Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?






Вкупно гласови : 8813
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
За Македонија > Единствено во Македонија > Дали знаете дека?
Ала уд Дин Мухамед Калдји, втор Александар
Сподели на Facebook
Многу владетели, од најразлични страни на светот и во најразлични времиња, мечтаеле да ја достигнат славата и големината на Александар.
И ако за европските владетели и војсководци можеби и не е толку чудно заради близината со Македонија (како Георгија Кастриот или Скендер-бег Албанија но и др.), поинтересно е со оние од најдалечните краишта на светот. Некои од нив, како Ала уд Дин Мухамед Калдји (1296-1316), делхиски султан дури и во најдалечната Индија и по илјада и шестотини години откога Александар Македонски ја освои оваа најдалечна земја, исклучиво бара да го нарекуваат “втор Александар“.


Првична територија од Делхискиот султанат

Ала уд Дин Мухамед Калдји и навистина беше успешен војсководец и владетел на Индија, па фасцинираноста од Александар за кого легендите низ Индија сеуште беа бројни во негово време само ја надополнуваа неговата желба за голема слава. А беше уште суров и бескруполозен владетел. Осилен од успешните походи во Декан, кои му донесоа самодоверба, богатство и следбеници, се искачи на делхискиот престол откога ги ликвидира стрико си и дедото (таткото на сопругата), султанот Дјахал уд дин Фируз, во чија служба до тогаш се наоѓале, а потоа го сотрел и целото негово семејство. Како владетел се истакнува пред се по големиот број воени успеси. Така, тој ги пресекува монголските пљачкашки реидови во Индија, нанесувајќи им неколку крвави порази и утврдувајќи ја северозападната граница на Индија низ која дотогаш овие влегуваа. И токму воената непобедливост ќе му ја уврти увереноста дека тој е новиот “втор Александар“. Бргу ја шири и муслиманската доминација над Индија.


Шалимбар бавчата во седиштето на султанатот

Токму со Ала уд Дин Мухамед Калдји започнува империјалистичкиот период на Делхискиот Султанат. Како “втор Александар“ ќе настојува и во се друго да го следи македонскиот император. Така за да ја зајакне централната власт, превзел драстични мерки против племството, па се обидел да го укине и приватниот имот во корист на државата. Оддржувал силна стоечка наемничка војска, која по углед на македонската фаланга се увежбувала и оддржувала физички подготвена. Како и Александар водел грижа за својата војска но за да не падне под искушенијата на пленот и пљачката, вовел умерена плата. Да би можеле неговите војници да излегуваат на крај со платата која им ја давал, пропишал цени за сите потрепштини, од основни до луксузни. Неговата централистичка монархија почивала единствено на неговата силна личност. Како и Александар кога го срушила болеста, настануваат немири и борби за негов наследник, околности во чиј след и умира.

(Извори: “Medieval India”, R.C.Majumdar, H.G.Raychaudhuri I Kalikintar Datta, London 1951)

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 4151 пати
Просечна оцена од посетителите
 
Оцена:




 
Запиши
Коментар:

 

вторник, 19 март 2024
Моментно посетители: 40

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Античката “Теургија” и македонскиот фолклор – едно
--------------------------------
 Археолошки истражувања и грабеж на Македонија
--------------------------------
 Вампирите кај Македонците уште во XII век
--------------------------------
 Македонците и ножот
--------------------------------
 Најстариот кадар од македонската Филмска уметност
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: