Македонски народни поговорки (А)

- А бидам зет (неста) ушче еднош, знъм како да гувјам.
- А со грнето по камен, а со каменот по грне — тешко на грнето.
- Ај без пари си бил, ај без ум си бил.
- А бидам зет (неста) ушче еднош, знъм како да гувјам.
- А со грнето по камен, а со каменот по грне — тешко на грнето.
- Ај без пари си бил, ај без ум си бил.
- Ај без пари, ај без ум, се едно ти е.
- Ај нему си му зборвал, ај на дрво.
- Ајванот немат јъзик, та не знъјт да кажит шчо го болит.
- Ајванот се врзвит со јъже, а чвек со збор.
- Ајванот се врзвит со огламник, а чвекот со јъзик.
- Ајдутин од ајдутин се плашит.
- Ако 'и менал рутишчата, табиетот не го менал.
- Ако 'и слушаше господ кучињана, пастрма ќе врнеше.
- Ако 'и слушаше господ магарињана, ниеден самарџија не ќе останеше жив.
- Ако арно прајме, арно ќе остајме.
- Ако беше арна работата, и владикана ќе работаше.
- Ако бидиш магаре, секој ке те вјат.
- Ако врнит се жаљат на влага, ако не врнит се жаљат на суша.
- Ако го менал рувото, ама табиетот не.
- Ако го најш попот, ке је најш и попаѓата.
- Ако горит куќата од комшијата, варди ја и твојата.
- Ако дат јалва крава теле, та и тој да дајт (нешчо).
- Ако дојде ти да прогориш, та тој.
- Ако е виното кисело, ама срцето ни е весело.
- Ако е за фајде, доста е.
- Ако е испасена тревата, корењата ушче стоет.
- Ако е јунак, нека излезит на мегдан.
- Ако е колиба - наша е.
- Ако е кус денот, дълга е годината.
- Ако е медот благ, ама прстите не се јадет, (туку се лижет).
- Ако е мъчно да се зборвит, не е мъчно да се малчит.
- Ако е некој будала, не биди му другар.
- Ако е од татка ти, ќе се погодиме, ако си го спечалил ти — тешко.
- Ако е Петко ќор, децата му се опулени.
- Ако е селото весело, и мојава фурка ќе предит.
- Ако е стар, не ќе му го вариш месото.
- Ако е цар, не е господ.
- Ако е цар, не носит две глај.
- Ако е чвек сиромав, барем да е здрав.
- Ако зборвиш лош си, ако малчиш ќе пукниш.
- Ако зимата не къснит со зъбите, ќе опсучит (ќе мавнит) со опашката.
- Ако зимата не къснит, ќе клоцнит.
- Ако зинит, ќе те (ме) гълтнит.
- Ако знъјме ке сме се родиле, не знъјме ке ќе умриме.
- Ако играт мечката пред вратата од комшијата, ќе заиграт и пред твојата.
- Ако имат в пајнцата, ќе имат и во лајцата.
- Ако имат век (ден), ќе имат и лек, ако немат век (ден), ќе немат ни лек.
- Ако имаш вујко владика, лесно ќе се сториш поп.
- Ако имаш ќе ти завижџет, ако немаш ќе те кудет.
- Ако имаш лична жена, не оди на чужџина.
- Ако имаш маша, не фашчај ја жарта со ръка.
- Ако ја менал капата, не си го менал у мот.
- Ако је служиш на парата, си најсиромав.
- Ако ловџијата секогаш уловеше, не ке се викаше ловџија.
- Ако лошото не бегат од тебе, бегај ти од него.
- Ако љуѓето не се бесни, куќата не е тесна.
- Ако ме мъме, те мъмам.
- Ако мешаш мед, се ќе 'и лизниш прстите, (ама немој да 'и изејш).
- Ако ми згазниш (газиш) на сенката (на стъпалката), на късмедот не мојш да ми згазниш.
- Ако ми намигниш, ќе ти намигнам.
- Ако ми паднале убетките, ушиве ушче ми стоет.
- Ако ми падниш в ръка, ќе ти скројам капа, (гуна, долама, талаган).
- Ако ми попредиш, ќе ти поткам.
- Ако мојш со сила да му зејш, со сила не мојш да му дајш.
- Ако му го подајш прстот, ќе ти ја грабнит и ръката.
- Ако не бегат бељата од тебе, бегај ти од неја.
- Ако не вервиш, оди број.
- Ако не врнит (течит), ќе капит.
- Ако не е вака ко шчо ти (ви) вељам, мустаќиве ќе 'и фрљам в але.
- Ако не е вака, со лајна да ме пљуваш.
- Ако не знъјш да зборвиш, знъјш да малчиш.
- Ако не ми помогвиш, не одмогви ми.
- Ако не мојш да бидиш богат и личен, мојш да бидиш умен и чесен.
- Ако не мојш да ја фатиш за грива, фати ја за опашка.
- Ако не мојш да напрајш како сакаш, напрај како мојш.
- Ако не му беше носон, трева ќе пасеше.
- Ако не се учит, не мојт да се научит.
- Ако не сум личен, сум чесен.
- Ако не те чекат честа, ни со најбрз коњ не мојш да ја фтасаш.
- Ако не умејт да напрајт, умејт да расипит.
- Ако некој скокнит да се давит, не ќе се фрлиш и ти по него.
- Ако некој сркат лајна, не ќе сркаш и ти со него.
- Ако немат мрша, не се берет галој (орли).
- Ако немаше темница, виделината ич не ќе ни беше мила.
- Ако нешчо не разбираш, остај го.
- Ако ојш по далечнијот път, порано ќе фтасаш.
- Ако оџакот е крив, чадот ојт прау.
- Ако падниш, падни како мъж, а не како жена.
- Ако падниш, падни од мъж, а не од жена.
- Ако пијам, за мој пари пијам.
- Ако поможиш, ќе ти поможет.
- Ако праината не поможит, кривината никогаш.
- Ако реков, дупка на небо не се отвори.
- Ако реков, не пресеков.
- Ако рекол (писал) господ, да одречит (да отнишит).
- Ако сакаш да жнијаш, требит прво да посејш.
- Ако сакаш некого да го збудалиш, пофали го.
- Ако сакаш некого да го познајш, напрај го (стори го) големец.
- Ако сакаш некого да го познајш, требит едно врешче сољ да изејш со него.
- Ако се измъмит, та вистината да ти ја кажит.
- Ако се јадеше, не ќе висеше.
- Ако се плашам од бијол (мечка), не и од лепешката.
- Ако се плашеше дедо од рапчиња, не ќе посееше просо.
- Ако се сторит баба момичка, порано ќе се сторит дедо беќар.
- Ако се сториш мед и мувине ќе те пљувет.
- Ако си вълк, секој ќе бегат од тебе.
- Ако си заиграл на оро, ќе играш дури не досвирит.
- Ако си мост, секој ќе те газит.
- Ако си мушчерја, лесно ќе се погодиме.
- Ако си нема немачка, не си слепа слепачка.
- Ако си овца, секој ќе те стрижит.
- Ако си ортак во работата, не си ортак во верата.
- Ако си поможиме еден со други и господ ќе ни поможит.
- Ако си постелиш, ќе легниш.
- Ако си сиромав, не биди мрсуљав.
- Ако слепец слепца водит, двајцата в ендек ќе паднет.
- Ако сме браќа, ќесињата не ни се сестри.
- Ако сме се скарале, очите не сме си 'и извајле.
- Ако сум здрав, зошчо ми е имот, ако сум болен, зошчо ми е имот.
- Ако сум парталав, сум чесен.
- Ако сум помак, не сум авмак.
- Ако сум сиромав за многу, за малу не сум.
- Ако сум ти жена, не сум ти робинка.
- Ако сум црн, не сум Еѓуптин.
- Ако ти е криво лицето, не љути му се на огљалото.
- Ако ти е мъка, држи си го (фати си го) в ръка.
- Ако ти е тебе мило, мене не ми е.
- Ако ти е топла постељата, ќе ти бидит студен ручегот.
- Ако ти је клајт алката на носот, ќе те водит ко мечка низ село.
- Ако ти на смеја (на шега) си се женил, јас на смеја (на шега) не сум се омъжила.
- Ако ти се врзани ръцете, устата не ти е врзана.
- Ако ти се фатит за пола, ќини ја (сечи ја) полата.
- Ако требит се да знъјш, не требит се да прајш.
- Ако тропаш по чужџи враќе, ќе ти тропет и на твојата.
- Ако трпиш, ко бег ќе живејш.
- Ако чвек сам не се пострамотит, никој не мојт да го пострамотит.
- Акот на Ѓурговден (Митровден).
- Акот на стопанот.
- Ал да имаш, ал да немаш. (Ал чвек да имат, ал да немат).
- Ал на бојаџи.
- Ал со неја (со жена), ал без неја (без жена).
- Алал да ти (му) е ко млеко мајчино.
- Алал да ти е (му е) млекото мајчино.
- Алаш-вереш со господа кога прајш, биди на се готов.
- Алваџија за бозаџија.
- Али вино, али вода аљ' кажите да си сјодам.
- Али млад жени се, али млад калугери се.
- Али ти е жив коњот шчо ти пцојса лани?
- Ана барат мана.
- Ангел со опашка. (Анѓел со рогој).
- Анџија и ќираџија не е кабиљ да не се стретет.
- Арамите со опинци 'и бркет потери, на арамите со скорни им чинет чес.
- Арамите со опинци шчитет по планиње, арамите со скорни живеет в град.
- Арамја да си со умот, а не со ръката.
- Арамја од арамја ферк имат.
- Арамја со скорни.
- Арамјата (ајдутинот, комитата) ја клал глата в торба.
- Арамјата арамја фашчат.
- Арамјата е бериќетлија колку барутот.
- Арамјата ја влечкат фортомата по себе.
- Арамот секогаш си е арам.
- Арапот кога нашол појќе масло, го намачкал и гъзот да му светит.
- Арен бијол, само рогојте му се кусо.
- Арен глас — златен појас.
- Арен е господ шчо не (го, 'и) држит (крепит, вардит, чуват).
- Арен збор — златен кључ.
- Арен јунак со добра дружина.
- Арен комшија и од брат поголема фара.
- Арјанот му (ти) е влезен- (Значи ненаситен).
- Арна ќуљафка му скроиле.
- Арната момичка лош късмед имат, (а лошата арен).
- Арната овца многу не блејт, ама многу млеко дат.
- Арната работа се забат.
- Арната стока сама се продат (се фалит).
- Арниот збор железна врата отворат.
- Арниот збор и царска врата отворат.
- Арниот збор ојт далеку, а лошиот ушче подалеку
- Арниот јунак дома не умират.
- Арниот коњ и под лош мутав се познат.
- Арните круши свињи 'и јадет.
- Арните рабоке по кротко (пополека) се прает
- Арно братство, помило од богатство.
- Арно е се да знъјш, ами не требит се да прајш.
- Арно ти шчо си видел, ами јас шчо не сум видел.
- Арното секој го фалит, ама секој не го прајт (не го држит).
- Арсланицата едно рожџат, ама арслан.
- Атојте се клоцет, магарињата 'и јадет клоците.
- Ах за чељад, оф од чељад.
|