Така се што поминало на просторите околу Карпатите но и пошироко се вметнува во Словени иако никој со никого никаква врска нема. Така и се случи да дури и Бугарите за кои барем е докажано дека се Турско - Татарско племе денес да се вбројуваат во “Словени”! Но ако тоа се прави со нив кои се и денес тука, што се случува со народите од тоа време? Тука особено интересни се Антите и што за нив се изнапишаа теоретичарите.
Така за нив се знае дека се народ кој живеел северно до Црното Море, помеѓу Дњестар и Дњепар, на преминот од стариот во средниот век. Прв ги споменува Јордан, готски историчар од VI век, во врска со продорот на Хуните во Европа седумдесетите години на IV век. Според него, заедно со Виндите, Антите им припаѓале на Венетите. Од 514 год. Антите ја напаѓаат Византија, времиња на преселби и војни, кога и други народи го прават истото (Хуните, Аварите, Печенезите, Келтите, Готите, Бугарите и.т.н). Во 560 год. Антите потпаѓаат под власта на Аварите а по одењето на Аварите во Панонија, Антите се поврзуваат со Византија, служејќи како наемни војници, а некои стигнувале и до повисоки позиции во византиската војска. Така Антот Дабрагез командува со одбраната на Фазис (Севастопол). Последен пат Антите се спомнуваат кај византискиот писател Теофилакт Симокат, кога Аварите завојуваат против нив во 602 год., но не се знае како завршува оваа аварска експедиција.
Каде е проблемот со Антите и заради што Антите си ги вбројуваат во Словени бројните теоретичари на оваа теорија но и други историчари? Имено тие ги сметаат за Источни Словени иако никаков доказ не води ниту го потврдува тоа. Има многу посериозни укажувања на други кои го докажуваат Кавкаско - алародискиот карактер на оваа племе како едно од Черкезите, дури има трети кои посочуваат дека Антите се иранско (сарматско) племе кое се доселува на северните простори од Црно Море.
(Извори – “Antove”, L. Niederle; “Vestnik kralovske cheske Spolechnosti nauk”, 1909; “Nekaj vprashanj iz dobe naseljavanja juznih Slovenov”, B. Grafenauer)
|