Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?

Вкупно гласови : 10096
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Новости > Дневни новости > Дневни случувања во Македонија
Вo Треблинка "осамна" Македонија
Сподели на Facebook

Сивиот камен со натписот Македонија, поставен во паркот на некогашниот нацистички логор Треблинка, од вчера сведочи за државата со најголем процент депортирани Евреи. 98 проценти од македонските Евреи во Втората светска војна завршија во фашистичките логори.

 Од Треблинка никој жив не се врати. 65 години подоцна нивните потомци, во најголем дел прв пат го посетија логорот, велат простуваме, но нема да заборавиме.
- Денеска правиме историски чекор на оддолжување кон сите оние кои беззаветно заминаа, но не беа никогаш заборавени. Ние членовите на Еврејската заедница во Македонија велиме, простуваме, но не заборававаме. Денеска докажавме дека никогаш не ги заборавивме нашите најмили. Каменот на кој гордо испишавме Македонија, го оставаме за сите оние кои веруваа во нас, вели Миодраг Тодоровиќ- Козма, претседател на Македонската еврејска заедница.

7200 Евреи кои по налог на бугарските фашистички власти на 11 март 1943 беа депортирани во Треблинка, повеќе од половина век немаа достојно место во историјата на овој нацистички логор. Досега Евреите од Македонија беа евидентирани како Евреи депортирани од Бугарија.
- За жал, досега македонските Евреи беа вбројувани како жртви на бугарските Евреи, бидејќи во германските документи за транспорт тие беа запишувани како Евреи од Бугарија, вели Јержи Лач, претставник на полските државни власти.

На овој начин, велат од еврејската заедница се исправа една историска неправда. Сега спомен-обележјето јасно сведочи дека овде се останати коските и на македонските Евреи.
Спомен-плочата која се наоѓа веднаш до грчкото обележје ја открија, заменик-министерот за надворешни работи, Зоран Петров и претседателот на Евреската заедница во Македонија. Пристутни беа и заменик-мининистерот за култура, Драган Недељковиќ, македонскиот амбасадор во Полска и претставници на полските државни власти.
- На ова место пред 65 години се убиени 7200 македонски граѓани. На ова место е истребена дел од македонската нација и затоа од исклучително значење е откривањето на каменот на кој пишува Македонија. 1100 од убиение беа деца под десетгодишна возраст и тоа не треба да се заборави, вели заменик-министерот за надворешни работи Петров.

Првите чекори по пристигањето во Треблинка за петнаестината присутни од еврејската заедница беа чекори на страв и сеќавање на минатото за нивните најблиски. Велат сакаме се да дознаеме...

Членот на управниот одбор на Фондот за холокаустот на Евреите од Македонија, Панде Лазаревски, вели дека историјата не треба да ги заборави фактите.
Денес во некогашниот логор на смртта останати се само спомените сокриени во густата борова шума. Фашистичките власти веднаш по затворањето на логорот во ноември 1943 ги уништиле сите објекти кои можат да посведочат за историјата.
Треблинка во себе крие повеќе од 900.000 убиени Евреи.

Марјан Николовски

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 4618 пати
Просечна оцена од посетителите
 
Оцена:

Запиши
Коментар:

 

четврток, 03 јули 2025
Моментно посетители: 31

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Златото на Индија кај Александар
--------------------------------
 Поход на Печенезите во Македонија и нивниот крај
--------------------------------
 Кои се Даките?
--------------------------------
 Заслугите на Анастасие I за градбите по Македонија
--------------------------------
 Планевите на градбите по македонскиот обичај
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: