Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?






Вкупно гласови : 8854
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Новости > Дневни новости > Дневни случувања во Македонија
Македонија најотпорна на светската економска криза
Сподели на Facebook
Според Светската банка, Македонија во изминатите 6 месеци се покажа како најотпорна на последиците од светската финансиска криза, за разлика од поголемиот дел од земјите од регионот, како Хрватска, Турција, Бугарија и Србија.

Македонија се покажува како една од најотпорните земји кога станува збор за светската економска криза. Ова го покажуваат анализите на Светската банка и ММФ. Според нивните пресметки во југоисточна Европа најлошо ќе помине Романија. Во земјата која пред две години влезе во Европската унија се очекува негативен раст од 4,1 отсто. И Хрватска ќе ја почуствува економската криза многу повеќе од Македонија. Светската банка и ММФ сметаат дека хрватската економија годинава ќе влезе во рецесија со раст од минус 3,5 отсто, а босанската со 3 отсто. Негативниот раст во српската економија ќе биде еднаков на македонскиот. Во Македонија се очекува минусот да биде само 2 отсто.

Најпесимистички се сценаријата за Латвија, Литванија и Естонија. Очекувањата се дека економијата на Латвија ќе падне на минус 12 отсто, а на Литванија и на Естонија по 10 отсто негативен раст. Во рецесија ќе влезе и Турција со минус од 5,1 отсто пораст, што е далеку повеќе од Македонија. Во анализата објавена токму пред пролетното заседание на ММФ и Светската банка, се истакнува дека "центарот на кризата" на глобалната економија се наоѓа во САД и во другите најразвиени западни земји. Најразвиените земји оваа година ќе се соочат со пад на стопанската активност, кој во просек треба да се движи околу 3,8 отсто, додека за САД ММФ предвидува негативен раст од 2,8 проценти, како и нулта економска експанзија во 2010 година. Зоната на еврото, која опфаќа 16 членки на ЕУ, оваа година ќе има негативен раст од 4,2 отсто. Сите овии земји, според проценките, имаат далеку поголем негативен раст од нашата земја.

На Македонија и се предвидуцва рецесија, пад на цените и раст на минусот во тековната сметка. Во прво време тоа е добро за граѓаните. Но, ако потрае, а очекувањата на економските експерти е дека тоа ќе ја снајде македонската економија, поевтинувањето ќе биде лошо и за стопанството и за граѓаните. Бидејќи ќе се обезвреднуваат производството и услугите на фирмите, тие ќе немаат пари за плати, па може да отпуштаат вработени.

Закрепнувањето ќе оди малку побавно и зависи од "решителните мерки на финансиските власти да се воспостави финансиска стабилност" и од ефикасноста на мерките на буџетската и паричнокредитна политика во најразвиените држави во светот.

Според американските институции кризата може да се подели на три дела. Првиот дел завршува следниот месец. Вториот период својот крај ќе го види до крајот на годинава кога ќе се направат анализи и резултати за она што досега е направено и да се направи планот за следната година. Третиот период завршува во првиот квартал од наредната година, кога се очекува потпора на првичните иницијативи за почеток на нови инвестиции. И американскиот претседател Барак Обама во последното излагање посочи дека има сигнали за опоравување од економската криза која го зафати целиот свет.

25.04.2009

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 2301 пати
Просечна оцена од посетителите
 
Оцена:




 
Запиши
Коментар:

 

четврток, 18 април 2024
Моментно посетители: 346

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Елијан за Македонците
--------------------------------
 Светло и поплочување на градови, дело на Македонци
--------------------------------
 Минерал МАКЕДОНИТ
--------------------------------
 Антите како Словени
--------------------------------
 Првата црква во Европа е во Македонија
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: