Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?

Вкупно гласови : 8856
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Новости > Дневни новости > Дневни случувања во Македонија
Џонсон Контролс обучува врвен кадар
Сподели на Facebook

Втората фаза од инвестицијата на Џонсон Контролс во фабриката во Бунарџик нема да доцни, бидејќи менаџерскиот тим на компанијата остава простор од 18 месеци до три години за да може квалитетно да го едуцира потребниот стручен кадар.

Од компанијата се на ставот дека само ваков кадар ќе овозможи развој на фабриката каде што се произведува внатрешна електроника наменета за автомобилската индустрија.

Според Џон Барт, генерален директор на Џонсон Контролс инвестицијата вредна 45 милиони ќе ја реализираат во две фази, а само во првата ќе бидат вложени од 20 до 25 милиони евра. Околу бројот на вработените, Барт спомена дека оваа бројка во првата фаза ќе достигне 200 лица, а во втората ќе бидат ангажирани уште толку. Генералниот директор е задоволен што пред пет години компанијата одлучила да инвестира токму во нашата земја.
-Компанијата имаше планови да се шири во реонот на Југоисточна Европа, оти имаме и наши клиенти тука. Фактите покажуваат дека не згрешивме што ја отворивме фабриката во Бунарџик - вели Барт.

Тој посебно нагласи дека пријатно е изненаден од македонскиот менталитет и соработката со Факултетот за електротехника и информатичка технологија, Машинскиот факултет и со Природно-математичкиот каде во моментов тие стипендираат околу 60 студенти.

Бард ги демантираше информациите дека фабриката еден период во август не работела. Тој само појасни дека било одлучено три недели да се користи годишен одмор
Џон Барт како и потпретседателот на Џонсон Контролс Џовани Фиори вчера станаа почесни доктори на технички науки на скопскиот Универзитет "Свети Кирил и Методиј". Ова признание го добија заради нивниот придонес што го имаат направено за нашата економија, што се круниса во 2007 година кога во слободната економска зона Бунарџик почна со работа првата странска гринфилд инвестиција во земјава, фабриката на Џонсон Контролс.

Компанијата инвестираше и во опремување на тренинг центар за студентите на Машинскиот факултет, кој е опремен со најсовремена информатичка опрема и нагледни средства. Тие за студентите-стипендисти организираат секоја година пракса во нивните погони во Европа.

(В.Ма.)

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 5481 пати
Просечна оцена од посетителите
 5 од 5
Оцена:

Запиши
Коментар:

 

сабота, 20 април 2024
Моментно посетители: 6

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Св. мч. Пасикрат, Валентион, Јулиј и др
--------------------------------
 Крај на влијанието од Рим врз Цариград
--------------------------------
 Македонците и базите
--------------------------------
 Поход на Скитите кон Македонија и нивниот крај
--------------------------------
 Пожар во Александриската библиотека од Христијани
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: