Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?

Вкупно гласови : 8862
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
За Македонија > Општи информации > Општини во Македонија
Општина Битола
Сподели на Facebook

Битола е најголемиот градски центар во плодната и најголемата македонска котлина  Пелагонија и втор град по големина во Република Македонија. Градот Битола се  наоѓа во крајниот југозападен дел на Република Македонија,...

во подножјето на  планината Баба со врвот Пелистер (2601 м) непосредно до грчката граница која е  оддалечена 13 км. Битола на север е опколена од четири поврзани ридови, со  височина од 640 до 890 м, наречени Баир, кои се дел од Облаковско-снеговската  планина (1430 м). Од југ, градот е заграден со ридот Тумбе Кафе, со височина од 744  метри кој е огранок на повисокиот планински локалитет Неолица, а таа пак е дел од  пространата Баба Планина. Кон исток, Битола е широко отворена кон котлинското  дно на Пелагонија, а кон запад, кон флувиоглацијалните наноси на реката Драгор,  широката ѓаватска преграбенска долина и високиот Пелистер.

Теренот на кој лежи  Битола е наведнат од 715 до 585 метри, од запад кон исток, односно од Пелистер и  Баба Планина кон пелагониската котлина, и тоа од 710 до 590 метри со што градот  има средна надморска височина од 650 метри. Овие разлики во височините битно  влијаат на изгледот на градот и структурата на градскиот пејсаж. Од една страна  градот е сместен на рамничарскиот предел, а од друга страна на ридско земјиште и  плавински материјал. Битола се наоѓа во зона каде се допираат две различни  полјоделски целини, полјоделско-градинарска на исток, североисток и југоисток и  овоштарско-градинарска и сточарска зона на запад и југозапад. 
 

Градот Битола се протега на следните координати: од 21о 18’20” до 21о 22’11”  источно до Гриничкиот меридијан (ИГД) и од 41о 00’00” до 41о 03’20” северно од  Екваторот (СГШ).
Административно гледано, градот Битола е седиште на Општината Битола, но и главен регионален центар за југозападниот регион на Република Македонија.

http://www.bitola.gov.mk/

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 5330 пати
Просечна оцена од посетителите
 5 од 5
Оцена:

Запиши
Коментар:

 

вторник, 23 април 2024
Моментно посетители: 13

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Македонските рудници во II Светска војна
--------------------------------
 Најстарото дрво во Македонија
--------------------------------
 Македонија и најбезумната крстоносна војна
--------------------------------
 Воените лукавства
--------------------------------
 Обуката на македонската фаланга
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: