Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?






Вкупно гласови : 9246
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
За Македонија > Единствено во Македонија > Дали знаете дека?
Што е фалангата?
Сподели на Facebook

Фалангата е непрекинато збиено линијско постројување во повеќе редици, најпогодно за пешадија наоружана за блиска борба. Прв таков строј познат е уште од околу третиот милениум п.н.е кај Сумерците (Вавилонија).

И кај Хомер војските се стројат во такви збиени редови “Штит до штит, шлем до шлем, војник до војник”. Иако и Хомер спомнува сличен поим и тоа секогаш во множина, прв забележан кој ја спомнува фалангата во прозата е Ксенофон но кај него таа е со повеќестрано значење – војска воопшто, борбен поредок, пешадија за разлика од коњицата, дури и поредок на коњица и бродови.


Македонската фаланга

Дури кај Полибие, во II век, зборот има речиси исклучиво одредено значаење – тешка пешадија (за блиска борба); во тоа време е веќе во официјална употреба на тогашните војски а по примерот на македонската фаланга. Ниту модерните војни писатели не беа сложни во тоа што ќе наречат фаланга. Едните (и најбројните) ова име му го даваат на стројот од тешката македонска пешадија, други овој поим го прошируваат и на грчките, трети пак и на римските строеви со тешка пешадија.


Македонска фаланга

Но за самиот поим е интересно и следново. По својот тактички квалитет македонската фаланга е изразито монолитна, нерачленета формација, исклучиво офанзивна која без посебни маневри удира брзо и директно само во правецот во кој е насочена. Ова наликува на стисната тупаница која удира во миг и директ, што би се рекло “во чело” т.е токму кај што е противничкиот крал и неговата телесна гарда. Но македонската фаланга особено била увежбана и со молњевит опфат на крилата да го опфати непријателот и “загуши”, т.е уништи. Бидејќи и самиот збор “фаланга” денес во медицинската и судската пракса означува рака (“шака”), покрај претходново е интересен поим и заради друго. Од хрониките и легендите, забележано е дека македонските фалангисти при постојаното свое увежбување, имале интересен вежбовен ритуал. Тие едновремено и наизменично со рацете, во строј по редови изведувале енергично замислено удирање со тупаници.

Така и се случило и Индијците да го прифатат ова ритуално увежбување од Македонците а гонети од потребата да се увежбуваат за лична заштита во немирните времиња кои следат. Тие преку свештениците подоцна со ширење на будизмот го шират во соседните земји и Кина каде пак доживува најголем свој развој. Таму и денес во редови построени може да се видат вакви увежбувања. За се е карактеристика ударот со рака, а поттикнато од македонската фаланга. Фаланга, значи – рака .

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 20605 пати
Просечна оцена од посетителите
 4,61 од 5
Оцена:




 
Запиши
Коментар:

 

четврток, 03 октомври 2024
Моментно посетители: 40

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Првата црква во Европа е во Македонија
--------------------------------
 ”Алкалоид” прва фабрика на Балканот за опиум
--------------------------------
 Архелај I, најголемиот Македонски крал–реформатор
--------------------------------
 Минерал МАКЕДОНИТ
--------------------------------
 Фалангата во борба со “Амазонки”
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: