Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?

Вкупно гласови : 8867
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Новости > Дневни новости > Дневни случувања во Македонија
Кратово град на мостови, кули, подземни тунели...
Сподели на Facebook
Транопира, Коритос, Кратер, Кратис Кора, како што низ векови бил нарекуван овој стар македонски град, годишно го посетуваат од 3.500 до 4.200 домашни и странски туристи, а годинава од мај до ноември се очекуват нови тури на гости од Италија, Германија, Данска и Велика Британија

Кратово градот на мостовите, кулите, подземните тунели, старите борови од мај до ноември годинава се очекува да биде посетен од повеќе странски туристи. Закупени се речиси сите еднодневни аражмани на италијанските, германските, дански и англиските тур-оператори за посета на Кратово и неговата околина. Транопира, Коритос, Кратер, Кратис Кора, како што низ векови бил нарекуван овој интересен и стар македонски град, годишно го посетуваат од 3.500 до 4.200 домашни и странски туристи. Соработката со домашните и странските туристичките агенции се реализира преку Здружението на граѓани од Центарот за карпеста уметност во Кратово, чиј основач е кратовчанецот Стевче Донев.

Според Донев, во кратовскиот крај има што да се види, оти изобилува со цркви и ретки и живописни фрески, но и археолошки наоѓалишта како што е праисториското живеалиште Цоцев Камен и импресивниот археолошки локалитет Куклица, популарно наречен кај мештаните Веселата свадба со 148 грандиозни камени кукли.

Од град којшто во 17 век бил во подем и важел за еден од најголемите рударски региони на Балканот со околу 50.000 жители, Кратово денес едвај има 7.000 жители. Причина за тоа е што последниве години многу малку странски инвестиции се влезени во стопанството, поради што младиот и образовен кадар заминува на работа во Скопје или во околните балкански земји.

За Донев токму туризмот може да го воскресне Кратово, оти навистина има што да му се понуди на посетителот. Но за тоа, како што нагласува Донев, потребно е помош и од локалната власт и од Министерството за економија, односно секторот за туризам.
- Има услови за развој на алтернативен туризам, селски, верски туризам, како и архиолошки туризам. Нашиот Центарот за карпеста уметност којшто е прв од ваков вид во Југоисточна Европа, веќе побара од локалната власт да реставрира една од старите кули и таму да се продаваат сувенири, да се изложат старите артефакти и гравири - вели Донев. Тој објаснува дека за туристите се интересни и старите занаети кои во градот порано ги имало во изобилство. Голем хендикеп за туризмот е што во Кратово нема капацитети за преноќување, поради што туристите посетите ги реализираат само на еден ден.
- Околу триесетина куќи стари и по 120 години со интересна и автентична архитектура ќе бидат доволно да се реставрираат и да се направат како мини хотелчиња каде ќе се служи македонската храна по бабините рецепти. За ова веќе неколку пати пративме абер до Министерството за економија и секторот за туризам. За да се реализира еден ваков проект, а објектите да ги задоволат потребите на современите туристи е потребно околу 1,5 милиони евра, вели Донев. Тој нагласи дека досега како регионална канцеларија и информативнотуристичко биро се потпомогнати од Германската Влада -ГТЗ. Донев најавува дека имаат потреба од нови вработувања на преведувачи, изработувачи на сувенири и уметнички слики.

Според него, ако овој проект се реализира тоа ќе биде вистинска туристичка револуција за Кратово.

Проектот може да биде готов до 2011 година ако локалната власт помогне во изработката на физибилити студија, но и да овозможи навреме да се ангажира квалитетна фирма што може да ја релизира реставрацијата на куќите.
- Јас веќе имам подготвено една стратегија за развој на туризмот од 2008 до 2012 година, за која што првично беа одвоени 17.000 евра за праисториското живеалиште Цоцев Камен, но парите се уште не се пристигнати - вели Донев. Тој се се пожали дека гостите кога шетат по Кратово се разочарани од нехигиената околу кулите и мостовите. Донев апелира до локалната власт да се одвојат средства кои ќе бидат вложени во континуирано расчистување на сметот, но апелира и кон кратовчани да не го фрлаат ѓубрето каде што ќе стасаат.

Кули и подземни тунели
Кратово е град и голем број на средновековни кули, од нив 12 се лоцирани на левата страна од градот, а 5 на десната. Во моменот како што објаснува Донев само 6 од нив се очувани, додека другите се поприлично оштетени и неопходна е нивна реставрација. Најголем дел од кулите настрадале за време на Карпошовото востание.

Најстара и најбогата кула е Златкова кула, додека пак од познатата Сарај кула под Кратово се протегат подземни ходници (подземни тунели) коишто се раширени дури до Радин мост. Ходниците биле направени за да се кријат монетите коишто биле ковани во Кулата, што едновремено била и ковачница и менувачница.

Град со најмногу мостови и реки
Кратово е и град на околу 17 мостови, иако денеска сите не се во функција. Најпрочуениот мост е Радин мост, за коишто е исплетена потресна легенда дека во темелите жива е заѕидана Рада. Според приказната мостот го граделе 9 браќа, но тој постојано паѓал и за да го зацврстат одлучиле најмладата снаа жива да ја заѕидаат. Таа имала машко дете доенче и плачејќи побарала да и ја остават слободна десната града, за да може да го надои чедото.

Со својата убавина пленуваат и другите кратовски мостови, како што е Гровчанскиот мост, Чаршиски мост, Јокширскиот како и Гореномалски мост. Но Кратово е град низ коишто течат повеќе реки. Манцева Река, Баба Карина Река и Табачка Река се спојуват во ценатарот на Кратово и ја формират Кратовска Река.

Кратово е познато и по горостасните борови кои датират од 14 век. Тие се високи над 25 метри, а врвовите на дрвјата им се подгорени од гром. Најстарата фотографија на која се гледат боровите датира од 1927 година.

Исцелителна фреска на Исус Христос со сребрена рака
Црквата Свети Јован опсечен, којашто датира од 15 век, во 1689 година за време на Карпошовото востание била опожарена, по што повторно е обновена од страна на прочуениот мајстор Андреј Дамјанов.

Црквата меѓу верниците е позната по фреските на Исус Христос, Богородица и Свети Јован опсечен, коишто имаат сребрена рака. Тие се изработени од прочуениот мајстор Захарие Досев - Самоковец.

Според верувањето на верниците сребрената рака изработена од среброто на кратовските рудници е со исцелителна моќ. Токму затоа за претстојните Велигденски празници се очекува во оваа Црквата да пристигнат голем број на верници, за да ги следи среќа, здравје и радост преку целата година. Црквата секоја година е посетена од гости од Словачка, Хрватска, Германија, а специјален гостин бил и амбасадорот на Украина во земјава.

Фото:Н.Батев
Валентина МАРЈАНОВИЌ

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 3401 пати
Просечна оцена од посетителите
 
Оцена:

Запиши
Коментар:

 

петок, 26 април 2024
Моментно посетители: 45

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Киклопскиот ѕид во Македонија меѓу најстарите
--------------------------------
 Македонскиот антички штит бил дрвен
--------------------------------
 Во Јапонскиот парламент – “Лига за Македонија”
--------------------------------
 Партизанската војна и антиката
--------------------------------
 Златото на Персија кај Александар
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: