Македонски народни поговорки (Г)

- Гавран со гавран, а сокол со сокол.
- Гаду очи.
- Гал одлета, сокол долета.
- Галон колку старејт, толку црнејт.
- Гладен 'рт и дивјачки јајт.
- Гладен вълк постред село ојт.
- Гладен од Бъдник до Божик.
- Гладна кокошка просо сонвит.
- Гладна мечка оро не играт.
- Гладот е најглема сила.
- Гладот е најголема неоља.
- Гласот е побрз од ветар.
- Глата в ношви, ръцете на тилот.
- Глата динамит не му је цепит.
- Глата мојт да соберит појќе од морено.
- Глата му обелела, умот не му дошол.
- Глата прајт, глата тргат.
- Глата прајт, ноѕете тргет.
- Глата ти (му) је кршам, атарот не ти (му го кршам.
- Глобок збор: езеро, море.
- Глобока вода брод немат, убао моме род немат.
- Глобока вода брод немат.
- Глушецот отишол у глуфците.
- Гљај го пијаницата, пожаљај му 'и децата.
- Гљај си го пътот, скрши си го вратот.
- Гљајте слепи, слушајте глуви!
- Го (ј е) дупнала Марта во гъзот. (Многу мрзлив).
- Го (ј е) жаљаш ко мајка ти да го (је) родила.
- Го (је) држит за перчин. (Господар е над некого).
- Го (ме, те, је, не, ве 'и) вапца.
- Го (те) боцкет (боцкале) паричките.
- Го бацил татка си в гъз. (Има исти особини како татко му).
- Го гребала нестата котлето.
- Го извлекол подебелиот крај.
- Го изел бијолот, се удазл со опашката.
- Го јадет плешчине за дрео (за етап).
- Го јајт грбон за етап (за дрео).
- Го клала нестата прстот на зелникот (комадот).
- Го најде мајсторот. (Удри на опитен човек).
- Го најде попот, ја најде и попаѓата.
- Го намамил на гнила шчица.
- Го намамил на слаб мраз.
- Го обравме бостанот.
- Го остајл ѓаолот, се нашол со врагот (со сатаната).
- Го остајл стадото на вълк.
- Го остајл „доброто утро" на врата.
- Го остајле питомјот, го барет дивјот.
- Го перит, а не го остат да плачит.
- Го поканиле магарето на свадба, ама му рекле и самарот да си го зејт.
- Го полазила чужџа вошка.
- Го превртил листот.
- Го препливал морето, се удајл на крајот.
- Го префрлил жеден преку вода.
- Го пушчив да чукат со ушите круши.
- Го сакат ко куче етап.
- Го стискат гъзот, дури влакно ќинит.
- Го фатал шчркољот (шчркологот).
- Го фатил волот (прчот) за рогој.
- Го фатил кокошкин съмрак.
- Го фатила чумата за врат.
- Го(је) зела мътната. (Го (је) зеле мътните).
- Говорам ти ќерко, дошикај се снао.
- Годините и гајлињата не может да се сткријет.
- Гол ко од мајка роден, (сосем сиромав).
- Гол чвек за на бана.
- Гола коска ни куче не сакат.
- Гола сиромашчија, готва болест.
- Голем амбар со кутле не се пълнит.
- Голем град, мали гробишча, (така велат за Охрид).
- Голем збор: мечка, планина.
- Голем та несолен, (Голем та неасален).
- Големата риба во мала вода не живејт.
- Големата риба голема вода барат .
- Големата риба је јајт помалата,
- Голо здравје, готва болест.
- Гологлај работале, бунџоглај ќердосале.
- Горниот да му дојт до ак. (Горниот да му платит).
- Господ бој му дал, ама ум не му дал.
- Господ високу, а царот далеку.
- Господ грев да не ми (ти) клајт (пишит).
- Господ грев ќе ти пишит.
- Господ да ме бранит од будали пријатели, а од душманите ќе се бранам сам.
- Господ да ме вардит од пријателите, а од душманите сам ќе се вардам.
- Господ да не те остајт со едно око и со едно дете.
- Господ да те бранит да си измеќар на бел коњ и на калуѓер.
- Господ да те бранит од гладна вошка.
- Господ да те бранит од голи дебрани,
- Господ да те бранит од голи фодули.
- Господ да те бранит од дълги стапој и ниски тавани.
- Господ да те бранит од дълги стапој и тесни сокаци.
- Господ да те бранит од кретен ѓаол.
- Господ да те бранит од крстен ѓаол.
- Господ да те бранит од ќосе, од ќор и од сакат.
- Господ да те бранит од лош брич и од лоша жена.
- Господ да те бранит од нов чорбаџија,
- Господ да те бранит од оган, вода и од лоша жена.
- Господ да те бранит од пијана жена и од бесна свиња.
- Господ да те бранит од покондурен опинок.
- Господ да те бранит од полошо (од бетар).
- Господ да те бранит од тап брич и од проста жена.
- Господ да те бранит од учени луѓе, колку поучени, толку по будали.
- Господ да те бранит од учени луѓе, колку поучени, толку побудали.
- Господ да те бранит од учени луѓе.
- Господ дал, господ зел.
- Господ дат, ама низ опак не пушчат.
- Господ душа сакат.
- Господ забат, ама не заборат.
- Господ и на шега (мајтап) дат.
- Господ љубовта да им ја артерисат.
- Господ милоста да им ја умножит.
- Господ не гљат на љуѓето, ами на срцата.
- Господ не е мачка да те драпнит одеднош.
- Господ не одбират, а собират.
- Господ ни куцата овца не ја остат.
- Господ прво умот ќе му го зејт на чвека, а после стоката.
- Господ се распасал.
- Господ чвека без пријатељ да не го остајт.
- Господи брани од будали луѓе.
- Господи брани од голи дебрани!
- Господи брани од женска беља.
- Господи брани слепо (ќоро) да прогљат.
- Гостинот јајт шчо ќе му ставиш, а не шчо сакат.
- Готва стока — готој пари.
- Готој пари и печен леб лесно се јадет.
- Грабено — кълнато.
- Градот глад не прајт, ама тешко ке ќе удрит.
- Грба не се исправјат (не се правит).
- Грбата в гроб се правит.
- Грбата ни в гроб не се исправјат (не се правит).
- Грбата само в гроб се исправјат.
- Грдата жена берит куќа, а личната (убата) берит панаѓур.
- Грејт сънце в але.
- Греот во меот, (под меот), душата на круша.
- Грешит поп во книга, а не магаре во нива.
- Грешките се по инсанот (љуѓето).
- Грмит не врнит.
- Гробишча од глад немат.
- Гробу на врата, (дошол).
- Грош години се сторил (се сторила).
- Гъз за гъз, поарно својот.
- Гъз и гашчи.
- Гъз и нос не знгъет за чест.
- Гъз преку гла.
- Гъз пукат.
- Гъз точит коприна.
- Гъзот земјојна ти (му, је) мирисат.
- Гъзот не велит ејвала.
- Гъзот не си го помрдвит.
- Гънчарот знъјт од која стърна да му ја клајт ръчката на грнето.
|