Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?

Вкупно гласови : 8867
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Новости > Дневни новости > Дневни случувања во Македонија
Нови документи за дедо Иљо Малешевски
Сподели на Facebook

Неколку нови документи, факсимили од писма, лични предмети, карти, насликан портрет на беровскиот војвода, за прв пат се презентираат пред македонската јавност, благодарение на неколкугодишното истражување на Мирјана Нинчовска.

- Личноста на Илија Марков Поп-Георгиев или попознат како дедо Иљо Малешевски е длабоко врежана во свеста на македонскиот народ. Станува збор за легендарна личност. Од неговото излегување во ајдутство да го брани македонскиот народ, па се до учеството во војните во соседните држави насочени против турската власт. Тој ги пробива и македонските граници, станува европски познат, вели историчарот д-р Никола Жежов, по повод отворањето на изложбата во Музејот на Македонија, посветена на овој војвода од 19 век.

Неколку нови документи, факсимили од писма, лични предмети, карти, насликан портрет, за прв пат се презентираат пред македонската јавност, благодарение на неколкугодишното истражување на Мирјана Нинчовска, виш кустос во Историскиот оддел на Музејот на Македонија. Изложбата е по повод 130 години од двомесечната слобода на Пијанец и 110 години од смртта на познатиот војвода.
Историчарот Жежов вели дека многу преписки, факсимили и документи се наоѓаат во ќустендилскиот музеј во Бугарија. Документи за животот и делото на Малешевски има и во Србија, Русија, односно сите земји коишто имале контакт со неговото дело.

- Посебно место во изложбата зазема и факсимилот од еден чешки весник каде уште во 1867 година е објавена биографија на Дедо Иљо Марков, а тоа јасно говори дека станува збор за личност позната на европската јавност, вели Жежов. Тој додава дека архивите во соседните земји се отвораат за истражување на ликот и делото за оваа историска личност и веќе не може да се зборува за табу-тема во однос на таа документација.

- Донесена е голема архивска граѓа за истражување, но потребни се средства. Но, полека се откриваат и се доразјаснуваат сите процеси и личности, додава историчарот.

Авторот на концепцијата, Мирјана Нинчовска вели дека личните предмети на Малешевски и биле поттик да почне да го истражува неговот лик и дело.

- Претставена е и фотографија на Илија Марков Поп-Георгиев со неговата сопруга, потоа сликан е и непосредно пред својата смрт. Оваа изложба е значајна, бидејќи Малешевски првпат се обработува од музејски аспект, вели Нинчовска.

Иљо Марков Малешевски, роден 1805 во Берово, македонската историја го познава како голем револуционер кој ја бранел својата христијанска вера и честа на своите блиски од неправдите на османлиските владетели. Со своето дејствување станал еден од најистакнатите ајдутски војводи не само во Македонија, туку и на Балканот.

Неговата дејност е дел од ослободителните борби во втората половина на 19 век. Учесник е во Разловечкото (1876) и Македонското (Кресненско - 1878) востание. Дејствувал најдолго од сите македонски војводи. За своите војнички заслуги е одликуван со српски, руски и бугарски воени одликувања. Умрел во Ќустендил 1898 година.


Анита ЈОВАНОСКА
Фото: Д.АНДОНОВСКИ

25.01.2008

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 1384 пати
Просечна оцена од посетителите
 
Оцена:

Запиши
Коментар:

 

петок, 26 април 2024
Моментно посетители: 49

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 ”Лустрација” на македонската античка војска
--------------------------------
 Мариово–македонска автономна област под Отоманите
--------------------------------
 Свештмч. Мокиј
--------------------------------
 Вселенските црковни собири
--------------------------------
 Најстрашниот и најразорен земјотрес во Македонија
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: