Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?

Вкупно гласови : 8855
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
За Македонија > Единствено во Македонија > Дали знаете дека?
Дисциплината кај војската на Македонците
Сподели на Facebook
Дисциплината (lat. “disciplina”; “discere” да се учи, “discipulus” ученик) има две значења:
- првото, како дел или гранка од наука, подоцна и училишен предмет но и спортска гранка;
- второто, изведено од првото, како збир од законски одредби, уредби, прописи и упатства со кои се одредува вистинската должност на членовите од некоја организација или колектив заради постигнување одредени цели и задачи, нивните постапки и дејности, па и санкции кон прекршителите на дадените прописи.

Оттука да се дисциплинира некој, значи тој да се потчини на одреден ред, да се увежба, но и казнува. Како морална, етичка категорија, дисциплината претставува, повеќе или помалку, свесно и доброволно потчинување на луѓето кон обичаен или прописен ред, морални норми и авторитет. Суштината им е да личните интереси се потчинуваат на заедничките, групни интереси; во единството на сите мисли и акции на групацијата (колективитетот); во нивното сознание за неопходноста на таа работа и потребата од санкции за да се постигне заедничката цел. Што е поголема поврзаноста кај луѓето од одредена организација кон заедничките политички и економски интереси, дотолку е посилно изразена оваа морална основа на дисциплината и обратно, што се поголеми разликите и дисциплината ќе е повеќе заснована на јавна власт и нејзините органи, на принуда и репресија. Зависно од карактерот на различните организации постојат: воени, црковни, училишни, партиски, работни, спортски и др. (национални, терористички, политички и сл.) дисциплини.

Но од сите, воената дисциплина е најцврста и најтемелна во сите држави кои и денес постојат, зашто и самите колку и да итаат кон идеалот демократија, ги создала и оддржува нивната војска. А таа дури и во најстарите времиња кога на најпрост начин се создавала имала свој вид дисциплина, можеби попрост но функционирал зашто и тогаш имало санкции за непочитувачите. Така, и тогаш бегството од боиштето, кукавичлукот и тешките пороци често се казнувале со прогон од генсот или смрт.


Македонската војска била со посебно висока дисциплинираност

Кога се Македонците во прашање, низ сите епохи и соодветни условија тие членувале или се дел од организациони и колективитетни дисциплини. Но, особено маестрална е дисциплинираноста на воените контигенти на Македонците под кралот Филип II, преку синот Александар III Македонски и наследниците. Тие најјасно докажуваат дека од мигот кога се устројуваат и ја потчинуваат сета своја верба и енергија на својот крал Филип II, па почнат пеколно да се увежбуваат под најсурови условија до совршеност, ќе ги достигнат границите кои ниту еден народ дотогаш ниту пак до денес, ќе ги достигне. Токму со Филип ќе почне и ќе се постигне македонската воена дисциплина, Александар син му само ќе ја надогради и усоврши, но кога ќе ја прими од татка му таа е целосна. Затоа и не му треба време ниту пак го има за да допрва ја гради, Александар веднаш по смртта на Филип, со истата македонска војна трга во постојаните воени походи. Денес ни звучат совршени описите на хроничарите за способноста на македонската фаланга да се престројува во двојно, четворно, осморно или било какво потребно сходно теренот колонско или пак фронтално прегрупирање речиси во миг.


Македонската фаланга најдисциплинирана се престројува во секоја промена на боиштето

Било која друга војска би се вдала во паничен бег при налет на лавина од ѓулести камења која се спушта од ридот кон неа, но не и македонската. Таа на команда од својот крал молњевито залегнува прегрупирајќи се и прилепувајќи се еден позади друг и ставајќи ги големите штитови над нив така да го зафаќа и штитот од претходникот, создавајќи лимен покрив. По овој покрив останува само камењата да протатнат надолу без да можат да нанесат посериозна штета на фалангата. Било која европска војска која првпат се судрува со животни кои дотогаш и не ги видела (слоновите, пантерите, мастифите,…) би се вдала во паничен бег. Било која војска не може да војува на толку различни временски условија и мердијани, од топлиот Медитеран до најсуровите вечно снеговити Хималаи и од маларичните мочуришта и џунгли на Индија до најврелите пеколни горештини на Гедрозијската пустина. Не, тоа го може само највисоко дисциплинираната и увежбана војска. Таква во историјата на светов ќе се појави еднаш и една, онаа под Филип и Александар Македонски, составена од Македонци по род, тргнати од земјата Македонија.


И во најсуровите пустински услови Македонците дисциплинирано го следат својот крал

И поколенијата Македонци во следните епохи ќе го докажат својот дисциплинран однос кон македонската воена организираност (од македонските средновековни кнежества до сите востанички војски). Да не е високата дисциплина на македонската војска (првично востаничка во X век со татка му на Самуил), не ќе го беше големото царство распроснато од Јадранското до Црното Море и од Дунав до Егејското Море. Уште помалку ќе можеа Хрс и Стрез своите кнежества така долго и упорно да ги оддржуваат и бранат ако не беше дисциплинираната македонска војска. Само со крајни лукави методи како труењата на македонските владетели можеа да паднат но не и со победа над нивните дисциплинирани војски (впрочем и Александар така умре).

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 8436 пати
Просечна оцена од посетителите
 4,66 од 5
Оцена:

Запиши
Коментар:

 

петок, 19 април 2024
Моментно посетители: 111

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Воениот плен кај Македонците
--------------------------------
 Годината на стаорите кои одонесоа милиони во смрт
--------------------------------
 Полумесечината симбол од Филип II Македонски
--------------------------------
 Византија паѓа заради долгови
--------------------------------
 Македонија прва по ранохристијански локалитети
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: