Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?






Вкупно гласови : 7637
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
За Македонија > Убавините на Македонија > Планини во Македонија
Шар Планина
Сподели на Facebook

Титов врв (2747 мнв)

На Титов врв кој се наоѓа на масивот Шар Планина се стигнува преку Тетово од Попова Шапка по асфалтен пат, со возило или организирано, со комби-превоз од Тетово. Редовна автобуска лија не постои, а жичарата работи само во зима. Попова Шапка е оддалечена од Тетово 20 км. Доколку одлучите да ноќевате, тогаш можете да го сторите тоа во пл. дом „Смрека“, во манастирот или некој од хотелите. Патеката е маркирана. Од Попова Шапка или Јелак има неколку можни правци за искачување на врвот, во зависност од расположивото време и желбите. Најкратка и најтешка е патеката преку која директно се искачува на Церипашина. Од тука по гребенот преку Карабунар, врвот Бакардан до Титов врв, патеката е маркирана. Маркацијата за трансверзалата Планини на Македонија - ПМ започнува од Попова Шапка и остатоците од уништениот пл. дом Јелак. Двете патеки се спојуваат пред Орлови стени. Патеката од Попова Шапка се движи по широки ливади, а пред Орлови стени излегува на широк пат. Патеката од планинарскиот дом Јелак води по широкиот пат па се до Орлови стени. Од Орлови стени - Вакуфски бачила, патеката свртува десно покрај Палчишка река, према подножјето на Бакардан и се движи по широки ливади. По левата страна на Бакардан патеката се искачува до седлото помеѓу Титов врв и Бакардан, а потоа продолжува по гребенот до врвот. До Титов врв од Попова Шапка или од пл. дом Смрека, потребни се 4,5 часа пешачење. Патеката е маркирана. Печатот се наоѓа во планинарскиот дом Смрека.

Титов врв може да се искачи и по самиот срт, прво покрај жичарата према врвот Церипашина (има разни антени на самиот врв), потоа по самиот срт преку Бакардан се спушта патеката до преслапот под Титов врв и тука се спојува со другата патека.

Љуботен (2468 мнв)

На врвот Љуботен кој се наоѓа на масивот Шар Планина, се стигнува со автобус од Тетово до с. Вратница, евентуално може да се стигне и до Старо село по асфалтен пат. Маркацијата трансверзалата Планини на Македонија ПМ започнува од мостот на Вратничка река. После мостот патеката врти лево, поминува покрај 2 куќи и постепено навлегува во шумата. После половина час пешачење патеката се искачува на широк пат, а после 15 минути одење, на една остра кривина се напушта широкиот пат и патеката навлегува пак во шума, за после половина час повторно да излезе на широкиот пат. Од тука па се до планинарскиот дом „Љуботен“ патеката се движи по широкиот пат, со една мала кратенка пред домот. За овој дел од патеката ви се потребни 3 часа. Оние кои имаат моторно возило можат да дојдат до домот по макадамски пат од Старо село.

Од домот до врвот планинaта е гола и има трасирана патека која е добро маркирана. Патеката води по падината над пл. дом право нагоре до почетокот на сртот кој завршува на врвот. Од домот до врвот ви се потребни 2 часа, а патеката која оди преку гребенот има стара маркација (поголемиот дел од гребенот е гранична линија). Гребенот е доста тесен и потребно е внимание посебно во зимските месеци.

Врвот може да се искачи и од западна страна. По напуштањето на домот после 20-тина минути не се продолжува право према сртот туку се врти лево по патека која води по изохипса под Козја стена. Кога ќе се стигне на преслапот (тука сте веќе на граничната линија) се врти десно и по гребенот се стигнува на врвот. Печатот се наоѓа во пл. дом „Љуботен“. Домот обично работи на претходна најава дури и во летните месеци.

Бриставец (2675 мнв)

Врвот Бриставец и Црно езеро се наоѓаат во југоисточниот дел на Шар планина. Од Скопје до нив се доаѓа прво по автопатот Тетово-Гостивар со тоа што на клучката кај с. Неготино се излегува од него и се оди кон селата Неготино, Сенокос и Ѓуревиште. На околу 1 км пред Ѓуревиште завршува асфалтот и продолжува макадамски пат према северозапад во правец на Ново село.

