Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?






Вкупно гласови : 8827
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
За Македонија > Единствено во Македонија > Дали знаете дека?
Македонците ги носат слоновите во Европа
Сподели на Facebook

Македонците првпат во историјата сретнале слонови при походите на Александар Македонски и тоа во битката кај Гавгамела во 331 год. п.н.е.

Во ова битка Дарие III Кодоман за првпат уфрла слонови верувајќи дека тоа Македонците ќе ги испаничи и натера во бег, особено што и во претходната битка кај Ис, такво нешто не употребил па не би очекувале.

Кај Гавгамела Дарие употребува 15 слонови со монтирани дрвени кули од кои заштитени гаѓале Персијанците, на што македонските стрели биле неефикасни. Македонците биле изненадени но врвната дисциплина и командите на Александар бргу ја вратиле присебноста, та на крајот извојувале и победа.

Но оваа битка била ништо во однос на битката со Индискиот крал Пор подоцна во 326 год. п.н.е кај Хидасп, кога против Македонците ќе бидат употребени преку 200 слонови. Тие настапувале пред пешадијата, газеле се пред себе, фрлале со сурлите во вис и ги набивале на копјта од задните линии потиснатите фалангисти.

 


Средновековен мотив

Македонците снаодливо на новата ситуација, почнале да ги рушат водичите од дрвените кули над слоновите а со секирите да удираат по сурлите и колената од слоновите. Ова ги испаничило слоновите и ги натерало на бегство и тоа наназад уништувајќи ја Индиската војска во голема мерка.

Подоцна Македонците ќе ги донесат слоновите во Европа, особено ќе ги користат дијадосите- наследниците на Александар во меѓусебните судири за превласт над империјата.

Кралот Пир со 20 слонови ќе оди во поход на Италија во почетокот на III а и во тие битки ќе му бидат од помош. Во битката кај Херонеја 280 год. п.н.е, слоновите ќе ја испаничат римската војска и ќе го претворат поразот во победа. 279 год. п.н.е во битката кај Асколи ( Сатријано), слоновите пак го разбиле борбениот поредок на Римјаните. Но веќе навикантите Римјани во битката кај Беневента 275 год. п.н.е со запалени факели ќе ги испаничат слоновите кои во бегањето ќе нанесат штети на Пировите сили.

Слонови но сега Африкански, ќе употреби и Ханибал Барка од Картагена во походот на Италија преку Пиринеите и Алпите. Заради студот многу од нив ќе изумрат по пат а останатите 20, Ханибал ќе ги употреби во битката кај Зама во 202 год. п.н.е но без успех зашто Римјаните ќе го променат класичниот распоред на својат фаланга. По ова слонови во битки на Европско тло не се употребуваат.

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 8369 пати
Просечна оцена од посетителите
 4,45 од 5
Оцена:




 
Запиши
Коментар:

 

четврток, 28 март 2024
Моментно посетители: 21

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Дезертерство (не)познаница за Македонците
--------------------------------
 Најстариот кадар од македонската Филмска уметност
--------------------------------
 Македонци – прогласени за херои на Нирнберг
--------------------------------
 Царот на Јапноија во 1976 г. ја посети Македонија
--------------------------------
 Св. Евстатиј архиеп. Антиохиски
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: