Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?

Вкупно гласови : 8862
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Религија > Ислам > Доаѓањето на Исламот во Македонија
Исламот во културните прилики кај Османлиите
Сподели на Facebook
Турските феудалци кои не познавале многу ајети на Коранот со егоистичните постапки (за лична корист) и кај турскиот народ создале омраза кон науката и современите искуства.
Султанот Селим III прв се обидува да го реформира заостанатото царство, но наидува на отпор од феудалците
Иако турскиот народ бил окружен со просветени народи, тонел во предрасуди и се противи на секој полезен институт. Затоа и не чуди отпорот кон реформите од Селим III (1789-1807). Турците се зад европските цивилизации, кои преку Француската револуција (1789) ги раздвижиле и христијанските народи под нивна власт. Ниту реформите од Мухамед II (1808-1839) не го подобриле културниот развој на турскиот народ кој останал зад европските цивилизации. Општа црта на турските феудалци била “непријателство кон науката, знаењето и прогресот“, особина која ги одликувала и одделувала од другите народи. Дури и се гордееле со незнаењето и ја презирале секоја просвета. Во вакви услови и исламизираните Македонци ја продолжувале практиката на едностран и затворен за било каков напредок живот, лишен од придобивките на современата цивилизација.

Во крајот на XIX век имало јаничари од почесните стражи на странските дипломатски претставништва во Истамбул кои иако ја имале можноста да научат странски јазик, ниту сакале ниту смееле (оние што знаеле јазик не смееле јавно да го употребуваат за да не бидат презирани како “ѓаур милети“ па и да бидат отпуштени од служба). Турците не трпеле ниту европско облекување. Пуквалие пишува дека патувајќи низ Македонија, во Костурско Турците го гледале со презири оти имал шапка. Телохранителите ги прашувале:

”Кое е тоа куче или неверник?“, “Зошто не го исечете со еден нож на два дела?“ и сл.

Патеписците тешко се снаоѓаат во Отоманска Турција и во XIX век
Заради ваквиот однос, странците морале да даваат и мито. Макензи и Ирби (1862-1863) го сметале за голема опасност и злосторство за христијаните “закоравеното темничење на мухамеданите“ кое турското општество низ правниот систем сакало да го пренесе врз поданиците и како што велат двајцата патувачи “и тие да станат варвари“ (Mur Makenzi и A.P. Irbi, Beograd 1891 str. VI).

За жал, прогресивниот дух на Европа не можел да ги опфати муслиманите со старата гордост и презир кон рајата. Турција е во културен и духовен застој и во почетокот на XX век зашто целокупниот политички, економски и општествен живот се определувал врз нормите на исламот. Тој освен што развивал фанатична омраза кон немуслиманите, го закочувал и образовниот развој со средновековен поглед на светот.

Коранот (тогаш погрешно сфатен и толкуван) бил основата на знаењето, а Шејх Ул Исламот бил “непогрешлив“ авторитет кој го определувал кругот на знаењата на сите правоверни муслимани. Така, првата печатена книга во Турција е за време на Ахмед III (1722) но конечно се востановува за време на Абдул Хамид I (1784). Печатењето пак на Коранот, Хадисот и др. верски книги било забрането, се сметало дека тоа е верски недозволиво, дека е грев да се “валка” арапското “алахово писмо“ и сл.. Со ова всушност се самоограничувало ширењето на исламот. Дури во втората половина на XIX век Коранот се печати на арапски јазик, а многу подоцна и во препев на турски јазик со што станува достапен за пошироките маси. Печатницата ја отворил не етнички Турчин но исламизиран Унгарец, Ибраим Мутеферол (“La grande Encyclopedie T. XXXI p. 520). Исламот што на европска почва го реализираат Турците веќе е тесен и скаменет во 7-ми век, тој не може да следи се што во меѓувреме создава Европа. Учените улеми како противници на било каков прогрес, на 14 ноември 1809 год. ќе поттикнат востание во Цариград против реформите на султанот Махмуд II и големиот везир Мустафа Бајрактар (Lamouche op. Cit. page 209). Турското општество одвнатре ќе се доразјадува заради нефаќањето чекор со прогресот.


Махмуд II со обидот да го реформира царството в 1809 година ќе предизвика и востание во Цариград организирано од улемите

Отварањето на првите основни училишта (руждије) и средни училишта (идадије) во главните центри и санџаците, е само за децата на побогатите, додека за пошироките муслимански маси основното образование е недостапно. Народните маси тонеле во суеверија и незнаење а процентот неписмени, е така огромен што и меѓу офицерите имало неписмени.

Целата ваква состојба само репресивно се одразува кај македонскиот и другите христијански народи во секој поглед а кај исламизираните слоеви мракот на религиозниот занес и фанатизам се единствената “придобивка” од Османлиите по исламизацијата. Македонија и Балканот во секој поглед стагнирале, и особено Македонија која во периодот од XVII до крајот на XIX век повеќе наликувала на ориенталана одошто европска земја.

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 6728 пати
Просечна оцена од посетителите
 3,5 од 5
Оцена:

Запиши
Коментар:

 

вторник, 23 април 2024
Моментно посетители: 47

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 На една минута Македонија во 50 Библии
--------------------------------
 Елијан за Македонците
--------------------------------
 Св. Стефан патријарх Цариградски
--------------------------------
 Античката “Теургија” и македонскиот фолклор – едно
--------------------------------
 Св. Маченик Нестор
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: