Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?

Вкупно гласови : 8894
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Новости > Дневни новости > Дневни случувања во Македонија
Московскиот оркестар на Бољшој театар во Скопје
Сподели на Facebook
Овој ексклузивен настан кој е поддржан и од Министерството за култура е закажан за 18 мај, а ќе се одржи во рамките на европската турнеја на оркестарот на Бољшој театар од Москва.

Еден од најпознатите светски ансамбли, оркестарот на Бољшој театар од Москва, првпат заедно со нашиот пијанист од светски ранг Симон Трпчески, ќе одржат концерт во Метрополис арена во Скопје. Овој ексклузивен настан, кој е поддржан и од Министерството за култура, е закажан за 18 мај, а ќе се одржи во рамките на европската турнеја на оркестарот Бољшој театар.
- Овој настап е од историско значење за нашата држава. Една идеја која во почетокот изгледаше како невозможна мисија, со голема упорност, желба и ентузијазам ќе се оствари. Пред два дена бев во Москва и пред Бољшој театарот, кој го немав видено можеби 18 години. Ми изгледаше како сон да си помислам дека токму со оркестарот на тој театар ќе настапам и тоа, ни помалку ни повеќе, туку во својот роден град. Овој настан уште повеќе ќе го поткрене нивото на македонската музичка култура, со кој на светот ќе му ги покажеме цврстите корени на оваа земја, изјави вчера маестрото Трпчески.

Со оркестарот, кој ќе биде присутен во полн состав од околу 100 члена, ќе диригира главниот уметнички директор на Бољшој театарот Александар Ведерников. Концетрот во Скопје ќе биде последната дестинација на европската турнејата на овој оркестар кој претходно ќе настапи во Швајцарија, Италија и Бугарија.

Според Трпчески, на концертот ќе биде присутна програмата на руски автори, а тој ќе ја изведе рапсодијата од Сергеј Рахмањинов, дело со кое, како што вели, дефинитивно може да се покажат уметнички квалитети на еден пијанист. Инаку на 6 јануари Трпчески настапи во Санкт Петербург со филхармонијата од овој град, а наскоро го очекува деби во Виена каде ќе настапи како солист со Рускиот национален оркестар, по што следуваат настапи и во Амстердам и Брисел.
- Сигурна сум дека настанот ќе биде уште еден вистински триумф на музиката и уметникот кој едноставно, од жолта дамка прави сонце. Гостувањето на овој оркестар, кој е еден од најреномираните музички состави на сите времиња, препознатлив токму по својата префинета и суптилна интерпретација, и заедничкото музицирање со маестро Трпчески, се уште една потврда дека македонската култура ги збогатува трезорите на духовната и светската уметничка ризница, изјави вчера Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска.

Од здружението КултурОп, организатор на настанот, вчера напоменаа дека тековната 232 сезона на Бољшој театар е доказ за културно и музичко наследство кое го носи со себе.


Даниела ТРАЈКОВСКА
Фото: Ѕ. Плавевски

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 4133 пати
Просечна оцена од посетителите
 
Оцена:

Запиши
Коментар:

 

среда, 08 мај 2024
Моментно посетители: 123

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Черкезите, Македонија и нивниот прогон од неа
--------------------------------
 Федерација-од Јустинијановите “федерати” (Варвари)
--------------------------------
 Најславната песна за Палестина е од Македонец
--------------------------------
 Децимирање – казна десеткување заради малодушност
--------------------------------
 Преп. Григориј Синаит
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: