Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?






Вкупно гласови : 7448
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Етнологија > Наративно народно творештво > Македонски поговорки
Македонски народни поговорки (Г)
Сподели на Facebook
  • Гавран со гавран, а сокол со сокол.
  • Гаду очи.
  • Гал одлета, сокол долета.
  • Галон колку старејт, толку црнејт.
  • Гладен 'рт и дивјачки јајт.
  • Гладен вълк постред село ојт.
  • Гладен од Бъдник до Божик.
  • Гладна кокошка просо сонвит.
  • Гладна мечка оро не играт.
  • Гладот е најглема сила.
  • Гладот е најголема неоља.
  • Гласот е побрз од ветар.
  • Глата в ношви, ръцете на тилот.
  • Глата динамит не му је цепит.
  • Глата мојт да соберит појќе од морено.
  • Глата му обелела, умот не му дошол.
  • Глата прајт, глата тргат.
  • Глата прајт, ноѕете тргет.
  • Глата ти (му) је кршам, атарот не ти (му го кршам.
  • Глобок збор: езеро, море.
  • Глобока вода брод немат, убао моме род немат.
  • Глобока вода брод немат.
  • Глушецот отишол у глуфците.
  • Гљај го пијаницата, пожаљај му 'и децата.
  • Гљај си го пътот, скрши си го вратот.
  • Гљајте слепи, слушајте глуви!
  • Го (ј е) дупнала Марта во гъзот. (Многу мрзлив).
  • Го (ј е) жаљаш ко мајка ти да го (је) родила.
  • Го (је) држит за перчин. (Господар е над некого).
  • Го (ме, те, је, не, ве 'и) вапца.
  • Го (те) боцкет (боцкале) паричките.
  • Го бацил татка си в гъз. (Има исти особини како татко му).
  • Го гребала нестата котлето.
  • Го извлекол подебелиот крај.
  • Го изел бијолот, се удазл со опашката.
  • Го јадет плешчине за дрео (за етап).
  • Го јајт грбон за етап (за дрео).
  • Го клала нестата прстот на зелникот (комадот).
  • Го најде мајсторот. (Удри на опитен човек).
  • Го најде попот, ја најде и попаѓата.
  • Го намамил на гнила шчица.
  • Го намамил на слаб мраз.
  • Го обравме бостанот.
  • Го остајл ѓаолот, се нашол со врагот (со сатаната).
  • Го остајл стадото на вълк.
  • Го остајл „доброто утро" на врата.
  • Го остајле питомјот, го барет дивјот.
  • Го перит, а не го остат да плачит.
  • Го поканиле магарето на свадба, ама му рекле и самарот да си го зејт.
  • Го полазила чужџа вошка.
  • Го превртил листот.
  • Го препливал морето, се удајл на крајот.
  • Го префрлил жеден преку вода.
  • Го пушчив да чукат со ушите круши.
  • Го сакат ко куче етап.
  • Го стискат гъзот, дури влакно ќинит.
  • Го фатал шчркољот (шчркологот).
  • Го фатил волот (прчот) за рогој.
  • Го фатил кокошкин съмрак.
  • Го фатила чумата за врат.
  • Го(је) зела мътната. (Го (је) зеле мътните).
  • Говорам ти ќерко, дошикај се снао.
  • Годините и гајлињата не может да се сткријет.
  • Гол ко од мајка роден, (сосем сиромав).
  • Гол чвек за на бана.
  • Гола коска ни куче не сакат.
  • Гола сиромашчија, готва болест.
  • Голем амбар со кутле не се пълнит.
  • Голем град, мали гробишча, (така велат за Охрид).
  • Голем збор: мечка, планина.
  • Голем та несолен, (Голем та неасален).
  • Големата риба во мала вода не живејт.
  • Големата риба голема вода барат .
  • Големата риба је јајт помалата,
  • Голо здравје, готва болест.
  • Гологлај работале, бунџоглај ќердосале.
  • Горниот да му дојт до ак. (Горниот да му платит).
  • Господ бој му дал, ама ум не му дал.
  • Господ високу, а царот далеку.
  • Господ грев да не ми (ти) клајт (пишит).
  • Господ грев ќе ти пишит.
  • Господ да ме бранит од будали пријатели, а од душманите ќе се бранам сам.
  • Господ да ме вардит од пријателите, а од душманите сам ќе се вардам.
  • Господ да не те остајт со едно око и со едно дете.
  • Господ да те бранит да си измеќар на бел коњ и на калуѓер.
  • Господ да те бранит од гладна вошка.
  • Господ да те бранит од голи дебрани,
  • Господ да те бранит од голи фодули.
  • Господ да те бранит од дълги стапој и ниски тавани.
  • Господ да те бранит од дълги стапој и тесни сокаци.
  • Господ да те бранит од кретен ѓаол.
  • Господ да те бранит од крстен ѓаол.
  • Господ да те бранит од ќосе, од ќор и од сакат.
  • Господ да те бранит од лош брич и од лоша жена.
  • Господ да те бранит од нов чорбаџија,
  • Господ да те бранит од оган, вода и од лоша жена.
  • Господ да те бранит од пијана жена и од бесна свиња.
  • Господ да те бранит од покондурен опинок.
  • Господ да те бранит од полошо (од бетар).
  • Господ да те бранит од тап брич и од проста жена.
  • Господ да те бранит од учени луѓе, колку поучени, толку по будали.
  • Господ да те бранит од учени луѓе, колку поучени, толку побудали.
  • Господ да те бранит од учени луѓе.
  • Господ дал, господ зел.
  • Господ дат, ама низ опак не пушчат.
  • Господ душа сакат.
  • Господ забат, ама не заборат.
  • Господ и на шега (мајтап) дат.
  • Господ љубовта да им ја артерисат.
  • Господ милоста да им ја умножит.
  • Господ не гљат на љуѓето, ами на срцата.
  • Господ не е мачка да те драпнит одеднош.
  • Господ не одбират, а собират.
  • Господ ни куцата овца не ја остат.
  • Господ прво умот ќе му го зејт на чвека, а после стоката.
  • Господ се распасал.
  • Господ чвека без пријатељ да не го остајт.
  • Господи брани од будали луѓе.
  • Господи брани од голи дебрани!
  • Господи брани од женска беља.
  • Господи брани слепо (ќоро) да прогљат.
  • Гостинот јајт шчо ќе му ставиш, а не шчо сакат.
  • Готва стока — готој пари.
  • Готој пари и печен леб лесно се јадет.
  • Грабено — кълнато.
  • Градот глад не прајт, ама тешко ке ќе удрит.
  • Грба не се исправјат (не се правит).
  • Грбата в гроб се правит.
  • Грбата ни в гроб не се исправјат (не се правит).
  • Грбата само в гроб се исправјат.
  • Грдата жена берит куќа, а личната (убата) берит панаѓур.
  • Грејт сънце в але.
  • Греот во меот, (под меот), душата на круша.
  • Грешит поп во книга, а не магаре во нива.
  • Грешките се по инсанот (љуѓето).
  • Грмит не врнит.
  • Гробишча од глад немат.
  • Гробу на врата, (дошол).
  • Грош години се сторил (се сторила).
  • Гъз за гъз, поарно својот.
  • Гъз и гашчи.
  • Гъз и нос не знгъет за чест.
  • Гъз преку гла.
  • Гъз пукат.
  • Гъз точит коприна.
  • Гъзот земјојна ти (му, је) мирисат.
  • Гъзот не велит ејвала.
  • Гъзот не си го помрдвит.
  • Гънчарот знъјт од која стърна да му ја клајт ръчката на грнето.

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 5811 пати
Просечна оцена од посетителите
 3,83 од 5
Оцена:




 
Запиши
Коментар:

 

среда, 23 август 2017
Моментно посетители: 20

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Св. ап. Матиј
--------------------------------
 Највредната препродадена збирка од Македонија
--------------------------------
 Св. Прохор Пчињски
--------------------------------
 Првиот златен медал на македонски фотографи
--------------------------------
 Тајната на сребрената рака на Св. Богородица
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: