Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?

Вкупно гласови : 8876
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
За Македонија > Единствено во Македонија > Ах таа чудна Македонија
Поимот за Европа
Сподели на Facebook

Етимолошки и митолошки извори на името “Европа”.

“ Кралу (...) Јас му зборував и на твојот татко, а мој брат (...) да не војува против Скитите. (...) А тој не ме послуша (...), па се (...) врати изгубувајќи голем дел од своите најдобри војници. А ти кралу, сакаш да војуваш против луѓе кои се многу похрабри од Скитите (...). Сметам за своја должност да ти кажам што е тоа кај нив од што највеќе се плашам. Велиш дека ќе направиш мост на ХЕЛЕСПОНТ и ДЕКА НИЗ ЕВРОПА ЌЕ ТРГНЕШ со војска ВО ЕЛАДА....“

( Херодот, “Историја”, книга VII, 10. Артабановото залудно противречење на Ксеркс заради спречување на Персиските војни )

ФАКТ 1“Европа” е територијален поим надвор од Елада, зашто низ неа треба да помине Ксеркс за да оди на Елада.

Но авторот пак ја бара “Европа” и географскиот и простор. Барајќи од Паулиевата “Реална енциклопедија” тој оди со претпоставки дека во VII век п.н.е најверојатно се однесува на средна Елада но и на Тракија и Македонија.

Херодот пак во цитатот од Артабан недвосмислено ја лоцира “Европа” надвор од Елада (а камо ли во средна Елада ?!) зашто Ксеркс морал да ја помине за да влезе дури потоа во Елада. Јасно е дека Европа е поверојатен поим за локациja меѓу Македонија и Тесалија дури и Тракија, но најмалку за Елада .

Дополнително ова се потврдува и од другиот спомнат поим кај Артабан - мостот кој Ксерск сака да го прави кај Хелеспонт. Познато е дека моќта на Македонците во ова време достигала до Хелеспонт и пошироко.

Уште македонското племе Пајони во VI век п.н.е не само што го држат Хелеспонт но ги загрозувале и другите градови на Мраморно море, како со нападот на Перинт колонијата на Самос основана во 600 год. п.н.е

Со влезот на сите територии вклучително и на Пајонските подоцна во состав на големата македонска држава под Александар I во V век п.н.е, пред походот на Ксеркс од 480 год. п.н.е , Хелеспонт е македонска територија. Но авторот упорно ја бара “Европа” во Елада .


Имено Александар I маневрирајќи меѓу Персија и Елада и склучувајќи договори ту со едната ту со другата ,за себе и Македонија ги добил најголемите територии. Уште пред походот на персискиот генерал Мардониј од 492 год. п.н.е, станал персиски пријател при што добил право да управува територии 2-3 пати поголеми од тогашна Македонија.

Така при посочениот поход кај Херодот од Ксеркс во 480 год. п.н.е Македонија се протега и над Хелеспонт и многу пошироко. Заради ова територијата на Европа во ова време е во најголем свој дел во Македонија а помали делови во другите ( Тесалија , Тракија ).

ФАКТ 2 - Територијата на најстарата Европа уште повеќе и најдиректно се потврдува со следното што веднаш го соопштува како историски факт самиот Шмале :

“ “EUROPOS” во ТЕСАЛИЈА означува ЕДЕН, а во МАКЕДОНИЈА ДВА ГРАДА, а покрај тоа и ЕДНА РЕКА во ТЕСАЛИЈА “( стр. 15)

Значи со трите града и едната река со исто име “ЕВРОПА” се ограничува еден простор со четири страни а меѓу Македонија и Тесалија, кој е јасно дека не е во Елада.

Но авторот пак бара нешто што би ја поврзало подиректно Европа за Елада па оди во анализа на разните божици- “Европи” и сл. митолошки појави со ова име, каде се се појавиле и во кој контекст цитирајќи ја “Теогонија” од Херодот. Ја спомнува дури и Елада но не можејќи конкретно ништо да лоцира зашто ова е митолошки раширен поим, после се признава :

“ Меѓутоа , некое географско одредување од “Теогонија” не може да се изведе “ (стр. 15 )

- И нормално, “Теогонија” обработува митолошко-религиски мотиви а најмалку територијално-историски како на пример “Историја”од истиот Херодот.


Сфаќајќи дека нема ништо конкретно за да ја врзе Европа за Елада а дека античките извори ја лоцираат како локација вон Елада, авторот сега се обидува да ја објасни како некаква имагинарна локација која е секаде пред Елада кога ја напаѓаат од надвор ( Азија ) ?! Коментирајќи го лоцирањето на Европа кај Херодот за ова вели :

“ Меѓутоа со вткајувањето на митолошките приказни тој скицирал една културолошко-географска граница помеѓу Грција, односно Европа, и Азија, односно Персискиот културен простор – границата за чие преминување , спрема Херодотовото сфаќање , и Грците и Персијанците секој пат морале да платат со пропаст на апанажирани војски, со смрт ( спореди на пример , цитираното Артабаново противречење на Ксеркс ; Sieberer, 1995, поглавје 2.1. 1) “

Значи при конкретни градови и река со името “Европа” во Македонија и Тесалија, авторот не води во “културно-географски простори”, кои пак несмасно и несреќно по теоријата му ги става “..помеѓу Грција, односно Европа, и Азија, односно Персискиот културен простор..” ( Што кажа авторот ?! )

Не е ни чудно вака да се сплеткуваат авторите, кога им се наметнуваат грцизирани поимања на историјата .Тие и не сакајќи се во ситуација да го бараат и бранат она што ниту може да се бара кај што се бара, ниту може да се брани затоа што се бара кај што не е.

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 4720 пати
Просечна оцена од посетителите
 
Оцена:

Запиши
Коментар:

 

понеделник, 29 април 2024
Моментно посетители: 21

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Археолошки истражувања и грабеж на Македонија
--------------------------------
 Втор вселенски собор
--------------------------------
 Храброста на Смилевските мајстори
--------------------------------
 Играорки Јапонки во групата Билјана
--------------------------------
 Ала уд Дин Мухамед Калдји, втор Александар
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: