На церемонијата присуствуваа македонскиот министер за информатичко општество Иво Ивановски и амбасадорот на Франција во нашата земја, Бернар Валеро, кои ја предадоа во употреба фабриката.
Вложени се 60.000 евра за поставување на постројки, што ќе произведуваат параглајдери, ски-дравјери и неколку други спортски реквизити, што на почетокот ќе се продаваат во Франција и неколку други европски земји. Според интересот, во нашата земја постои можност и младите од земјава да се заинтересираат за спортување со оваа опрема.
- Фабриката е прва од ваков вид во нашата земја и во Источна Европа со што се дава сигнал за натамошно подобрување на економските односи меѓу Франција и Македонија - рече на отворањето на фабриката амбасадорот Валеро.
За опремата што ќе ја произведува оваа фабрика има интерес во повеќе земји, заради што е оценето дека перспективно таа може поуспешно да се развива.
(П.С.)
17.01.2008