Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?

Вкупно гласови : 8855
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Новости > Дневни новости > Дневни случувања во Македонија
Лидерите утре решаваат дали ќе има избори во март
Сподели на Facebook

Според измените со кои се предлага укинување на цензусот за вториот круг на претседателските избори победник ќе биде оној кандидат кој ќе освои мнозинство гласови од вкупниот број на избирачи кои излегле на гласање без обврска притоа да се изјаснат повеќе од половината од запишаните избирачи.

ДУИ и СДСМ се против ваквите измени. Предлогот не бил ставен на вчерашната владина седница

Предлогот на владеачката ВМРО-ДПМНЕ за уставни измени во делот на избор на Претседател на државата со укинување на цензусот во вториот круг и најавата на Претседателот на Собранието Трајко Вељановски претседателските и локалните избори да се одржат на 15 или 22 март идната година, допрва утре ќе се усогласува на средба на лидерите на четирите најголеми партии во клубот на пратениците. Засега е неизвесно учеството единствено на лидерот на ДПА Мендух Тачи.

Од ВМРО-ДПМНЕ и кабинетот на Вељановски најавија дека идејата е да се олесни и забрза изборот на шефот на државата со тоа што победник во вториот круг на претседателските избори ќе биде оној кандидат кој ќе освои мнозинство гласови од вкупниот број на избирачи кои излегле на гласање без обврска притоа да се изјаснат повеќе од половината од запишаните избирачи. Во партијата сметаат дека на тој начин би се избегнала ситуацијата од претходните избори, со инциденти, полнење кутии и процент на излезност на граница на неопходниот за идниот Претседател да има полн легитимитет.

Вчера и Премиерот Никола Груевски потврди дека Владата ќе предложи уставни измени во делот за избор на Претседател за да се избегне лошата традиција од минатите години.
-Ние не сакаме да ја продолжиме традицијата на полнење кутии, на нерегуларности, на измами за да се достигне некаков цензус. Ние сакаме тоа да го нема во Македонија и да има успешни избори, ако држава независно кој ќе победи. Важно е да имаме успешни избори, бидејќи во спротивно согласно Уставот ќе се случи Претседателот на Собранието да ја преземе улогата на претседател на државата и да се распишат повторно избори со целосна неизвесност дали повторно ќе се случи истото. Нема потреба од влегување во такви политички кризи, трошење на пари, дефокусирања, изјави Груевски.

Тој рече дека за уставните измени деновиве било разговарано со претставници од меѓународната заедница, лидерот на ДУИ Али Ахмети и в.д. лидерот на СДСМ Зоран Заев и дека сите имале позитивен став кон иницијативата. Вчера пак Груевски требаше да се сретне и со Тачи за усогласување на ставовите. Груевски смета дека за реализација на овие измени ќе бидат потребни три месеци, а за во иднина не исклучува нови измени на највисокиот акт.

Сепак кај коалициониот партнер ДУИ и опозициската СДСМ засега не постои расположение за реализација на оваа идеја. Во ДУИ велат дека остануваат на идејата а избор на Претседател во Собранието бидејќи со намален цензус сметаат дека тој не би имал легитимитет. Одлуката треба да биде донесена на денешната седница на Централното Претседателство. Спротивно на најавите на Вељановски, ваквиот предлог не бил ставен на вчерашната владина седница, а не го прошол филтерот ниту на владините комисии.
-На седницата на ЦП претседателот Ахмети ќе не информира за средбите со Груевски. Нашите ставови и се познати на јавноста. Ние сметаме дека во интерес на Македонија е да немаме секоја година избори. Треба да има локални и парламентарни избори, а Претседателот да се бира во Собрание, вели Потпретседателот на ДУИ Рафиз Алити.

Социјал-демократите пак се изненадени од предлогот на Груевски бидејќи тврдат дека тој пред неколку дена го известил Заев единствено за намалување на цензусот на 25 проценти, но не и за укинување.
-Ова е сосема нова ситуација. Продолжува праксата ВМРО-ДПМНЕ да манифестира сила и да иницира измени без претходна консултација со уставни експерти и парламентарните партии. Се сомневаме во искреноста на ВМРО-ДПМНЕ. Својот став ќе го соопштиме најдоцна до средината на идната недела по консултација со експерти, велат во партијата.

Од кабинетот на Претседателот Бранко Црвенковски велат дека со овие измени шефот на државата ќе има помал легитимитет од градоначалниците кои се избираат со цензус од 30 проценти.

Градимир МАРКОВСКИ

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 4125 пати
Просечна оцена од посетителите
 
Оцена:

Запиши
Коментар:

 

петок, 19 април 2024
Моментно посетители: 83

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Најраните почетоци на кино културата во Македонија
--------------------------------
 Прст од раката на Св.Ѓорѓи во Паралово
--------------------------------
 Времената мерка - “Овнов рог”, или половина век
--------------------------------
 Годината на стаорите кои одонесоа милиони во смрт
--------------------------------
 Описи за набивање на колец
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: