Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?

Вкупно гласови : 8862
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Етнологија > Наративно народно творештво > Македонски поговорки
Македонски народни поговорки (А)
Сподели на Facebook
  • А бидам зет (неста) ушче еднош, знъм како да гувјам.
  • А со грнето по камен, а со каменот по грне — тешко на грнето.
  • Ај без пари си бил, ај без ум си бил.
  • А бидам зет (неста) ушче еднош, знъм како да гувјам.
  • А со грнето по камен, а со каменот по грне — тешко на грнето.
  • Ај без пари си бил, ај без ум си бил.
  • Ај без пари, ај без ум, се едно ти е.
  • Ај нему си му зборвал, ај на дрво.
  • Ајванот немат јъзик, та не знъјт да кажит шчо го болит.
  • Ајванот се врзвит со јъже, а чвек со збор.
  • Ајванот се врзвит со огламник, а чвекот со јъзик.
  • Ајдутин од ајдутин се плашит.
  • Ако 'и менал рутишчата, табиетот не го менал.
  • Ако 'и слушаше господ кучињана, пастрма ќе врнеше.
  • Ако 'и слушаше господ магарињана, ниеден самарџија не ќе останеше жив.
  • Ако арно прајме, арно ќе остајме.
  • Ако беше арна работата, и владикана ќе работаше.
  • Ако бидиш магаре, секој ке те вјат.
  • Ако врнит се жаљат на влага, ако не врнит се жаљат на суша.
  • Ако го менал рувото, ама табиетот не.
  • Ако го најш попот, ке је најш и попаѓата.
  • Ако горит куќата од комшијата, варди ја и твојата.
  • Ако дат јалва крава теле, та и тој да дајт (нешчо).
  • Ако дојде ти да прогориш, та тој.
  • Ако е виното кисело, ама срцето ни е весело.
  • Ако е за фајде, доста е.
  • Ако е испасена тревата, корењата ушче стоет.
  • Ако е јунак, нека излезит на мегдан.
  • Ако е колиба - наша е.
  • Ако е кус денот, дълга е годината.
  • Ако е медот благ, ама прстите не се јадет, (туку се лижет).
  • Ако е мъчно да се зборвит, не е мъчно да се малчит.
  • Ако е некој будала, не биди му другар.
  • Ако е од татка ти, ќе се погодиме, ако си го спечалил ти — тешко.
  • Ако е Петко ќор, децата му се опулени.
  • Ако е селото весело, и мојава фурка ќе предит.
  • Ако е стар, не ќе му го вариш месото.
  • Ако е цар, не е господ.
  • Ако е цар, не носит две глај.
  • Ако е чвек сиромав, барем да е здрав.
  • Ако зборвиш лош си, ако малчиш ќе пукниш.
  • Ако зимата не къснит со зъбите, ќе опсучит (ќе мавнит) со опашката.
  • Ако зимата не къснит, ќе клоцнит.
  • Ако зинит, ќе те (ме) гълтнит.
  • Ако знъјме ке сме се родиле, не знъјме ке ќе умриме.
  • Ако играт мечката пред вратата од комшијата, ќе заиграт и пред твојата.
  • Ако имат в пајнцата, ќе имат и во лајцата.
  • Ако имат век (ден), ќе имат и лек, ако немат век (ден), ќе немат ни лек.
  • Ако имаш вујко владика, лесно ќе се сториш поп.
  • Ако имаш ќе ти завижџет, ако немаш ќе те кудет.
  • Ако имаш лична жена, не оди на чужџина.
  • Ако имаш маша, не фашчај ја жарта со ръка.
  • Ако ја менал капата, не си го менал у мот.
  • Ако је служиш на парата, си најсиромав.
  • Ако ловџијата секогаш уловеше, не ке се викаше ловџија.
  • Ако лошото не бегат од тебе, бегај ти од него.
  • Ако љуѓето не се бесни, куќата не е тесна.
  • Ако ме мъме, те мъмам.
  • Ако мешаш мед, се ќе 'и лизниш прстите, (ама немој да 'и изејш).
  • Ако ми згазниш (газиш) на сенката (на стъпалката), на късмедот не мојш да ми згазниш.
  • Ако ми намигниш, ќе ти намигнам.
  • Ако ми паднале убетките, ушиве ушче ми стоет.
  • Ако ми падниш в ръка, ќе ти скројам капа, (гуна, долама, талаган).
  • Ако ми попредиш, ќе ти поткам.
  • Ако мојш со сила да му зејш, со сила не мојш да му дајш.
  • Ако му го подајш прстот, ќе ти ја грабнит и ръката.
  • Ако не бегат бељата од тебе, бегај ти од неја.
  • Ако не вервиш, оди број.
  • Ако не врнит (течит), ќе капит.
  • Ако не е вака ко шчо ти (ви) вељам, мустаќиве ќе 'и фрљам в але.
  • Ако не е вака, со лајна да ме пљуваш.
  • Ако не знъјш да зборвиш, знъјш да малчиш.
  • Ако не ми помогвиш, не одмогви ми.
  • Ако не мојш да бидиш богат и личен, мојш да бидиш умен и чесен.
  • Ако не мојш да ја фатиш за грива, фати ја за опашка.
  • Ако не мојш да напрајш како сакаш, напрај како мојш.
  • Ако не му беше носон, трева ќе пасеше.
  • Ако не се учит, не мојт да се научит.
  • Ако не сум личен, сум чесен.
  • Ако не те чекат честа, ни со најбрз коњ не мојш да ја фтасаш.
  • Ако не умејт да напрајт, умејт да расипит.
  • Ако некој скокнит да се давит, не ќе се фрлиш и ти по него.
  • Ако некој сркат лајна, не ќе сркаш и ти со него.
  • Ако немат мрша, не се берет галој (орли).
  • Ако немаше темница, виделината ич не ќе ни беше мила.
  • Ако нешчо не разбираш, остај го.
  • Ако ојш по далечнијот път, порано ќе фтасаш.
  • Ако оџакот е крив, чадот ојт прау.
  • Ако падниш, падни како мъж, а не како жена.
  • Ако падниш, падни од мъж, а не од жена.
  • Ако пијам, за мој пари пијам.
  • Ако поможиш, ќе ти поможет.
  • Ако праината не поможит, кривината никогаш.
  • Ако реков, дупка на небо не се отвори.
  • Ако реков, не пресеков.
  • Ако рекол (писал) господ, да одречит (да отнишит).
  • Ако сакаш да жнијаш, требит прво да посејш.
  • Ако сакаш некого да го збудалиш, пофали го.
  • Ако сакаш некого да го познајш, напрај го (стори го) големец.
  • Ако сакаш некого да го познајш, требит едно врешче сољ да изејш со него.
  • Ако се измъмит, та вистината да ти ја кажит.
  • Ако се јадеше, не ќе висеше.
  • Ако се плашам од бијол (мечка), не и од лепешката.
  • Ако се плашеше дедо од рапчиња, не ќе посееше просо.
  • Ако се сторит баба момичка, порано ќе се сторит дедо беќар.
  • Ако се сториш мед и мувине ќе те пљувет.
  • Ако си вълк, секој ќе бегат од тебе.
  • Ако си заиграл на оро, ќе играш дури не досвирит.
  • Ако си мост, секој ќе те газит.
  • Ако си мушчерја, лесно ќе се погодиме.
  • Ако си нема немачка, не си слепа слепачка.
  • Ако си овца, секој ќе те стрижит.
  • Ако си ортак во работата, не си ортак во верата.
  • Ако си поможиме еден со други и господ ќе ни поможит.
  • Ако си постелиш, ќе легниш.
  • Ако си сиромав, не биди мрсуљав.
  • Ако слепец слепца водит, двајцата в ендек ќе паднет.
  • Ако сме браќа, ќесињата не ни се сестри.
  • Ако сме се скарале, очите не сме си 'и извајле.
  • Ако сум здрав, зошчо ми е имот, ако сум болен, зошчо ми е имот.
  • Ако сум парталав, сум чесен.
  • Ако сум помак, не сум авмак.
  • Ако сум сиромав за многу, за малу не сум.
  • Ако сум ти жена, не сум ти робинка.
  • Ако сум црн, не сум Еѓуптин.
  • Ако ти е криво лицето, не љути му се на огљалото.
  • Ако ти е мъка, држи си го (фати си го) в ръка.
  • Ако ти е тебе мило, мене не ми е.
  • Ако ти е топла постељата, ќе ти бидит студен ручегот.
  • Ако ти је клајт алката на носот, ќе те водит ко мечка низ село.
  • Ако ти на смеја (на шега) си се женил, јас на смеја (на шега) не сум се омъжила.
  • Ако ти се врзани ръцете, устата не ти е врзана.
  • Ако ти се фатит за пола, ќини ја (сечи ја) полата.
  • Ако требит се да знъјш, не требит се да прајш.
  • Ако тропаш по чужџи враќе, ќе ти тропет и на твојата.
  • Ако трпиш, ко бег ќе живејш.
  • Ако чвек сам не се пострамотит, никој не мојт да го пострамотит.
  • Акот на Ѓурговден (Митровден).
  • Акот на стопанот.
  • Ал да имаш, ал да немаш. (Ал чвек да имат, ал да немат).
  • Ал на бојаџи.
  • Ал со неја (со жена), ал без неја (без жена).
  • Алал да ти (му) е ко млеко мајчино.
  • Алал да ти е (му е) млекото мајчино.
  • Алаш-вереш со господа кога прајш, биди на се готов.
  • Алваџија за бозаџија.
  • Али вино, али вода аљ' кажите да си сјодам.
  • Али млад жени се, али млад калугери се.
  • Али ти е жив коњот шчо ти пцојса лани?
  • Ана барат мана.
  • Ангел со опашка. (Анѓел со рогој).
  • Анџија и ќираџија не е кабиљ да не се стретет.
  • Арамите со опинци 'и бркет потери, на арамите со скорни им чинет чес.
  • Арамите со опинци шчитет по планиње, арамите со скорни живеет в град.
  • Арамја да си со умот, а не со ръката.
  • Арамја од арамја ферк имат.
  • Арамја со скорни.
  • Арамјата (ајдутинот, комитата) ја клал глата в торба.
  • Арамјата арамја фашчат.
  • Арамјата е бериќетлија колку барутот.
  • Арамјата ја влечкат фортомата по себе.
  • Арамот секогаш си е арам.
  • Арапот кога нашол појќе масло, го намачкал и гъзот да му светит.
  • Арен бијол, само рогојте му се кусо.
  • Арен глас — златен појас.
  • Арен е господ шчо не (го, 'и) држит (крепит, вардит, чуват).
  • Арен збор — златен кључ.
  • Арен јунак со добра дружина.
  • Арен комшија и од брат поголема фара.
  • Арјанот му (ти) е влезен- (Значи ненаситен).
  • Арна ќуљафка му скроиле.
  • Арната момичка лош късмед имат, (а лошата арен).
  • Арната овца многу не блејт, ама многу млеко дат.
  • Арната работа се забат.
  • Арната стока сама се продат (се фалит).
  • Арниот збор железна врата отворат.
  • Арниот збор и царска врата отворат.
  • Арниот збор ојт далеку, а лошиот ушче подалеку
  • Арниот јунак дома не умират.
  • Арниот коњ и под лош мутав се познат.
  • Арните круши свињи 'и јадет.
  • Арните рабоке по кротко (пополека) се прает
  • Арно братство, помило од богатство.
  • Арно е се да знъјш, ами не требит се да прајш.
  • Арно ти шчо си видел, ами јас шчо не сум видел.
  • Арното секој го фалит, ама секој не го прајт (не го држит).
  • Арсланицата едно рожџат, ама арслан.
  • Атојте се клоцет, магарињата 'и јадет клоците.
  • Ах за чељад, оф од чељад.

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 7609 пати
Просечна оцена од посетителите
 4,16 од 5
Оцена:

Запиши
Коментар:

 

вторник, 23 април 2024
Моментно посетители: 30

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Св. новомчци Триандафил и Спасо
--------------------------------
 Светло и поплочување на градови, дело на Македонци
--------------------------------
 Черкезите, Македонија и нивниот прогон од неа
--------------------------------
 ”Лустрација” на македонската античка војска
--------------------------------
 “Соломоново клејмо” – заштита од зло
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: