Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?






Вкупно гласови : 9388
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
За Македонија > Единствено во Македонија > Дали знаете дека?
Воениот плен кај Македонците
Сподели на Facebook
Воен плен (eng. “war trophy”, “booty”; franc.”butin de guerre”, “prise de guerre”; ital. “bottino di guerra”; germ. “Kriegsbeute”) е целокупниот непријателски јавен (државен) подвижен имот.
Ова значи, се што е од оружје, муниција, опрема и др. материјали наменети за оружените сили, сите средства за врски, превозни и транспортни средства, пари и хартии од вредност кои и припаѓаат на државата и воените фондови ако паднат во рацете на една од завојуваните страни. И приватниот подвижен имот: оружје,муниција, воена опрема, воени документи, коњи, превозни и други средства во посед на воените заробеници, исто така се сметаат за воен плен воколку можат да се искористат за водење на воените операции.

Според меѓународното право, непријателскиот приватен подвижен имот, кој не може да се употреби за борба, но се затекне на воишната просторија или окупираната територија, не може да се плени но може да се реквирира под одредени услови. Приватиот имот кој пак во моментот на избивањето на војната се затекне на територијата од завојуваните страни, според меѓународното право начелно не подлежи на заплена. Но во I и во II Светска војна тој имот е секвестриран и конфисквуван. Потсдамскиот договор од 1945 год. ја санкционира таквата пракса, сиот приватен имот на германските државјани на територијата од сојузниците е конфисквуван и вклучен во репарационата квота која е одредена на поединечните земји. Деловите пак од воениот плен кој се чува како спомен на победа или успех во војната се нарекуваат трофеј.


Современите меѓународни правила за постапка со приватниот и воениот плен се регулирани со Потсдамскиот договор од 1945 година

Тоа е посовремениот аспект на воениот плен, но во антиката воениот плен бил општо добро; неговата распределба и употреба зависеле меѓутоа, од добрата воља на владетелот и војсководецот. Некогаш е користен и како стимулирачко средство за војниците во борба, и како метод за оддржување на внатрешниот ред и дисциплина.

Кај Македонците на Александар III Македонски, воениот плен е делен на војниците како награда или служел за подмирување на воените потреби. Познато е дека Александар е дарежлив кон своите војници особено кога е во прашање град или непријател кој пружа отпор. Така е со Грците кои не пропуштаат прилика кога Македонците се зафатени со подолготрајна војна со други држaви, да удрат во грб и ги протераат македонските воени гарнизони, заради што овие пак се светат. Грчкиот град Теба, не само што ќе страда но целиот ќе стане македонски воен плен, од материјални богатства до човечки потенцијали се ќе биде конфискувано или продадено како робје. И при походот на Персија, Македонците ќе бидат слободни да ги грабаат ризниците на Персипол, Суза и другите поголеми градови.


Персеполис, главната ризница на моќната Персија, целосно ограбена како воен плен од Македонците под водство на Александар

Но, ова им се враќа и од глава на Македонците. Римјаните по долгогодишните исцрпувачки три македонско-римски војни, тешко ќе ги разорат македонските ризници и богатства. Последниот македонски крал Персеј, кога ќе го носат окован пред Римјаните, ќе е дел од можеби најдолгата колона од коли претоварени од богатствата на Македонија. Тој воен плен бил генерации пљачкан и влечен во Македонија од сите страни на светот по кој војувале Александар и наследниците. Римјаните освен златото и среброто сиот останат воен плен го дарувале на своите храмови, дел на војниците (поголемиот сепак за нивните војсководци) а пленот кој е горлив го согорувале во чест на своите богови (особено Јупитер).

Клеопатра VII Птоломеј последната македонска кралица чии баснословни богатства со денови ги ограбуваат Римјаните
Забележано е и дека кога паѓа последната македонска кралска династија која владее со Египет, Птоломеите (Клеопатра VII Птоломеј), само од завземањето на градот Александрија, Август Октавијан на секој војник ќе му подели по 250 сребреници а по падот на целиот Египет по 1000. Но, по целосниот пад на Египет, на секој Римски граѓанин вклучувајќи ги и децата, Октавијан ќе им подели по 400 сестерци. Всушност, воениот плен од последната земја под македонска власт, Египет е толкав да Октавијан освен овие директни парични дарувања по целиот Рим, богато ги дарува и сите храмови по империјата, ги исплаќа сите сопствени долгови и ги опростува на сите свои должници. Римјаните кога ги пљачкаат и другите македонски градови постапувале на ист начин: по падот на градот пљачката трае 3 (три) дена; почнувала кога копјето извалкано со крв се подига (“hasta cruentata”), а по истекот на трите дена стапувала на сила забраната за пљачкање. Воениот плен Римјаните половина јавно го продавале и добиените пари ги вложувале во ризницата на легијата, а другата половина е делена така да дел добие секој војник, два дела добивале центурионите а три дела коњаниците. Но подоцна се ова (во средниот век) се напушта и воениот плен е со чисто пљачкашки карактер при што најголемиот колач од пленот го добивале војсководците и највисокиот по ранг или титула.

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 4983 пати
Просечна оцена од посетителите
 
Оцена:




 
Запиши
Коментар:

 

петок, 06 декември 2024
Моментно посетители: 117

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Реонот на Алшар со единствени рестенија
--------------------------------
 Најголем рудник за воденички камења
--------------------------------
 Св. мч. Пасикрат, Валентион, Јулиј и др
--------------------------------
 Првиот Млековод на Балканот во Македонија
--------------------------------
 Македонците и ножот
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: