Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?






Вкупно гласови : 8828
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Новости > Дневни новости > Дневни случувања во Македонија
Македонија се поклони пред гемиџиите
Сподели на Facebook
Имињата на солунските атентатори денеска не се само паметник на кој се навраќаме под налетот на патриотизмот туку тие се длабоко врежани во македонските корени. Македонија во себе го носи духот на Гемиџиитее, рече новизбраниот градоначалник на Велес, Горан Петров.

Велешани им оддадоа почит на велешките гемиџии. Претставници на Општината, политичките партии, Сојузот на борците и граѓани на споменикот на Гемиџиите, што се наоѓа на брегот на Вардар, во центарот на Велес, положија цвеќе.

Имињата на солунските атентатори денеска не се само паметник на кој се навраќаме под налетот на патриотизмот туку тие се длабоко врежани во македонските корени. Македонија во себе го носи духот на Гемиџиите", рече новоизбраниот градоначалник на Велес, Горан Петров.
Гемиџиите, со мотото "Се арчиме за Македонија" во 1903 година во Солун, за да го свртат вниманието на светската и европската јавност за тешкиот живот на македонскиот народ под турско ропство, ги извеле познатите солунски атентати. Тие биле единствени да ги жртвуваат своите млади животи за Македонија. Нивното име ја симболизира нивната решеност - гемијата пуштена да плови по бурно море ако има среќа ќе стигне до мирен пристан, а ако не, ќе се скрши од некоја карпа. Со експлозија ги кренале во воздух Отоманската банка, Поштата, железничката линија, бродот Гвадалхивирр, централата и други објекти. Со извршените дела Гемиџиите биле предвесници на големото Илинденско востание.

Имињата на дванаесеттемина борци за слобода за Македонија: Орце Поп Јорданов, Констадин Кирков, Илија Трчков, Димитар Мечев, Владимир Пингов, Тодор и Ѓорѓи Богданови, Тодор Органџиев, Милан Арсов сите од Велес, Павле Шатев од Кратово и Марко Бошњаков од Охрид се патоказ во борбата за зачувување на сомостојноста и независноста на Македонија. Изведувајќи ги атентатите во Солун, Гемиџиите не дозволиле, во објектите што ги дигнале во воздух, да има ниту една друга жртва, освен нив самите кој се заколнале дека по извршеното дело ќе го дадат својот живот за Македонија.

Вчера и на гробот на најмладиот гемиџија Милан Арсов и на спомен гробот на војводата Јован Наумов Алабаков, во велешкото село Ораовец, беше положено цвеќе и беа запалени свеќи.

(С.А.)

28.04.2009

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 1698 пати
Просечна оцена од посетителите
 
Оцена:




 
Запиши
Коментар:

 

петок, 29 март 2024
Моментно посетители: 30

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Светло и поплочување на градови, дело на Македонци
--------------------------------
 Ала уд Дин Мухамед Калдји, втор Александар
--------------------------------
 Македонците ги носат слоновите во Европа
--------------------------------
 Први жртви на II Светска војна - Македонците
--------------------------------
 Целиот учен свет на антиката – во Александрија
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: