Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?






Вкупно гласови : 7448
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Новости > Дневни новости > Дневни случувања во Македонија
Хаг нема ингеренции да решава за Љуботен
Сподели на Facebook
Хаг нема ингеренции да решава за Љуботен, а Бошкоски му е голем должник на Јохан!
Премиерот Никола Груевски е извонредна личност која вистински сака и се труди да помогне во целиот случај. Македонците, од друга страна, имаат право да се чувствуваат онеправдани, бидејќи се единствените на светот на кои им се суди за самоодбрана во својата земја, вели адвокатот Дершовиц говорејки за тоа дали има доволно поддршка од Македонија за жалбената постапка

Вие влеговте подоцна во адвокатскиот тим кој работи на жалбената постапка на единствениот Македонец осуден од Хашкиот трибунал - Јохан Тарчуловски. Имавте ли доволно време да навлезете во предметот и да дадете свој придонес во таа жалба?
- Имав материјали од едниот до другиот ѕид од мојата канцеларија, можам да ви кажам дека ги поминав речиси сите до моментот на поднесувањето на жалбата.

Кои се главните аргументи во жалбата?
- Првиот и главен аргумент кој го потенцираме е дека Трибуналот нема јурисдикција врз овој случај. Настаните кои се случија не може да бидат оценувани од Трибуналот, кој не е соодветно тело да ги евалуира. Главната причина за ова е што под капата на ОН, земја, во случајов Македонија има апсолутно право на самоодбрана, не само за прекуокеански цели или преку граница во друга држава, туку и врз група во самата држава која спроведува терористички активности.

Во најавата за жалба, која беше поднесена во август годинава, одбраната посочи дека ќе се жали на погрешна примена на материјалното право и за погрешно утврдена фактичка состојба. На што конкретно се однесува ваквата забелешка?
- Постојат бројни резолуции на Обединетите нации со кои ја повикаа Македнија како суверена држава да се справи со насилството кое за ОН е дефинирано како внатрешен проблем. Обединетите Нации инсистираа Македонија да се справи со екстремистичкото однесување на терористите. Македонија е комплетно различен случај од сите досегашни пред Трибуналот затоа што на државата и се одзема сувереното, но и меѓународното право на самоодбрана.

Ова значи дека има погрешна примена на фактите во претходната процедура пред Трибуналот?
- Без сомнение, јас немам никакво сомнение за тоа. Јохан Тарчуловски делувал во име на својата Влада, по овластување. Операцијата која е спроведена е да се обидат да ги фатат терористите за кои тие верувале дека се кријат во селото.

Ексминистерот за одбрана Љубе Бошкоски за истиот случај доби ослободителна пресуда од Трибуналот. Ќе се појави ли тој повторно во хашката судница, овојпат како сведок во одбраната на Тарчуловски?
- Бошкоски му должи на Тарчуловски. Јохан екстремно помагаше и рече дека се работи за заедничка одбрана и не се бранеше со вперување прст кон луѓето од највисоката хиерархија, а особено кон Бошкоски, кој беше на позиција. Сега кога Љубе не се соочува со обвинение, мислам дека има голема морална обрвска да истапи и да објасни дека Јохан Тарчуловски не е одговорен. Ако не се појави доброволно, ќе мораме да го повикаме како сведок.

Кога според Вас би завршила жалбената постапка?
- Обвинителот сега има четириесет дена да се изјасни за жалбата, но веројатно ќе бараат повеќе време. Зборуваме за три до четири месеци ако се работи брзо, па се до една година.

Дали во овој период, речиси шест месеци по донесувањето на пресудата, има обезбедено нови докази кои би му помогнале на Тарчуловски?
- Секако, ќе ги презентираме во постапката, особено криењето терористи меѓу цивили.

Дали сметате дека човек со ингеренции како што ги имал Јохан Тарчуловски во 2001 година може да биде одговорен за такво дело?
- Не наоѓам никаков доказ да го поддржи тоа. Нема никаков доказ, нема ни доказ дека Јохан воопшто бил таму.

По првата пресуда имаше многу коментари, особено за вмешаност на политиката во случајот Љуботен. Се согласувате?
- Незнам како точно се коментирало, но знам дека не е фер да се изолира и Јохан и целиот случај за одговорност, кога секоја земја во светот го има правото да го направи она што Македонија го направи.

Какви се вашите очекувања, што реално би можело да се случи? Може ли Трибуналот целосно да ја промени одлуката?
- Треба да одлучат дека згрешиле. И да ја поништат. Се надевам дека ќе го сторат тоа. Пресудата е целосно погрешна.

Отфрлање на сите обвиненија или намалување на казната?
- Отфрлање на сите обвиненија. Нема доказ и сведоци дека Јохан планирал, организирал или извршил акција, така што целата постапка има големи пропусти и пресудата мора да биде поништена.

Имате ли доволно поддршка од Македонија за жалбената постапка?
- Премиерот Никола Груевски е извонредна личност која вистински сака и се труди да помогне во целиот случај. Македонците, од друга страна, имаат право да се чувствуваат онеправдани, бидејќи се единствените на светот на кои им се суди за самоодбрана во својата земја.

Сметате ли со оглед на високата пресуда - 12 години затвор, имаше пропусти во одбраната во постапката пред судот? Дали требаше да бидат преземени поинакви дејствија, да се постапи поинаку?
- Судот дејствуваше несоодветно. Воопшто не требаше да го разгледува случајот, и нивнат одговорност е што донесоа погрешна одлука. А дали одбраната требаше да постапи поинаку, секако дека секогаш може и подобро. Важно е да се докаже дека има огромни пропусти во постапката од Судот.

Вашето мислење за Судот, воопшто?
- Тие немаат право да решаваат за овој случај и се надевам дека навреме ќе го воочат проблемот. И ќе ја поништат пресудата, а јас би бил многу разочаран доколку не го сторат тоа.


ИВОНА Талевска
БИЛЈАНА Зафирова

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 3701 пати
Просечна оцена од посетителите
 5 од 5
Оцена:




 
Запиши
Коментар:

 

среда, 23 август 2017
Моментно посетители: 114

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 ”Алшар”– единствено наоѓалиште во светот на…
--------------------------------
 Кралските круни потекнуваат од Македонија
--------------------------------
 Кошула за вардење од уроци
--------------------------------
 Черкезите, Македонија и нивниот прогон од неа
--------------------------------
 Дијадоси – наследници на Александар Македонски
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: