Транспаренси ќе биде земен во предвид при подготвувањето на извештаите за 2008 година.

(Б.З.)

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 3943 пати
Просечна оцена од посетителите
 
Оцена:




 
Запиши
Коментар:

 

петок, 29 март 2024
Моментно посетители: 41

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 “Бесмртните” усмртени од македонската фаланга
--------------------------------
 Најстрашниот и најразорен земјотрес во Македонија
--------------------------------
 Византија паѓа заради долгови
--------------------------------
 Највредната препродадена збирка од Македонија
--------------------------------
 Времената мерка - “Овнов рог”, или половина век
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: