Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?

Вкупно гласови : 10100
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Новости > Дневни новости > Дневни случувања во Македонија
Македонците на сафари во Ј. Африка
Сподели на Facebook

Нашите тенисери се единствени кои ќе играат во првото коло во групата, а ако го минеме втор противник ни е Белорусија

Македонската тениска репрезентација е единствената која ќе игра во првото коло во Дејвис купот, Прва Евро - Африканска зона (6-8 март) наредната година. Останатите репрезентации од оваа група се слободни.
Вчерашната ждрепка во Мадрид сакаше репрезентацијата на Јужна Африка да и биде прв противник на Македонија, а натпревар ќе го одиграме на теренот на противникот. Ако успееме да ги минеме Јужноафриканците, во второто коло ќе се сретнеме со Белорусија, која беше една од посакуваните селекции за избраниците на Дејан Маринковиќ во наредниот циклус на натпревари во најелитното тениско натпреварување.

Јужна Африка во првото коло дојде од Втората Евро - Африканска зона каде го победи тимот на Монако со (3:0).
- Не ја добивме репрезентацијата што ја посакувавме во првото коло. Јужна Африка и покрај тоа што доаѓа од втората Евро - Африканска зона има играно во елитата. Тие ги имаат Андерсон, кој славел против Ѓоковиќ, а наш хендикеп ќе биде и тоа што ќе играме во март на отворено. Едноставно колку и да тренираме во овој временски период во Европа сите турнири се на затворено. Меѓутоа, нема да има промена на скелетот на репрезентација, Предраг и Лазе ќе ја предводат екипата. Во моментов можно е само промена на четвртиот играч во тимот. Но, имаме долги шест месеци да се подготвиме, бидејќи Јужноафриканците играат на тврда подлога, изјави селекторот Маринковиќ.

Во првото коло слободни се селекциите на: Словачка, Италија, Белорусија, Украина, В. Британија, Полска, Белгија. Сите овие репрезентации ќе играат во второто коло (8-10 мај) во кое се среќаваат: Словачка - Италија, Украина - В. Британија и Полска - Белгија

"Предноста е на страната на Јужноафриканците, но во Дејвис клупот тоа не значи дека ќе загубиме".
Дејан МАРИНКОВИЌ

Русите со најлесен противник во Светската група
Познати се и двојките во Светската група од Дејвис купот за наредната година. Годинашниов финалист Аргентина во првото коло (6-8 март 2009 година) ќе ги одмери силите со повратникот во елитата, селекцијата на Холандија. Вториот финалист, репрезентацијата на Шпанија доби потежок противник. Фуријата ако сака да го повтори успехот од оваа сезона вгодина во првото коло ќе треба да ја елиминира селекцијата на Србија.

Минатогодишниот освојувач на Дејвис Купот, САД во воведното коло ќе се сретне со селекцијата на Швајцарија, а Русија го доби најлесниот противник- Романија.
Останатите двојки за првото коло во Светската група се: Франција - Чешка, Хрватска - Чиле, Израел - Шведска и Австрија - Германија.

(С.Та)

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 4303 пати
Просечна оцена од посетителите
 
Оцена:

Запиши
Коментар:

 

сабота, 05 јули 2025
Моментно посетители: 41

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Кулите како градби во Македонија
--------------------------------
 Македонките заслужни за победата на Аргеј I
--------------------------------
 Прст од раката на Св.Ѓорѓи во Паралово
--------------------------------
 Агрономијата во Македонија од почетокот на XX век
--------------------------------
 Хелените најголеми противници на Македонците
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: