Во непосредна близина, јужно од црквата Св. Димитрија, од десната страна на патот, на самите карпи, се наоѓа црквата посветена на чудотворецот Никола.
Подигната е на доминантно место, во стариот дел на градот во непосредна близина на црквата Св. Климент. Над јужниот влез од внатрешноста е откриен натпис од кој дознаваме дека црквата е подигната и живописана во 1477 г.
Западно од рибарската населба-Канео, на една карпеста височинка над самото езеро , се наоѓа црквата посветена на Св. Јован. Подигната е во времето на охридското семејство Теологите околу 1280 година.
Недалеку од Горна Порта, на самиот излез од дворот на Св. Богородица Перивлепта (Св. Климент) се наоѓа малата еднорабна црква посветена на Светиот воин Димитрија.
На самиот излез од Велес, од десната страна на самиот пат кој води кон Градско, се наоѓа манастирот Св. Димитрија.
Овој исклучителен споменик на архитектура и живопис, според натписот кој се наоѓа на задниот влез, од внатрешноста, го подигнал византискиот намесник Прогон Згур, роднина на византискиот император Андроник II Палеолог во 1295 година.
Во групата цркви сместени на Скопска Црна Гора припаѓа црквата Свети Спас, во село Кучевиште, посветена на Светото Воведение Богородичино. Таа е една од најстарите цркви во тој крај.
Во селото Лешок постојат две цркви посветени на светецот Атанасиј- едната е од постар, а втората од понов датум.
Во непосредна близина на скопското село Љуботен сместено на падините на планинскиот масив Скопска Црна Гора, е подигната црква посветена на свети Никола.
Манастирската црква посветена на светецот Леонтиј се наоѓа во селото Водоча, во близина на Струмица. Планинскиот амбиент ја засилува нејзината духовна убавина и, воедно, ја прави оваа црква различна во секоја сезона од годината.
Родум е од Витлеем, од племето Јудино. Се учел кај св. Симеон Богопримецот во Ерусалим.
Браќата Манаки 1905 год. во Битола отвараат ново “Студио за уметничка фотографија“ и учествуваат на големата светска изложба на фотографии во романскиот град Синаја 1906 година каде освојуваат прво место и златен медал за нивната фотографска колекција.
“Дромон” е најпознатиот византиски воен брод на весла низ Егејското море и Средоземјето. Се развива од римската “бирема”.
Врз основ на Турските архиви повеќе историчари од Балканот, потврдуваат дека Мариово во XVI XVII век уживало извесна “земска автономија” со “земски кметови”
Св. ап. Тимотеј е еден од седумдесетте апостоли. Роден е во Листра Ликаонска.Св. апостол Павле ги пофалува мајката и бабата заради нелицемерната вера (II Тим. 1, 45).