Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?

Вкупно гласови : 8867
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Новости > Дневни новости > Дневни случувања во Македонија
Бабуна - заборавен рај за туристите
Сподели на Facebook
Деновиве, омилено место за стотици домашни и странски планинари и љубители на еко-туризмот е реонот по течението на Бабуна. Гостите се сместени во планинарските домови Чеплес и Папрадиште, каде за ноќевање плаќаат околу 150 денари

Реонот на Бабуна и покрај тоа што остана заборавен од власта и понатаму е омилено место за стотици домашни и странски планинари и љубители на еко-туризмот. Тие деновиве се гости во планинарските домови Чеплес и Папрадиште, лоцирани по долното течение на Бабуна, каде за ноќевање плаќаат околу 150 денари. Пристапот за туристите е тежок оти нема соодветни патишта, но и покрај тоа тие не се откажуваат од оваа природна убавина. Велешката локална власт досега не подготвила ниту еден проект за да го уреди овој прекрасен реон околу реката Бабуна се до нејзините извори под Солунска Глава. Членовите на еколошкото друштво "Вила Зора" и еколошката групација "Грин Пауер", веќе години наназад се обидуваат да го заживеат туризмот и "Пешти" да стане познато излетничко место и воздушен филтер на Велес, бидејќи за жителите на загадениот Велес, покрај езерото "Младост", ова е едно е ретките места за пријатен одмор.

Екологистите се жалат дека досега организирале бројни акции за заживување на Бабуна, но не биле соодветно поддржани од локалната власт.
- Од Бабуна никогаш нема да се откажеме. Таа е една од најубавите реки во Македонија, а просторот низ кој што минува е еден од најживописните во земјава, смета Кире Кочов, член на ЕД "Вила Зора". Со неговото мислење се согласува и Јован Павлов, претседател на планинарското друштво "Солунска Глава" од Велес. Павлов наглаува дека навистина е голема штета е што регионот на Азот, Солунска Глава и реката Бабуна останаа заборавени од туристичките работници, но, за среќа, не од домашните и странските планинари и љубители на природата. Според него тие најчесто претстојуваат во планинарските домови во Чеплес и Папрадиште.

Како што велат жителите на Богомила, од изворот на реката под врвот на Солунска Глава, па се до нејзиното влевање во Вардар, недалеку од Велес, како природата да ја истурила сета своја убавина. Водата која што е чиста и незагадена значи живот за жителите од дваесетината населени места. Филип Митревски од Богомила вели дека реонот е богат и со срни и друг вид дивич, а располага и со триесетина пештери. Во четири од нив се наоѓаат пештерски цркви од 14 век, кои, за жал, се напуштени и заборавени. Мештаните укажуваат дека црквата не се грижи за нив и поради тоа од некогашните пештерски цркви останале само мал дел од фреските.

Стоилко Андеевски

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 2666 пати
Просечна оцена од посетителите
 
Оцена:

Запиши
Коментар:

 

петок, 26 април 2024
Моментно посетители: 66

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Деветте Музи се од Македонија.
--------------------------------
 Први зоолошки истражувања во Македонија
--------------------------------
 Првото нуркачко ѕвоно на светот од Македонците
--------------------------------
 Археолошки истражувања и грабеж на Македонија
--------------------------------
 “Василици” македонски вршници
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: