Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?






Вкупно гласови : 8828
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
За Македонија > Единствено во Македонија > Дали знаете дека?
Најславниот антички пат врви низ Македонија
Сподели на Facebook

Римската империја, е најголем и највешт градител на комуникациски јазли,патишта, мостови, попатни пунктови и крепости.

При градењето на тогашните сообраќајници се било беспрекорно, од упатсвија врежани на посебни камени плочи и испишани табли, од одмаралишта слични на некогашните турски анови или денешни мотели до тоа да патиштата не врват било каде но да обезбедуваат рамномерност и удобност.

- Римјаните биле со најдолга традиција во градењето патишта, таа најдобро се огледа низ често цитираниот и најголем архитект на антиката цензорот Апие Клаудие Кекус кој уште во 312 год. п.н.е на свеченоста по повод отварањето на патот Виа Апиа првата позначајна комуникација на растечкиот Рим, ќе ги изговори славните зборови :
“Целиот живот е некаков пат што ние го изодуваме не правејќи го. Јас меѓутоа сакав да направам пат по кој ќе се оди целиот живот “

- Римјаните ја увиделе предноста од силни комуникации со сите краишта. Така од 28-те најголеми и најважни патишта низ целата историја на оваа империја неколку особено ќе останат како симбол на сувоземниот крвоток од моќниот Рим ( Виа Аурелија, Виа Панонија, Виа Милитарис,..)

- Но најславниот од сите нив врви во најголемиот свој дел низ Македонија, патот – “ВИА ИГНАЦИЈА” и воедно претставувал:
- најкратката врска меѓу Рим и источните краишта од царството.
- најдолг пат граден без престан – цели 44 години.
- најскапиот градежен проект но и без конкретна корист за Рим, токму кога е завршен почнала поделбата на царството.

- идеја и остварување на неколку Римски цареви, од иницијаторите Хадријан и Трајан ( 98-117 год.), преку Публие Елие Хадријан (117-138 год.) и Тит Антонин Пие (138-161 год. ) па се до наследникот на Пие, кој и го завршува -Марко Аурелие.


- најдолг пат на империјата. За споредба првиот и најправиот пат кој Рим го поврзува со Терацине - административниот центар на источните провинции и кој е модел за градење патишта кои тогаш па и денес водат во Рим, ниту е најдолг ниту е најпознат. Тој е долг 212 км., додека Виа Игнација која низ најголемиот свој дел врви низ Македонија и најконкретно го врзува Рим со источните провинции е долг 800 км.

- за името на патот, постојат две верзии, едната дека е добиено според името на месноста Игнација на самиот Јадрански брег од каде и почнувал патот и другата дека името е според она на проконзулот Гај Игнациј кој е и конкретниот градител на патот. Вторава верзија денес се смета за поверојатна зашто како татко на Виа Игнација во повеќе извори се смета Гај Игнациј.

- патот требаше да биде врзник на два тогашни света, два центри на моќ и два идентитети на Европа - нејзиниот западот и исток со нивните културни сличности но и разлики ( Рим и се помоќниот Визант). Иронијата е што токму кога се заврши и кога вистински требаше да ги поврзе, тие се разделија, та повеќе ќе го експлоатира новиот моќник – Визант, одошто оној кој го покрена и направи.

- Виа Игнација започнувал и врвел по релацијата Драч – Елбасан - Струга - Охрид – Битола – Воден – Постол ( Пела) – Солун – Амфиполис – Кавала – Ипсола – Малгора – Ерџели – Селамбриа – Визант. Со ова тој ги врзувал тогашните Илирија – Македонија и Тракија и народите, градовите и селата низ нив.

- Виа Игнација започнала да се гради во 145 год. п.н.е само една година по крајот на Третата Македонско-Римска војна, кога Рим плашејќи се од можноста Македонија пак да се воздигне зашто била со најголеми такви потенцијали, го започнува патот пред се од свој интерес.
- Целтта била да може веднаш и брзо да се делува зашто по македонските планини и беспаќа можеле да се родат македонски војски, нешто кое набргу и се случило со востанието на Анриск од 149- 148 год. п.н.е

- Тогаш, во 149-148 год. п.н.е Македонците возбудени од можноста за враќањето на својата империја, со Филип Анриск VI младич кој тврдел дека е син на Персеј последниот македонски крал, се дигнале на востание. Македонците ги изгонуваат сите римски намесници..

- Сенатот го испраќа Публиј Скипион Насика кој зајакнат со војски од Грци ( од Ахаја и Пергам) и со легијата на преторот Јувентиј трга на побунетите Македонци. Во битката кај Насика, Римјаните и Грците се целосно разбиени а Македонците ја освојуваат и Тесалија.

- Римјаните испраќаат нови легии со кои одлучувачката битка Македонците ја бијат на планината Пидна. Иако имаат успех првично, била доволна мала грешка во проценката кога Анриск ја дели војската на два дела верувајќи дека го задава одлучувачкиот удар, за поразот.

- Овие настани ги освестуваат Римјаните за вистинската опасност па ги забрзуваат градежните работи не само на Виа Игнација но прават нови краци кон сите краеви на Македонија. Проектот Виа Игнација станува епицентар на Римската империја, околу кој Римјаните градат нови утврдувања и градови.

- Охрид( Лихнидос) и Битола ( Хераклеа Линкестис) ќе станат најважните центри од каде требало бргу да се дејствува. Така се гради и познатиот пат Виа Милитарис со правец од Битола ( Хераклеа) кон Стоби а од таму пак друг кон Астибос и понатака.

- Следејќи ги упатсвата од познатиот Апие и на Виа Игнација и на сите патишта низ Македонија точно на секои 23,6 км., задолжително се изградени објектите за замена на запрегите и опремата.

-И покрај се патот Виа Игнација опстјува и е во функција се до Првата светска војна кога по страотните разурнувања и пустошења, останува како антички експонат.

-Денес има иницијативи за обнова на оваа комуникација за што особено се настоичави Италија и Турција, и тоа во познатиот проект наречен Коридорот 8. Покрај практичната корист од овој коридор се очекува и да се посетуваат и истражуваат делови остатоци од Виа Игнација како туристичка маршрута и атракција.

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 18375 пати
Просечна оцена од посетителите
 4,59 од 5
Оцена:




 
Запиши
Коментар:

 

четврток, 28 март 2024
Моментно посетители: 5

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Вселенските црковни собири
--------------------------------
 Абодрити, словенско племе во Дакија
--------------------------------
 Агрономијата во Македонија од почетокот на XX век
--------------------------------
 Академија – историјат
--------------------------------
 Св. Ап. Сила, Силуан, Крискент, Епенет и Андроник
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: