Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?






Вкупно гласови : 9388
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
За Македонија > Единствено во Македонија > Дали знаете дека?
Св. вел. мч. Анастасија Узорешителница и др со неа
Сподели на Facebook

Оваа славна јунакиња на верата Христова се родила во Рим, во сенаторски и богат дом, од татко неверник и мајка христијанка.

Од раната младост се прилепила кон љубовта Христова од некој благочестив учител Хрисогон. Присилена од таткото, Анастасија стапила во брак со некој незнабожечки властелин Публиј. Но наоѓајќи изговор во женска болест, таа не сакала никако со него да стапи во телесна врска. Заради тоа мажот тешко ја мачел со затвор и со глад. А уште повеќе ја мачел кога дознал дека таа тајно оди во затворот кај христијанските маченици, на кои им носи понади, им служи, им ги мие раните, им ги променува нивните алишта. Но по Божја промисла била ослободена од лошиот маж. Публиј бил испратен од царот во Персија, па патувајќи по морето, потонал. Тогаш св. Анастасија почнала слободно да им служи на мачените христијани и со своето големо наследство да ги теши сиромашните делејќи им милостина.

Еднаш царот Диоклецијан бил во градот Аквилеј, па наредил да му го доведат исповедникот Христов Хрисогон. Него по патот го придружувала св. Анастасија. На свети Хрисогон по заповед на царот му била отсечена главата. Тогаш пострадале и трите сестри: Агапија, Хионија и Ирина (види, 16 април): првите две биле фрлени во оган, а третата била со стрела прострелана.

Нивните тела ги зела св. Анастасија, ги завиткала во бело платно, обложувајќи ги со многу мириси и чесно ги погребала. Потоа Анастасија отишла во Македонија каде што им помагала на Христовите страдалници. Овде била распозната како христијанка заради што била фатена и водена на сослушување и на измачување кај разни судии. Сакајќи да умре за љубениот Христос, Анастасија непрестајно во своето срце повикувала кон Него.

Некаков началник на жреците, Улпијан, сакал похотливо да се допре до телото на св. Анастасија, но одеднаш ослепел и починал. Осудена на смрт со глад, св. Анастасија прележала во затвор 30 дена без храна, хранејќи се единствено со солзите и со молитвата. Потоа била ставена во лаѓа со уште неколку христијани за да биде потопена, но Бог и од таа смрт ја сочувал. Најпосле била врзана над оган со рацете и со нозете за читири колци, и така ја предала својата света душа на Бога. Пострадала и се преселила во Христовото царство во 304 година.

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 8730 пати
Просечна оцена од посетителите
 5 од 5
Оцена:




 
Запиши
Коментар:

 

петок, 06 декември 2024
Моментно посетители: 92

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Македонско писмо кое најдолго патуваше
--------------------------------
 “Бесмртните” усмртени од македонската фаланга
--------------------------------
 ”Алшар”– единствено наоѓалиште во светот на…
--------------------------------
 Кулите како градби во Македонија
--------------------------------
 Мариово–македонска автономна област под Отоманите
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: