Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?

Вкупно гласови : 8891
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Новости > Дневни новости > Дневни случувања во Македонија
Денови на македонска култура на повеќе дестинации
Сподели на Facebook
Манифестацијата "Денови на македонската култура" ќе се одржи и во Стокхолм, Шведска, и во Киев, Украина, а македонските уметници ќе бидат во центарот на 14. Биенале на млади уметници од Европа и од Медитеранот.

Македонската култура наскоро ќе биде претставена во Прага, по повод претседателствувањето на Чешка со Европската унија. Манифестацијата "Денови на македонската култура", според надлежните во Министерство за култура, во Прага ќе се случи во првата половина од годината, а ваков тип претставувања ќе има и во Стокхолм, Шведска, но и во Киев, Украина, каде што ќе биде отворен културно-информативен центар.
- Македонската култура во Прага ќе биде претставена преку изведбата на камерниот оркестар на Македонската филхармонија, под диригентската палка на маестро Борјан Цанев. Ќе настапи и музичката група "Фолтин", чиј настап ќе биде проследен со ликовниот перформанс на Мирослав Масин. Во Прага ќе се чујат и авангардните музички звуци од Македонија преку изведбата на Кирил Џајковски, Дуке Бојаџиев и Анџела Мек Класки. Настап и презентирање на македонската изворна музика ќе има и преку изведбата на Стевче Стојковски со својата група, велат во Министерството за култура.

Предвидено е чешката публика да се запознае и со репрезентативни дела од македонската кинематографија. Ќе има изведба на театарската претстава "Лебедова песна" во режија на Бранко Ставрев, а ќе бидат промовирани и три тома на изданијата на Државниот архив "Чехословачки дипломатски документи за Македонија", а ќе биде претставен и дел од богатото археолошко наследство на Република Македонија.

Помали претставувања на македонската култура ќе има уште и во неколку други земји со кои годинава нашата држава одбележува 15 години билатерална соработка.

Република Македонија ќе биде во центарот на светските културни случувања и во септември кога над 1000 уметници и гости од 48 земји, ќе бидат дел од светски значајната манифестација 14. Биенале на млади уметници од Европа и од Медитеранот".
- Голема меѓународна промоција е планирана и во Венеција, каде што во април ќе има претставување на зборникот "Охридските пораки за мир и соживот". Во Венеција на познатото Венециско биенале за уметност што се одржува од јуни до ноември годинава ќе се претстават македонските уметници Гоце Наневски и Никола Узуновски, додаваат во Министерството.

Даниела ТРАЈКОВСКА

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 1516 пати
Просечна оцена од посетителите
 5 од 5
Оцена:

Запиши
Коментар:

 

понеделник, 06 мај 2024
Моментно посетители: 15

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Македонско писмо кое најдолго патуваше
--------------------------------
 Втор вселенски собор
--------------------------------
 Целиот учен свет на антиката – во Александрија
--------------------------------
 Археолошки истражувања и грабеж на Македонија
--------------------------------
 Нова обука на аскерот за Македонија
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: