Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?

Вкупно гласови : 8891
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Новости > Дневни новости > Дневни случувања во Македонија
Металурзите со деветка во Париз
Сподели на Facebook
Во првата пресметка со Французите, во одлична претстава, нашиот шампион го декласира противникот, прикажа добра игра во одбраната, на чело со голманот Борко Ристовски и има убави шанси да го повтори минатогодишниот успех, кога стигна до четвртфиналето.

Во одлична ракометна претстава, пред голем аудиториум, кој на крајот си замина со полно срце, не само од победата на победата на Металург над францускиот Париз, туку и заради прикажаната игра. Победата од 9 голови разлика му дава реални шанси на нашиот претставник во КПК да се надева дека ќе го мине претставникот од земјата на светскиот и на олимпискиот првак, зашто победата од 27:18 е голема и ќе го повтори минатогодишниот успех кога стигна до четвртфиналето во КПК. Централна личност на средбата беше голманот Борко Ристовски, кој не само што постигна гол од голманската позиција, што е негов специјалитет, туку беше вистински бедем за Французите. Имаше 19 одбрани, а неговите контри беа убиствени за противникот, прецизни и завршуваа со погодок. Одбрната на Металург беше стамена и цврста, Французите никако не успеваа да ја разбијат, едноставно нивната бековска линија не доби шанса да бие, а и она што мина, заврши во рацете на Борко. Победата на Металург веројатно ќе беше поубедлива, ако нападот функционираше како одбраната. Во 21 минута беше 13:5 за нашиот тим, Французите веќе беа на колена, пред катастрофа, но уследи пад во нашата игра. Париз направи скор од 3:0, ние постигнавме уште три голови, а противникот дури 7. Сепак, во второто полувреме Металург го поправи впечатокот од овие кризни минути, повторно проработија контрите и полуконтрите, и на крајот дојде до посакуваната убедлива и висока победа. Реваншот се игра следниов викенд во Париз.

По средбата видна беше радоста кај нашите, а најдобриот на паркетот Борко Ристовски вака го прокоментира мечот:
-Не случајно пред натпреварот реков дека клуч за нашата игра и победа треба да биде одбраната. Тоа е играта на Металург, која дава резултати. Одиме на победа и во Париз, само така можеме да успееме да бидеме и конечни победници, иако и деветката од Скопје е голема. Не смееме да се опуштаме, ќе работиме на психолошки план. И благодарам на публиката, која френетично не бодреше во кризните моменти за да се вратиме во игра.

Горан Ѓоргоноски и во репрезентацијата и во Металург во отсуство на Ванчо Димовски одлично се снаоѓа на пикерската позиција.
-Имаме добар резултат од 9 голови, предноста е убава, но не треба да се залажуваме дека ќе биде лесно во Париз. Борко беше јунак на натпреварот, одбрани многу топки и покрај нашата добра одбрана, тој беше клучен играч за успехот - рече по мечот Ѓоргоноски.

Други резултати од осминафиналето во КПК: Хаукар - Нордхорн 21:34, Дунафер - Пик Сегед 33:29, Колдинг - Амицита 30:30, Босна - Каустик 33:23, Стеауа - Певаферса 27:33, Бузау - Ваљадолид 27:33


Металург - Париз 27:18 (16:12)

Сала Борис Трајковскии. Гледачи 4.000. Судии: Хашчик и Отапка од Словачка. Седмерци: Металург 1 (1), Париз 2 (2). Исклучувања Металург 6, Париз 10 мин.
Металург: Брестовац, Ристовски 1 (19 одбрани), Живковиќ, С.Стоилов 1, Лазаров 4, Миркуловски 5, Ивановиќ, Недановски 3, Ѓорѓоноски 3, М.Стоилов 1, Маљцев 3, Чантурија 1, Јовиќ 1, Шмигиќ 4.
Париз:Антонаи (4 одбрани), Накиб (15 одбрани), Клементи 3, Мусион 1, Сорхандо 3, Клер 3, Дијав 2, Нитиал, Зеленовиќ 1, Филах 2, Ниворе, Ортега 3, Дорос, Ди Силво.
 

Вилизар ПАВЛОВ
Фото: Ѓ. Личовски

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 1597 пати
Просечна оцена од посетителите
 
Оцена:

Запиши
Коментар:

 

понеделник, 06 мај 2024
Моментно посетители: 17

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Австрија во чест на потомството од Мисирков
--------------------------------
 Децимирање – казна десеткување заради малодушност
--------------------------------
 Св. Маченик Нестор
--------------------------------
 Чудната царица Теодора
--------------------------------
 Држава, етимолошко поимање
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: