Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?






Вкупно гласови : 8855
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Новости > Дневни новости > Дневни случувања во Македонија
Туризам 365 дена во годината
Сподели на Facebook
Еко-туризмот и градење на препознатлив туристички имиџ на земјава е она на што треба да се фокусира работењето на туристичките експерти, смета Бесими.

Развојот на македонскиот еко-туризам зазема клучно место во годинашниве проекти на Министерството за економија. Централно место зазема проектот "Македонско село" кој е директно насочен не само кон развојот на еко-туризмот во земјава, туку и кон развој на руралните средини. Министерот за економија, Фатмир Бесими смета дека во земјава има можнот да се развива туризам 365 дена, поради што акцент ќе се стави на раздвижувањето на секторот за туризам.
- Развојот на туризмот е еден од моите приоритети од моментот кога дојдов на кормилото на Министерството за економија - нагласува Бесими.

Тој посетува дека во изминативе шест месеци направена е измена на законската регулатива, а формирана е и Агенција за промоција и поддршка на туризмот која ќе работи директно со стопанството за активно промовирање на туристичките можности. Бесими вели дека е изготвена и Национална стратегија за развој на туризмот за периодот од 2009-2013 година, која треба да стане основен патоказ за развој врз принципите на одржливост и развивање на нови алтернативни видови на туризам.
- Еко-туризмот и градење на препознатлив туристички имиџ на земјава е она на што треба да се фокусира работењето на туристичките експерти - смета Бесими.

Тој оценува дека во земјава има преспектива и за развој на транзитниот туризам, за кој во Македонија постои реален потенцијал за изградба на хотели, ресторани и придружни објекти по должината на коридорите 8 и 10.
- Паралелно со реализација на овие амбициозни проекти треба да се работи и на подигање на јавната свеста за значењето на туризмот во Македонија. Во таа насока би ја споменал реализираната кампања "Ја сакам Македонија" -вели Бесими.

Тој е задоволен како е реализиран и проектот за изработка на прв Национален туристички водич за Македонија. Годинава ќе се обрне внимание и на дирекната соработката со странските туроператори на кои ќе им овозможиме да ја доживеат Македонија како атрактивна туристичка дестинација.
- Земјава треба да обезбеди достојно место во светските каталози и туристички понуди. Под покровителство на Владата се изготвува видеоспот за природните и културните знаменитости што ќе бидат емитувани на најзначајните светски медиуми - нагласува Бесими.

Тој е задоволен што министерството има успешна соработка со "Тиквешки вински пат", како дел од развојот на винскиот туризам во земјава.
- Македонија има потенцијали за развивање на сите видови на туризам и со право е наречена земја на природата, лулка на културата. Годинава ќе се примени и помодерен пристап кон развојот на езерскиот туризам, а се планира да се модернизираат и зимските ски-центри Попова Шапка, Кожуф, Маврово и Крушево - додава министерот Бесими.

Валентина МАРЈАНОВИЌ

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 4223 пати
Просечна оцена од посетителите
 2 од 5
Оцена:




 
Запиши
Коментар:

 

четврток, 18 април 2024
Моментно посетители: 15

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Кошула за вардење од уроци
--------------------------------
 Хелените најголеми противници на Македонците
--------------------------------
 Обуката на македонската фаланга
--------------------------------
 Поход на Скитите кон Македонија и нивниот крај
--------------------------------
 Св. Ап. Сила, Силуан, Крискент, Епенет и Андроник
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: