06. XII.1942 год. – кај селото Папрадиште, Велешкиот партизански одред “Димитар Влахов”, беше нападнат од бугарските окупаторски сили.
Настани кои се случиле низ времето поврзани со Македонија и Македонците.
01.XI.1871 год. – во с. Лабуништа, Струшко, роден е Ангелко Крстиќ, македонски романсиер, раскажувач, драмски автор и учител. Најпознат е по романот “Трајан”. Умира во своето родно село Лабуништа на 06 мај 1952 год.
01.X.1891 год. – роден е Ангел Динев, македонски општественик и публицист.
03.IX.1900 год. – во Струга е роден Ристо Крле, македонски драмски писател со дело трајна вредност на македонската литература.
06.VIII.1900 год. – Дамјан Груев, еден од основопложниците и водачите на ТМОРО, беше обвинет и осуден од Османлиската власт за својата револуционерна дејност.
03.VII.1992 год. – Собранието на Р. Македонија ја донесе Декларацијата со која се отфрли делот пак од Друга Декларација – онаа од ЕУ, донесена во Лисабон на 27.VI.1992 год., и во која се условуваше нашата земја со нејзиното уставно име.
Според преданијата произлезени од богатата Александриска библиотека, спуштањето на првото нукачко ѕвоно на светот во море е дело на Македонците.
Јапонија е земја каде се негува македонската култура и фолклор. Во предградието на Јокохама има спортски центар каде секојдневно вежбаат македонски народни ора, фолклорни групи од околу 100-тина Јапонки.
Парада (ang. i franc. “parade“, ital. “parata”, germ.”Parade”) во пошироко значење е свечена смотра или поворка.
Држава (итал.”Stato”, фр.”etat”, анг.”State”,герм.”Staat”, рус. ”держава “ и ”государство”) е посебен тип на општествена организација кој се појавува со делењето на општеството на класи.
Најстарото дрво во Македонија е платанот (Platanus Orientalis) од Охрид, кај народот попознат и како чинарот