По приближно 7 км по макадамскиот пат се доаѓа до каналот на Шарски води од каде има коњски пат према запад кон местото Бриставечки извори (моментално се гради водовод од изворите кон селото).
Пешачењето кое почнува од почетокот на коњскиот пат, води до пределот над шумата при што веднаш по излегувањето од шумата може да се забележи на Бриставецсеверозапад врвот Бриставец. За да се пријде кон врвот се следи патеката која што води на запад кон Црно езеро, при што се можни две варијанти. Првата е од подножјето на Бриставец на околу 1900 мнв да се тргне директно кон Црн камен (2320 мнв) кој е видлив од подножјето во правец на северозапад и покрај него да се продолжи во истиот правец кон врвот. По искачувањето на врвот се продолжува по сртот во правец запад од каде по ведро време добро се видливи Боговинскоото и Белото езеро на север и Црно езеро на југ. Спуштајќи се постепено по сртот во правец запад-југозапад се доаѓа до патека која што води до Црно езеро и понатаму кон Бриставечки извори и макадамскиот пат кон Ново село.
Втората варијанта е од подножјето на Бриставец да се продолжи по патеката кон Црно езеро за потоа да се тргне кон север на искачување на врвот и спуштање преку Црн камен.
За да се направи оваа тура потребни се околу 8 часови пешачење.

Црн врв (2585 мнв) и Кобилица (2528 мнв)

Врвовите Црн врв и Кобилица се наоѓаат во централниот дел на Шар планина, северно од Тетово. До нив може да се дојде преку Тетово, и потоа преку с. Шипковица и Бродец до каде што има асфалтен пат. Од с. Бродец (1050 мнв) до подножјето на Кобилица води широка патека која на почетокот оди Црн врв, Пескови, Кобилицаниз шума према североисток во правец на с. Вејце, после дваесетина минути пешачење веднаш после чешмата се врти лево по патека која што води на север кон подножјето на Кобилица. На самото подножје на Кобилица постои коњска патека која што води према североисток кон бачилата на Бистрица и поминува под самиот Црн врв. Може да се искористи таа патека и прво да се оди на Црн врв, и на враќање да се искачува Кобилица по сртот што ги спојува двата врва. А може и да се искачи Кобилица одејќи директно кон врвот, тука нема патека и се оди по тревнат терен. За оваа тура стартувајќи од с. Бродец со искачувања на Црн врв и Кобилица и назад до селото, со мали паузи, потребни се околу 8 часа.

Вртоп (2555 мнв) и Караниколос езера

Врвот Вртоп и езерата Караниколос (најчесто нарекувани Караниколички езера) се наоѓаат на Шар планина, во нејзиниот централен дел. Пристапот до нив е преку градот Тетово, и потоа селата Шипковица, Караниколос езератаБродец (1100 мнв) и Вешала (1200 мнв) до каде што има асфалтен пат. Местоположбата на езерата е северозападно од с. Вешала (1000 мнв) и се наоѓаат на 2200 мнв. До нив води патека од самото село Вешала, која што на места е покриена со стара маркација, по течението на реката Караниколос. После саат време се доаѓа на една чешма,а до езерата се потребни 2 часа.

Врвот Вртоп се наоѓа северно од с. Вешала. Пристапот до него е можен и директно од селото, но логичен пристап е по патеката која води кон Караниколос езерата од каде што има маркирана патека. За да се направи кружна тура при која ќе се посетата езерата, врвовите Караниколос (веднаш над езерата) и Вртоп, потребни се, со мали паузи, приближно 10 часа.

Искачување по источна страна од правецот на Koбилица - За да се искачи Вртоп по неговата источна страна пешачењето започнува од с.Бродец (од каде се оди и за Кобилица). Се поминува низ самото село и понатаму се оди на исток по коњска патека, која води во правецот на с. Вејце. По дваесетина мин. пешачење се доаѓа до една чешма после која што патеката се двои и тоа на исток кон с. Вејце и на север (лево) кон Кобилица и Вртоп. По левета патека се оди околу еден час низ шума. Шумата завршува на околу 1600 м.нв. и од работ на шумата веќе се гледа самиот врв на Кобилица (2528 ммв).

Десно од врвот Кобилица, на висина од 2068 мнв се гледа една карпа која се вика Голем Камен и за да се оди кон Вртоп се поминува од левата страна на неговото подножје. Над Г. Камен, на висина од околу 2100 мнв се покажува пешачка патека која оди во правец на северозапад по изохипса во благ успон, лево од Кобилица како и карпите после Кобилица наречени Трескавец. После Трескавец доаѓа седлото Љубински Уши, каде патеката за кратко се губи, за повторно да се појави малку повисоко, на северозапад, и истата води до седлото наречено Царево Гумно (2319 мнв) што се наоѓа помеѓу Мала Кобилица и Вртоп.

Од тука до врвот Вртоп се потребни околу 20 мин. Од с. Бродец до Вртоп со мали паузи како и качување на Мала Кобилица се потребни околу 4,5 часа. Во колку дозволува времето, во повраток интересно е да се качи и Кобилица по нејзината западна страна. За таа цел, после Љубински Уши се напушта патеката и се оди лево, во благ успон се дури не се поминат карпите на Трeскавец. После тоа се оди директно кон врвот. За икачување и симнување од Кобилица, на овој начин е потребно дополнително време од околу 1 час.

Пескови (2651 мнв)

Врвот Пескови се наоѓа на Шар планина, во нејзиниот централен дел. До него се доаѓа преку селата Теарце и Брезно до каде што има асфалтиран пат. Од Брезно има макадамски пат до местото Три воде до каде може да се дојде со возило, тука порано постоел планинарски дом кој сега е уништен. Пешачењето стартува Песковиод Три воде по патека делумно маркирана со стара маркација во правец на северозапад, по околу 1 час се доаѓа до реката Бистрица. По течението на оваа река води коњска патека кон Бистричките бачила која што поминува под самиот врв Пескови.

Од тука можни се две варијанти за искачувањето на врвот. Првата е од местото каде патеката ја преминува реката Бистрица да се тргне веднаш кон север со директно искачување на врвот Пескови. Или втората варијанта, да се продолжи по текот на Бистрица кон седлото помеѓу Црн врв и Коњушка (2571 мнв), па потоа по сртот преку Коњушка, на исток кон врвот Пескови. За ова искачување на Пескови и Коњушка (кружно) и назад до Три воде, потребни се, со паузи, околу 8 часови.

Маја (2492 мнв)

Врвот Маја се наоѓа на Шар Планина, западно од селата Вешала и Бозовце. До него се доаѓа преку Тетово, селата Шипковица, Бродец и Вешала (до каде што води асфалтиран пат).
Пешачењето може да почне од с. Вешала но и од с. Бозовце до кое може да се стигне со теренско возило. Доколку стартот биде од с. Вешала патеката води преку северниот излез од селото, по широк пат во правец северозапад. По 10 мин. пешачење патот се дели во два правци: десно (северисток) кој води кон врвот Вртоп и лево (северозапад) кој всушност води кон езерата Караниколос.
За кон Маја се оди по левата патека за по кратко време да се помине мало дрвено мовче преку реката Караниколос. Оддтука, по Врв Маја во срединаоколу стотина метри се тргнува по слабо видлива патека во лево, која води во правец северозапад-запад. Патеката води низ широки ливади и набргу се губи во ливадите. Но веќе од тука може да се видат во правец на запад карпестите падини на врвовите Скакала (2517 и 2432 мнв), кои се наоѓаат лево од Маја, во нејзина непосредна близина.

Одејќи постојано на запад, по околу 1,5ч од стартот, од левата страна се покажува добро разгазена пешачка патека (која веројатно доаѓа од с. Бозовце) и води до подножјето на Маја. На самата патека има повеќе извори на вода, од кои некои се доста издашни. Лево од патеката се гледа Р. Скакала со мал водопад а десно врвот Шереметица (2342 мнв) кој се познава по неговите карпести падини.

Самиот врв Маја е доста стрмен и искачувањето кон него може да биде, по избор, или директно по неговиот источен срт или заобиколно по неговата јужна падина, по слабо видлива патека која води кон езерото Скакала (кое се наоѓа на јужната падина на Маја, поточно помеѓу врвовите Маја и Скакала).
До врвот Маја се потребни околу 4ч пешачење со умерено темпо и кратки одмори. Од тука, враќањето е можно да се изведе преку езерата Караниколос. За тоа е потребно да се оди на североисток преку врвовите Бриња Шахит (2480 мнв) и Бури Шереметица (2476 мнв) кој што се наоѓа над езерото Караниколос, или во правец на Вртоп и Кобилица кои се видливи и лесно препознатливи. Од езерото Караниколос за с. Вешала се оди во правец југоисток, по левата страна на реката Караниколос, по добро разгазена пешачка патека на која има чешма.

Од врвот Маја до езерата Караниколос потребни се околу 2,5ч умерено пешачење, а од езерата Караниколос до с. Вешала уште 2ч. За целата тура потребни се околу 9ч во кои се вклучени неколку кратки и два поголеми одмори од по 30 мин.

МКД-МОУНТ

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 6929 пати
Просечна оцена од посетителите
 4,2 од 5
Оцена:




 
Запиши
Коментар:

 

недела, 21 април 2019
Моментно посетители: 43

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Македонското име одбрането и со ихитофауната
--------------------------------
 Македонците први за воен род – коњица
--------------------------------
 Дисциплината кај војската на Македонците
--------------------------------
 Чудната царица Теодора
--------------------------------
 Првиот златен медал на македонски фотографи
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: