Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?






Вкупно гласови : 7719
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Новости > Дневни новости > Дневни случувања во Македонија
Среќно Некст тајм!
Сподели на Facebook
Близнаците Мартин и Стефан Филиповски, познати како Некст тајм со песната "Нешто што ќе остане" денеска во Москва, на првата полуфинална вечер ќе ја претставуваат Македонија на изборот за Песна на Евровизија.

Во конкуренција од 42 земји-учеснички рок-дуото ќе настапи под реден број 13. Втората полуфинална вечер е на 14 мај, а големото евровизиско финале е два дена подоцна. Досега, Македонија на Евросонг ја претставуваа триото Тамара, Врчак и Адријан, Елена Ристеска, Мартин Вучиќ, Тоше Проески, на два пати Каролина Гочева, XXL и Владо Јаневски. Првата генерална проба вчера Некст тајм звучеа одлично, режисерот ја прикажа неколку пати во полн сјај целата сцена за време на нашата песна, а впечатлив е и моментот кога Стефан легнува на сцената на крајот на рефренот. Стефан вели:" Нема да мислиме на тоа дека не гледаат повеќе од 100 милиони гледачи, тоа би било опасно. Ќе се концентрираме само на песната и настапот"!
Среќно за Македонија, Некст Тајм и "Нешто што ќе остане"!

Босна фаворит во првото полуфинале
Кога станува збор за евровизиската атмосфера во Москва по завршувањето на пробите во Олимписката арена, завчера се одржа фантастичен прием за сите пејачи, делегации и новинари во евровизискиот клуб. Новина беше поставувањето црвена патека за ѕвездите на фестивалот, па така се создаде скоро Оскаровска атмосфера! Организацијата беше совршена, а воодушевувањето огромно кога се појавија на сцената блескави имиња од евровизиската историја. Своите евровизиски хитови ги отпеаја Лис Асиа (првата победничка на Евровизија), Алсу, Руслана, контроверзните Тату, Марија Шерифовиќ, Дима Билан...

Вчера се одржаа две генерални проби, а денеска е третата генерална проба и првото полуфинале. Интересно е што на интерната обложувалница за првото полуфинале се уште е фаворит Босна и Херцеговина, но Турција падна на третото место, а на второто се искачи Исланд со преубава балада. Кјара од Малта не ја крие амбицијата да победи, а вели и дека смета на гласовите на бројните фанови кои досега стопроцентно ја поддржувале во Бирмингем, 1998 година каде го освои третото место, а во Киев 2005 година беше втора.

54-то издание на Евросонг во Москва ќе се памети по повеќе рекорди: најголема сцена досега, најголемиот буџет од 30 милиони евра, вкупно 8000 акредитирани учесници, новинари и фанови... Во Олимписката арена ќе има 20 илјади гледачи, а телевизискиот преносот ќе го врши рускиот Канал 1 со 24 камери. Што се однесува до правилата на ЕБУ, за двете полуфинални вечери остануваат исти: 9 песни влегуваат во финале од телевоутинг, а десеттата благодарение на гласовите на жирито. Денеска ќе се натпреваруваат 18 , а на 14 мај 19 држави. Ново е следното правило: во финалето каде ќе настапат 25 држави, се гласа на принцип 50-50, телевоутинг - стручно жири (во секоја земја жирито е составено од 5 професионалци од областа на музиката).


М. Рашиќ

12.05.2009

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 1865 пати
Просечна оцена од посетителите
 1 од 5
Оцена:




 
Запиши
Коментар:

 

вторник, 04 август 2020
Моментно посетители: 17

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Кошула за вардење од уроци
--------------------------------
 Најквалитетниот опиум на светот – македонскиот
--------------------------------
 Полумесечината симбол од Филип II Македонски
--------------------------------
 Ала уд Дин Мухамед Калдји, втор Александар
--------------------------------
 Воените лукавства
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: