Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?






Вкупно гласови : 7712
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Етнологија > Наративно народно творештво > Македонски поговорки
Македонски народни поговорки (Б)
Сподели на Facebook
  • Баба мъмит, трап не мъмит.
  • Багла бегири за плотот.
  • Бадјала ќиселина поблага од мед.
  • Бадјала работај, бадјала не седи.
  • Бадјала ручег подувјат.
  • Бало со ѓаол не се играт.
  • Барај късмед во работата, а не во надежта.
  • Барај му 'и на даскал от назад парите.
  • Барат беља со борина.
  • Барат беља со пари.
  • Барат влакно в јајце.
  • Барат игла в плева (в плевна).
  • Барат сешчо ко трудна жена.
  • Барат шута рогој, ќе 'и загинит и ушите.
  • Барут и оган не се клавет едно до друго.
  • Бачило од свинки не се прајт.
  • Бегај далеку од белезано нешчо.
  • Бегајте ноѕе, ве испосра гъз.
  • Бегал од ѓаолот, паднал на врагот (на сатаната).
  • Бегат како од чума (од рофја).
  • Бегат ко ѓаол од крст (од темјан).
  • Бегат ко Евреин од крст.
  • Бежаноа мајка црно не носила, туку Стојаноа.
  • Бежаноа мајка црно не носила.
  • Без алат нема занает.
  • Без белачка нема живјачка.
  • Без бога ни до прагон.
  • Без здравје немат богатство.
  • Без Камбера свадба не се прајт.
  • Без ќар ти го продам.
  • Без мъка немат наука.
  • Без мъка ни песма не се испевјат.
  • Без неоља немат богу мољба.
  • Без нож ме (го, те) колиш (колит).
  • Без пот немат бериќет.
  • Без работа (пот) леб немат.
  • Без работа, без леб; без работа, без чест.
  • Без слобода ко риба без вода.
  • Без татко полојна сирак, без мајка цел сирак.
  • Без чарк водејнца не мелит.
  • Бела - дење свешча не се палит.
  • Бели пари за црни дни.
  • Белите ръце чужџа работа барет.
  • Бело ми е лицево, ама црно ми е срцево.
  • Бело му е лицено, ама црно му е срцено.
  • Бељата е во торбата.
  • Бељата е сирак.
  • Бељвица - рибица.
  • Берберон секакви глај стрижит, та и ќељај.
  • Бери мъжи, тъжи.
  • Бесен гъз крвав нос.
  • Бесот гла ѓинит.
  • Би брак помина.
  • Биљбиљот од јъзикот си тргат.
  • Бистра водица, мирна главица.
  • Битисае мъмлешките, битисае и парите.
  • Блага водичка, потурнилебец.
  • Благиот збор и железна врата отворат.
  • Благо (бакла) секој јајт.
  • Блаѕе на вредната ръка.
  • Блаѕе на тој шчо дат, а не барат.
  • Блаѕе на тој шчо имат бел образ.
  • Блаѕе на умната гла и вредната ръка.
  • Блаѕе си је на мајка ти (му).
  • Блаѕе си ми кога имам кој да ме перит.
  • Блаѕе си ми кога имат (имам) кој да ме перит, тешко мене кога немат (немам) кој да ме перит.
  • Блаѕе си му на белјот образ.
  • Блаѕе си му на умниот меѓу будалите.
  • Блаѕе си ти бре будала!
  • Блаѕе та мајка шчо го родила, (шчо те родила)!
  • Ближната 'рж е поблага од далечната чејнца
  • Бог да прости кој (тој шчо) остајл.
  • Божик идат, со шчо ќе не најт?
  • Болен здрав носит.
  • Болна жената, болна и куќата.
  • Болниот малу јајт, ама многу арџит.
  • Борџот е лош другар.
  • Бостанот го обравме, остана ушче да ја запалиме колибата.
  • Боцни пръчка, пи вино!
  • Брада му порастила, ама умот не.
  • Брада царска, а гла водејнчарска.
  • Брак и гости куќа пусти.
  • Браос, бре Гапе, падна, ама не се изваљка.
  • Брат (сестра) само мајка рожџат.
  • Брат без помош, враг се викат.
  • Брат брата не ранит, тешко тој шчо го немат.
  • Брат за брата, сирењето со пари.
  • Брат по брата, сите низ врата.
  • Брат помогнат од брат, појак е од еден град.
  • Брат против брат, полош е од најголем враг.
  • Брате, брате, пълна уста.
  • Братската љубов појака е и од железно кале.
  • Брезо магаре не е едно.
  • Брз ко ајта.
  • Брза помош — двојна помош.
  • Брзата вода бргу истеквит.
  • Брзата кучка слепи рожџат (слепкчишча).
  • Брзата работа брзо се расипвит.
  • Бркавме вълк, излезе лисица.
  • Бркај го лошото дури не ти дошло (дома).
  • Будалата ак'о имаше рогој, сите ќе го познаве.
  • Будалата и на брашно се смејт.
  • Будалата немат рогој.
  • Будалата се смејт и кога не е за смеење.

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 9177 пати
Просечна оцена од посетителите
 4,71 од 5
Оцена:




 
Запиши
Коментар:

 

четврток, 02 јули 2020
Моментно посетители: 19

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Св. мч. Георгиј Кратовски
--------------------------------
 Абодрити, словенско племе во Дакија
--------------------------------
 Времената мерка - “Овнов рог”, или половина век
--------------------------------
 Дахија највисок јаничарски чин
--------------------------------
 Дисциплината кај војската на Македонците
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: