Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?






Вкупно гласови : 9388
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
За Македонија > Единствено во Македонија > Дали знаете дека?
Свешт. мч. Игнатиј Богоносец
Сподели на Facebook

Овој свет човек е наречен Богоносец затоа што постојано во своето срце и на јазикот го носел името на живиот Бог.

А уште, според преданието, тој е наречен Богоносец и затоа што бил земен во рацете од Бога овоплотениот Исус Христос. Во оние денови кога Господ ги поучувал Своите ученици на смирение зел едно дете и ставајќи го помеѓу нив, им рекол: Кој, пак, ќе се смири како ова дете, тој е поголем во царството небесно (Мт. 18:4). Тоа дете бил Игнатиј. Подоцна Игнатиј бил ученик кај св. Јован Богослов заедно со Поликарп, епископот Смирнски. Како епископ во Антиохија, тој управувал со Божјата Црква како добар пастир и прв го вовел антифонскиот начин на пеење во Црквата, т.е. пеење на две певници, така што кога пеењето на едната страна ќе престанело, на дургата започнувало. Таков начин на пеење му се открил на св. Игнатиј помеѓу ангелите на небесата.

Кога царот Трајан поминувал низ Антиохија, одејќи во војна против Персијанците, дознал за Игнатиј, го повикал кај себе и почнал да го советува да принесе жртва на идолите, па потоа ќе му дадел чин сенатор. Откако биле залудни и советите и заплашувањата на царот, св. Игнатиј бил окован во железо и во придружба на десет немилосрдни војници бил испратен во Рим за да биде фрлен пред ѕверовите. Игнатиј се радувал на страдањето за својот Господ и само се молел на Бога ѕверовите да бидат гроб за неговото тело и никој да не го попречи во таа смрт.

По долго и тешко патување од Азија преку Тракија, Македонија и Епир, Игнатиј пристигнал во Рим каде што бил фрлен пред лавовите во циркусот. Лавовите го растргнале и го изеле, а оставиле само неколку поголеми коски и срцето. Овој славен љубител на Господа Христа пострадал во 106 година во Рим за време на христоборниот цар Трајан. Се јавувал повеќе пати од оној свет и правел чуда, помагајќи му на секого сé до денес, на секого кој го повикува на помош.

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 8021 пати
Просечна оцена од посетителите
 
Оцена:




 
Запиши
Коментар:

 

петок, 06 декември 2024
Моментно посетители: 127

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Тајната на сребрената рака на Св. Богородица
--------------------------------
 Првиот златен медал на македонски фотографи
--------------------------------
 “Бранденбург” единици (II светска војна)
--------------------------------
 На една минута Македонија во 50 Библии
--------------------------------
 Александриската библиотека
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: