Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?






Вкупно гласови : 8827
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Новости > Дневни новости > Дневни случувања во Македонија
Македонија ќе соработува со гигантот ИНТЕЛ
Сподели на Facebook

Владино road show во Силиконската долина во Сан Франциско

За водењето бизнис во некоја земја важно е да имате квалитетен кадар и можност за избор на кадри, кои ќе создаваат нови вредности - изјави премиерот Груевски, по потпишувањето на меморандумот со претставниците на Интел


Македонија ќе сооработува со американскиот гигант Интел. Премиерот Никола Груевски завчера во седиштето на компанијата со првите луѓе на Интел потпиша меморандум за соработка во образованието и за обука на македонски студенти.
- Големите мултинационални компании, особено оние од ИТ бизнисот, можат во иднина да сметаат на Македонија. За водењето бизнис во некоја земја не е важно само да имате ниски даноци и можност да регистрирате фирма во еден ден, туку и да имате квалитетен кадар и можност за избор на кадри, кои ќе можат да работат во тие фирми и да создаваат нови вредности - изјави по потпишувањето на меморандумот, премиерот Груевски.

Интел е еден од лидерите во ИТ секторот. Во компанијата се вработени околу 90.000 лица, а во 2007 е остварен обрт од над осум милијарди долари или речиси 45 проценти повеќе од 2006 година. Инвестициите на компанијата лани изнесувале шест милијарди долари. Покрај Интел владинаа делегација завчера ги посети и Оракл и Хјулит Паркад.

Македонската Влада во Сан Франциско ги информирала бизнисмените дека во изминатиот период многу е вложено во образованието на ИТ кадри. Биле презентирани детали во врска со зголемување на квотите на студенти по информатичка технологија, како и за отворањето на нов информатички универзитет, кој од октомври 2009 година ќе почне да работи само на англиски јазик.
- Очекуваме дека наскоро Оракл ќе донесе позитивна одлука да биде поприсутен во Македонија - изјави министерот за информатика, Иво Ивановски.

Заедно со владината делегација во Сан Франциско се и бизнисмени од Сојузот на стопански комори.

- Ова е убаво искуство и поука како да ги водиме нашите компании низ глобалното општетсво - изјави Игор Лештар, ССК
Според владини претставници, иднината на Македонија лежи во создавањето на високо образовани кадри од областа на информатиката. Затоа високата владина делегација ги бара своите стратешки партнери во срцето на информатичката технологија, во Силиконската долина, каде се сместени најголемите светски компании од ИТ секторот.

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 4028 пати
Просечна оцена од посетителите
 
Оцена:




 
Запиши
Коментар:

 

четврток, 28 март 2024
Моментно посетители: 37

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Античката “Теургија” и македонскиот фолклор – едно
--------------------------------
 Првото нуркачко ѕвоно на светот од Македонците
--------------------------------
 Черкезите, Македонија и нивниот прогон од неа
--------------------------------
 Музејот како поим потекнува од деветте музи
--------------------------------
 Држава, етимолошко поимање
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: