Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?






Вкупно гласови : 7108
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Историја > Нов век > ТМОРО - нејзин развој
Кризата во ТМОРО по 1903
Сподели на Facebook
Во 1903 година се случи највозвишениот и истовремено најтрагичниот чин во македонската историја, чин со кој судбински беа определени натамошните текови на македонската трагика во првите децении на XX век.

Поттикнато и иницирано предвреме од надворешен фактор, Илинденското востание се воздигна во исклучителен чин на македонскиот народ предводен од ТМОРО. Херојството и невидената саможртва на народот беа одраз на неговата решеност да се избори самиот за својата слобода, свесен дека никој од надвор не може да му ја донесе слободата.

Поразот во востанието значеше деморализација на духот и физичко уништување на бројни дејци и револуционери, со што македонското револуционерно движење беше во голема мера обезглавено. Таквиот тек на настаните им погодуваше на агресивните соседни држави кои презедоа балканска "ослободителна мисија" и извршија окупација и поделба на Македонија, заменувајќи го османското со своето сопствено владеење во текот на балканските (1912-1913) и Првата светска војна (1914-1918). Во тие рамки, особено во периодот од 1904 до 1908 година, Македонија беше претворена во полигон на духовното и физичко пресметување на разните платени пропаганди на соседите за нивната бугарска, српска или грчка кауза.

Вооружените пропаганди претставуваа нови и тешки непријатели на Организацијата која по Илинденското востание се нашла во длабока криза. Во текот на востанието загинале значајни авторитетни раководители и војводи. Многу чети, за да го одбегнат судирот со османските потери, заминале надвор. Во текот на востанието биле прекинати врските помеѓу одделни комитети и ЦК. Задграничното претставништво, раководено до Христо Матов326 и Христо Татарчев327, се нашло на друга страна. Во такви услови се развила полемика околу причините за неуспехот на востанието и околу идното устројство и поставеноста на Организацијата. По овие прашања дошло до диференцирање на две спротивставени групации. На едната страна се нашле дејците (условно крстени во историографијата како левица) на серската група на чело со Јане Сандански чија максима била "Македонија на Македонците" и кои застанале на браникот на самостојноста на македонското национално ослободително дело. На другата страна (т.н. десница) се собрале силите околу Христо Матов, кои, постепено, но сигурно, пловеле по неоврховистичките води .

ЦК, согледувајќи ја својата незначителна улога, во април 1904 година, се самораспуштил. За надминување на постојната состојба во текот на 1904/1905 година биле одржани повеќе окружни конгреси. На повеќето од нив биле заземени ставови за идно преуредување на Организацијата врз основа на извесна децентрализација. Такви конгреси биле одржани во Струмичкиот, Битолскиот, Скопскиот, Солунскиот и Серскиот револуционерен округ.

Особено важна улога во залечувањето на последиците од востанието и за консолидација на Организацијата во Битолскиот револуционерен округ одиграле Христо Узунов и Ѓорѓи Сугарев. Тие ја зеле иницијативата за свикување на еден окружен револуционерен конгрес кој се одржал во с. Беловодица, Прилепско и станал подвижен (Прилепски подвижен конгрес). На него биле заземени важни решенија за нормализирање и демократизирање на положбата на организацијата. Организацијата била децентрализиран, а "мистериозната централизација" била отфрлена. Со тоа се ликвидирала и "можноста нејзините врховизирани врвови и авантуристите во нејзините редови да ја ангажираат во противреволуционерна и каква било друга штеточинска дејност. Од друга страна, со децентрализацијата се активизирале народните маси во борбата и се давала широка можност за издигање раководители од средината на тие маси и самите тие да го одредуваат курсот на организационото раководство"329. А токму тоа не го сакале врховизираните раководители на ТМОРО, кои, избегнувајќи да дадат сметка за својата одговорност за последиците од востанието, и кои сакале да ја водат Организацијата по старите врховистички патеки.

Работејќи во правец - за децентрализација и демократизација на внатрешната организација, Узунов, Сугарев и Никола Карев, настојувале да ја спасат Организацијата во Битолскиот револуционерен округ од штетното дејство на внатрешните врховисти, што се беа загнездиле во неговите раководни кругови. Тие млади и интелигентни револуционерни дејци, со своето учество во востанието, со својот револуционерен опит и со извојуваните широки симпатии сред народот во Битолско, можеле навистина да постигнат решителни резултати за искоренувањето на врховизмот во Округот. Притоа, тие се поврзале за општи акции против врховизмот со раководителите на Серскиот револуционерен округ, на чело со Сандански. Горче Петров и Пере Тошев го скратувале просторот меѓу двата револуционерни округа - Битолскиот и Серскиот, работејќи во единство со санданистите и со оние битолски револуционери што останале доследни на Делчевите принципи. Претстоело и свикување на општиот конгрес на Организацијата. Тој конгрес морал да се запре на причините за катастрофата од востанието и да ги побара одговорните за таа катастрофа.

Општиот конгрес на Организацијата бил одржан во октомври 1905 година во Рилскиот манастир. На овој конгрес биле направени напори да се сумираат разните фракции во Внатрешната организација и да се излезе со заедничка програма. Но, иако судирот помеѓу идејните неистомисленици се покажал за неизбежен, сепак, на Конгресот кој заседавал цел месец под претседателство на Даме Груев, биле донесени важни решенија. Меѓу нив ќе ги споменеме следниве:

-  Организацијата остро ќе им се спротивстави на секаквите стремежи кои ќе настојуваат да го расцепат единството на Македонија.

-  Организацијата ќе се бори со сите средства против дејноста на вооружените пропаганди на соседните балкански држави околу Македонија.

-  Организацијата ги осудува и ќе се бори против реформаторските обиди на европските сили за воведување модерни жандармериски сили во Македонија330 .

Осудена била, исто така, штетната дејност на Егзархијата, при што во Резолуцијата на Рилскиот конгрес стои: "Сите појави на делата и постапките на Егзархијата и нејзините органи, кои се насочени во духот на бугарскиот државнички национализам, Организацијата ги смета за штетни во своите барања и им се спротивставува"331. Оваа одлука е до толку позначајна што организацијата за првпат така радикално и во целост ја осудила дејноста на Егзархијата.

Доминантна улога на Конгресот добила групата на серските револуционери. Притоа, Јане Сандански, еден од најдоследните борци против врховизмот, остро настапил против групата на Борис Сарафов, осудувајќи ги нивните врски и соработка со бугарската влада. Отворениот настап на Сандански и неговата упорна борба против туѓото посегање врз националноослободителните цели на македонскиот народ, ќе резултира, по неколкуте обиди за атентат врз него, со неговата нарачана смрт во 1915 година, за кое ќе зборуваме пообемно.

На Рилскиот конгрес посебна полемика се водела околу идното устројство на Организацијата. Притоа победило реформско-демократското крило, кое се залагало за децентрализација на Организацијата. Биле донесени Устав и Правилник, според кој ТМОРО била преименувана во Внатрешна македоноодринска револуционерна организација (ВМОРО). Во новиот ЦК на ВМОРО биле избрани Даме Груев, Пере Тошев и Тодор Поп Антов, додека во Задграничното претставништво биле избрани Петар Поп Арсов, Ѓорче Петров и Димитар Стефанов.

__________________________

326-Христо Матов е еден од македонските револуционери кој во текот на својата револуционерна дејност доживеал идејна трансформација и застанал на страната на бугарската политика и бугарските интереси во однос на Македонија. Роден е во Струга, во 1872 година. Бил професор по литература во Скопското педагошко училиште, каде и се вклучил во 1895 година во револуцинерната организација. По солунската провала од јануари 1901 година бил осуден и заточен во Дијар-бекир во Мала Азија. Во периодот од 1902 до 1904 година бил задграничен претставник на ТМОРО во Софија. Во тоа својство ја подржал одлуката за кревање на востание во 1903 година. Учествувал во работата на Рилскиот општ конгрес во 1905 година кога организацијата го добила името ВМОРО. Ја поддржувал бугарската политика кон Македонија. Заради здравствени причини се повлекол од политичката активност. Починал во Софија, во 1922 година. (МИР, 302)

327-Христо Татарчев е еден од основачите на Македонската револуционерна организација, прв претседател на ЦК ТМОРО, задграничен претставник на Организацијата во Софија. Роден е во Ресен во 1869 година. Завршил гимназија во Пловдив, а медицина во Цирих и Берлин (1892). Во 1901 година бил уапсен и затворен во Мала Азија. По амнесирањето во 1907 година, бил избран за задграничен претставник на ВМОРО. Бил активен учесник на конгресите на македонските друштва во Бугарија, се придружил на федералистичкото крило на ВМОРО. Поради отворениот судир со автономистичката струја на ВМРО на Тодор Александров, бил принуден да емигрира во Италија во 1923 година. Починал во Торино, на 5 јануари 1952 година. (МИР, 449-450)

328-Димитар Димески, Кашина - симбол на непомирливата антиврховистичка борба на Јане Сандански, "Јане Сандански 1915-1975", ИНИ, Скопје 1976,135.

329-Ѓ. Петров, исто, 199.

Види: Иванъ Харизановъ, Вториятъ Рилски конгресъ 1906 година, "Македонска мисъл", кн. 1-

2,1945,44-51.

Христо Силяновъ, Освободителните борби на Македония, т. II, София 1943,518.

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 4033 пати
Просечна оцена од посетителите
 2,25 од 5
Оцена:




 
Запиши
Коментар:

 

вторник, 06 декември 2016
Моментно посетители: 96

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Македонското вилино ракче, единствено во светот
--------------------------------
 Преп. Филотеј
--------------------------------
 Македонците и мечот
--------------------------------
 Св. Васа Солунска
--------------------------------
 Александриската библиотека
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: