Македонски народни поговорки (Б)
                  
                
    - Баба мъмит, трап не мъмит.
 
    - Багла бегири за плотот.
 
    - Бадјала ќиселина поблага од мед.
 
  
                
    - Бадјала работај, бадјала не седи.
 
    - Бадјала ручег подувјат.
 
    - Бало со ѓаол не се играт.
 
    - Барај късмед во работата, а не во надежта.
 
    - Барај му 'и на даскал от назад парите.
 
    - Барат беља со борина.
 
    - Барат беља со пари.
 
    - Барат влакно в јајце.
 
    - Барат игла в плева (в плевна).
 
    - Барат сешчо ко трудна жена.
 
    - Барат шута рогој, ќе 'и загинит и ушите.
 
    - Барут и оган не се клавет едно до друго.
 
    - Бачило од свинки не се прајт.
 
    - Бегај далеку од белезано нешчо.
 
    - Бегајте ноѕе, ве испосра гъз.
 
    - Бегал од ѓаолот, паднал на врагот (на сатаната).
 
    - Бегат како од чума (од рофја).
 
    - Бегат ко ѓаол од крст (од темјан).
 
    - Бегат ко Евреин од крст.
 
    - Бежаноа мајка црно не носила, туку Стојаноа.
 
    - Бежаноа мајка црно не носила.
 
    - Без алат нема занает.
 
    - Без белачка нема живјачка.
 
    - Без бога ни до прагон.
 
    - Без здравје немат богатство.
 
    - Без Камбера свадба не се прајт.
 
    - Без ќар ти го продам.
 
    - Без мъка немат наука.
 
    - Без мъка ни песма не се испевјат.
 
    - Без неоља немат богу мољба.
 
    - Без нож ме (го, те) колиш (колит).
 
    - Без пот немат бериќет.
 
    - Без работа (пот) леб немат.
 
    - Без работа, без леб; без работа, без чест.
 
    - Без слобода ко риба без вода.
 
    - Без татко полојна сирак, без мајка цел сирак.
 
    - Без чарк водејнца не мелит.
 
    - Бела - дење свешча не се палит.
 
    - Бели пари за црни дни.
 
    - Белите ръце чужџа работа барет.
 
    - Бело ми е лицево, ама црно ми е срцево.
 
    - Бело му е лицено, ама црно му е срцено.
 
    - Бељата е во торбата.
 
    - Бељата е сирак.
 
    - Бељвица - рибица.
 
    - Берберон секакви глај стрижит, та и ќељај.
 
    - Бери мъжи, тъжи.
 
    - Бесен гъз крвав нос.
 
    - Бесот гла ѓинит.
 
    - Би брак помина.
 
    - Биљбиљот од јъзикот си тргат.
 
    - Бистра водица, мирна главица.
 
    - Битисае мъмлешките, битисае и парите.
 
    - Блага водичка, потурнилебец.
 
    - Благиот збор и железна врата отворат.
 
    - Благо (бакла) секој јајт.
 
    - Блаѕе на вредната ръка.
 
    - Блаѕе на тој шчо дат, а не барат.
 
    - Блаѕе на тој шчо имат бел образ.
 
    - Блаѕе на умната гла и вредната ръка.
 
    - Блаѕе си је на мајка ти (му).
 
    - Блаѕе си ми кога имам кој да ме перит.
 
    - Блаѕе си ми кога имат (имам) кој да ме перит, тешко мене кога немат (немам) кој да ме перит.
 
    - Блаѕе си му на белјот образ.
 
    - Блаѕе си му на умниот меѓу будалите.
 
    - Блаѕе си ти бре будала!
 
    - Блаѕе та мајка шчо го родила, (шчо те родила)!
 
    - Ближната 'рж е поблага од далечната чејнца
 
    - Бог да прости кој (тој шчо) остајл.
 
    - Божик идат, со шчо ќе не најт?
 
    - Болен здрав носит.
 
    - Болна жената, болна и куќата.
 
    - Болниот малу јајт, ама многу арџит.
 
    - Борџот е лош другар.
 
    - Бостанот го обравме, остана ушче да ја запалиме колибата.
 
    - Боцни пръчка, пи вино!
 
    - Брада му порастила, ама умот не.
 
    - Брада царска, а гла водејнчарска.
 
    - Брак и гости куќа пусти.
 
    - Браос, бре Гапе, падна, ама не се изваљка.
 
    - Брат (сестра) само мајка рожџат.
 
    - Брат без помош, враг се викат.
 
    - Брат брата не ранит, тешко тој шчо го немат.
 
    - Брат за брата, сирењето со пари.
 
    - Брат по брата, сите низ врата.
 
    - Брат помогнат од брат, појак е од еден град.
 
    - Брат против брат, полош е од најголем враг.
 
    - Брате, брате, пълна уста.
 
    - Братската љубов појака е и од железно кале.
 
    - Брезо магаре не е едно.
 
    - Брз ко ајта.
 
    - Брза помош — двојна помош.
 
    - Брзата вода бргу истеквит.
 
    - Брзата кучка слепи рожџат (слепкчишча).
 
    - Брзата работа брзо се расипвит.
 
    - Бркавме вълк, излезе лисица.
 
    - Бркај го лошото дури не ти дошло (дома).
 
    - Будалата ак'о имаше рогој, сите ќе го познаве.
 
    - Будалата и на брашно се смејт.
 
    - Будалата немат рогој.
 
    - Будалата се смејт и кога не е за смеење.
 
  
             |